Обама или Ромни? Одговорот кој ќе биде следниот претседател на Соединетите Држави ќе се знае најверојатно во раните утрински часови по европско време.
Стотици илјади луѓе кои живеат во областите кои беа најмногу погодени од Ураганот Сенди на источниот брег на САД чекаат ред пред изборините места да го дадат својот глас за новиот претседател.
Дописничката на Радио Слободна Европа Кортни Брукс која известува од едно од најоштетените училишта од ураганот во Стејтен Ајленд, Њујорк, јавува дека луѓе на студеното време чекаат во редици да го дадат својот глас на тоа избирачко место.
РСЕ јавува дека додека дел од луѓето чекаат, тие што веќе гласале ѝ помагаат на групата која ја расчистува околината на училиштето кое е сè уште е во хаос по ураганот.
Поради големиот број на привремено раселни лица кои по ураганот останаа без своите домови или со оштетени куќи, гувернерите на Њујорк и на Њу Џерси издадоа дозвола за тие луѓе да имаат право да гласаат во најбислката изборна единица од местото каде што се наоѓаат. Излезноста на источниот брег на САД досега е голема. Граѓаните од Вирџинија велат дека се охрабрени од тоа што имаат шанса да влијаат врз општествените промени.
„Јас сум многу охрабрен, мислам дека ова се големи избори, добро е се се види дека сите го користат своето граѓанско право на глас.“
„Мислам дека е важно за луѓето да чуствуваат дека имаат шанса, да се слушне нивниот глас, да почуствуваат дека иако н ивниот избраник не победил, тие сепак пробале да направат разлика.“
„Немам поим за кого луѓето гласат, но, сепак, тоа што луѓето се ангажираат на овие важни избори значи нешто, во овој важен момент и тука се од утринава да го дадат својот глас.“
Над 200 милиони граѓани на САД имаа право на глас. Главни кандидати на изборите за претседател се актуелниот шеф на државата и кандидат на демократите Барак Обама и републиканецот Мит Ромни. И двајцата, според последните анкети, се во скоро изедначена трка.
Обама во Чикаго изјави дека изборите сега се сведуваат на тоа кој од нив ќе добие повеќе поддршка од јавноста. Ромни, пак, одговарајќи на новинарско прашање дали гласачите секогаш носат правилни одлуки, изјави дека не може да гарантира дали тоа ќе биде сега случај, но и дека смета оти сепак тие ќе донесат правилна одлука.
Исходот од изборите би можело да биде познат веќе два часа по полноќ, по средноевропско време. Тогаш се очекуваат првите резултати од клучните држави: Охајо, Флорида и Вирџинија.
Дописничката на Радио Слободна Европа Кортни Брукс која известува од едно од најоштетените училишта од ураганот во Стејтен Ајленд, Њујорк, јавува дека луѓе на студеното време чекаат во редици да го дадат својот глас на тоа избирачко место.
РСЕ јавува дека додека дел од луѓето чекаат, тие што веќе гласале ѝ помагаат на групата која ја расчистува околината на училиштето кое е сè уште е во хаос по ураганот.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5