Граѓанска одговорност или вовед во цензура?

Илустрација.

Пратениците со 53 гласа „за“ и 20 „против“ го изгласаа дополнителниот предлог-закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета.
Медиумите се мртви, да живее слободата на говорот на изразување. Вака пратеникот од Либералната партија Ивон Величковски го коментира законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда. Тој вели дека нема големи промени во предложеното законско решение, туку дека се најдени нови решенија за проблематичните членови, но без содржинска измена.
Овој закон практично е вовед во една тивка, мека цензура и сега автоцензурата само е преселена каскадно и се распределува меѓу новинарот, сопственикот и уредникот на медиумот
Ивон Величковски, Либерална партија.


„Овој закон практично е вовед во една тивка, мека цензура и сега автоцензурата само е преселена каскадно и се распределува меѓу новинарот, сопственикот и уредникот на медиумот. “

Уредувањето на електронските публикации сега е преселено кај уредникот без притоа да се дефинира што е електронска публикација, понатаму остануваа и високите казни до 27 илјади евра, но овој пат тие се каскадно поделени меѓу новинарот, уредникот и сопственикот на медиумот, а останува и судската забрана за објавување на некој новинарски текст ако тоа го побара оштетената страна, без притоа судот да одлучи дали има или нема дело.
Останува целата рамка која во себе не содржи механизам на заштита од злоупотреби од типот на малициозни тужби и користење на судовите и на тужбите како заплашување.
Филип Стојановски, фондација Метаморфозис.

Законот како што е поставен овозможува неуставни можност за злоупотреба и затоа сметавме дека целиот процес треба да се врати од почеток, вели Филип Стојановски од фондацијата Метаморфозис, кој е дел и од Фронтот за слободно изразување.

„Останува целата рамка која во себе не содржи механизам на заштита од злоупотреби од типот на малициозни тужби и користење на судовите и на тужбите како заплашување.“

Што се однесува за законот за странската информативна дејност, со кој се регулира работата на странските дописници во земјата, пратеникот Ивон Величковски, вели дека во овој закон се земени предвид решенијата што ги понудила опозицијата и дека овој закон не бил во фокусот на расправата.

Тој вели дека целокупниот сет законски решенија со кој требаше да се добијат подобри медиуми, а политичарите и институциите да бидат поодговорни, не води напред.

„Мислам дека и во следниот рок мора да се прават измени на ваквите законски решенија. Ние како партија остануваме на намерата да дојдеме до вистински потребни решенија, а не вкави донесени во чајт нот и во име на некоја сликовитост или начелно глумење на напредок во дијалог меѓу владата и новинарите.“

Пратениците претходно ја декриминализираа навредата и клеветата.