Фукционерите ќе си ја зголемат платата за 5 отсто, но за една година. Одложувањето е поради смирување на евентуални непожелни реакции од јавноста, коментираат упатените.
Се предлага пратениците да добијат за 5 отсто повисоки плати во декември 2013 година, што значи дека повеќе пари би земале во 2014 година, судејќи по предлог законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица. Одлагањето е политички маркетинг кој во крајна линија можеби се цели кон смирување на евентуални непожелни реакции од ваквата одлука, коментираат упатените.
Политикологот Здравко Савески вели дека ваквата одлука треба да се стави во контекст на претходното зголемување на платите кое пратениците си го изгласаа неодамна.
„Ако се има предвид дека претходно си ја зголемија платата, самата формулација на ситуацијата кажува дека тие сакаат добро да изрекламираат нешто што повторно ќе оди на штета на буџетот.“
Предложените 5 отсто зголемувања би важеле и за јавната администрација, што според опозицијата не е примерно во услови на сиромаштија. За време на дискусијата за предлог законот, од власта аргументираа дека станува збор за одлагање од една година. Сепак, имајќи ја предвид ситуацијата, такво нешто е недозволиво, вели Савески.
„Тоа е она што е фактичка ситуација, а сето тоа замрзнување е само за јавноста полесно да го прифати зголемувањето“, вели Савески.
Колку трошат луѓето за кои гласаме на парламентарни избори? Ако се земе предвид дека според податоци во медиумите од државниот ревизор, за 360 вработени во собранието биле исплатени 4 милиони евра, може да се претпостави дека просечната плата во законодавниот дом е 1.000 евра. Државниот ревизор во 2010 година излезе со податок дека пратениците потрошиле 890.000 евра само за бензин. Со вакви примања, избраниците се согласија дека на жител на земјава месечно му се потребни 8.050 денари, што е минимална плата во Македонија. Според статистика, просечната плата во земјава е над 21.000 денари, што е три пати помалку од неофицијалната проценка за примањата на пратениците.
Ако веќе се размислува за зголемување, зошто не се зголеми минималната плата, вели синдикалниот експерт Драге Јовановски.
„Немаат основ да донесат таков закон, поготово па да си предвидат дека тоа ќе биде во 2013 година“, вели Јовановски.
За потсетување, пратениците добија повисоки плати кон почетокот на годинава, во услови кога јавноста ја брануваа реакции по бришењето на лица од списокот на приматели на социјална помош.
Ако се има предвид дека претходно си ја зголемија платата, самата формулација на ситуацијата кажува дека тие сакаат добро да изрекламираат нешто што повторно ќе оди на штета на буџетот.Здравко Савески, универзитетски професор.
Политикологот Здравко Савески вели дека ваквата одлука треба да се стави во контекст на претходното зголемување на платите кое пратениците си го изгласаа неодамна.
„Ако се има предвид дека претходно си ја зголемија платата, самата формулација на ситуацијата кажува дека тие сакаат добро да изрекламираат нешто што повторно ќе оди на штета на буџетот.“
Предложените 5 отсто зголемувања би важеле и за јавната администрација, што според опозицијата не е примерно во услови на сиромаштија. За време на дискусијата за предлог законот, од власта аргументираа дека станува збор за одлагање од една година. Сепак, имајќи ја предвид ситуацијата, такво нешто е недозволиво, вели Савески.
Немаат основ да донесат таков закон, поготово па да си предвидат дека тоа ќе биде во 2013 година.Драге Јовановски, синдикален експерт.