Партиски вработувања во Куманово

Опозиција од ВМРО-ДПМНЕ во Куманово обвинува дека локалната власт од СДСМ предизборно вработува луѓе во јавните претпријатија.
Нови вработувања се од круцијално значење за граѓаните на Куманово, кога се има предвид фактот дека бројот на невработените е двојно поголем од бројот на вработените. Меѓутоа, не може да се пренебрегне ниту фактот дека најатрактивните вработувања се со партиска книшка во локалната администрација или државните институции.
Тоа се вработувања во „Чистота и зеленило“, се работи за 69 вработувања кои што се една вообичаена процедура за СДСМ, пред избори. Градоначалникот, со неговите пулени поставени во јавните претпријатија, мисли дека ќе ги зацврсти позициите доколку на партиските војници им обезбеди нови вработувања. Има најава и за ЈП „Водовод“.
Бобан Николовски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во општина Куманово.

И покрај тоа, најголема сатисфакција за секој нововработен е доколку зад него стои долгогодишно чекање во Бирото за вработување, работа со договор на одредено време или, пак, вработување преку некоја агенција. Затоа и бројот на партиските војници се зголемува особено пред секои избори.

Бобан Николовски, советник во општина Куманово, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.


И локалната опозициона коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и власта на СДСМ се за нови вработувања, првенствено на нивните тркачи во кампањите. Но секогаш има реакции ако партиски вработува другиот. Најавените вработувања во локалните јавни претпријатија ги критикуваат од ВМРО-ДПМНЕ за што советникот Бобан Николовски обвинува:
Се работи за техничка операција, се вработуваат над 50 Роми, Албанци, Македонци и Срби кои работеле повеќе од 4,5 години како општи работници, кои се извршители на најтешките работи во претпријатието. Не се работи за никаква политика бидејќи немаме луѓе со политичка определба, туку луѓе за одржување на јавната хигиена.
Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово од СДСМ.

„Тоа се вработувања во „Чистота и зеленило“, се работи за 69 вработувања кои што се една вообичаена процедура за СДСМ, пред избори. Градоначалникот, со неговите пулени поставени во јавните претпријатија, мисли дека ќе ги зацврсти позициите доколку на партиските војници им обезбеди нови вработувања. Има најава и за ЈП „Водовод“.

Градоначалникот Зоран Дамјановски возвраќа дека ВМРО-ДПМНЕ треба да погледне во јавната администрација:

„Се работи за техничка операција, се вработуваат над 50 Роми, Албанци, Македонци и Срби кои работеле повеќе од 4,5 години како општи работници, кои се извршители на најтешките работи во претпријатието. Не се работи за никаква политика бидејќи немаме луѓе со политичка определба, туку луѓе за одржување на јавната хигиена.“

Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.


Николовски појаснува дека ВМРО-ДПМНЕ во Куманово не се против нови вработувања:

„Никако пред локални и пред парламентарни избори. За овие вработувања да бидат со ултиматум да гласаат за СДСМ и за градоначалникот и со списоци да бидат носени со автобуси на митинзите на СДСМ.“

РСЕ: Господине Дамјановски, сте знаеле дека ќе има реакции од локалната опозиција, зошто вработувањата се пред изборите?

„До локалните избори има уште шест месеци. Оваа процедура започна уште во март, правена е систематизација, доработка, тие работеа во Агенција за вработување. Тие ни се неопходни за тековната работа на „Чистота и зеленило“. Тоа се луѓе со минимални приходи, заменувавме луѓе бидејќи си заминуваа и затоа одлучивме да им дадеме трајни решенија. Никаква политичка позадина нема“, вели Дамјановски.

Николовски, пак, вели:

„ЈП се пребукирани од вработувања.“

РСЕ: Така е и во државната администрација!

„Не би се согласил дека е така бидејќи начинот на менаџирање што го практикува централната власт не ист како во локалната во Куманово. Во Општина Куманово приоритет е да се вдомат партиски војници на СДСМ бидејќи идат локални избори, на СДСМ му гори под нозе затоа што е во тотален хаос, тоа се гледа и во советничката група на СДСМ зашто не може да собере мнозинство.“

Дамјановски вели дека и во ЈП „Водовод“ имало една група нови вработувања, таму каде што има потреба од континуитет во одвивање на работниот процес.

Колку и да ги поддржуваат новите вработувања, кумановци кои не се дел од партиите, за свое мислење или за свој став не одат во партиските штабови не можат ниту да очекуваат дека ќе бидат вработени без оглед на нивниот квалитет или квалификација. За нив, како што велат, нема разлика во партиските бои.