Достапни линкови

Ураганот Сенди и изборите во САД


Њу Џерси
Њу Џерси

Американскиот претседател Барак Обама и противкандидатот од Републиканската Партија Мит Ромни се очекува да ја интензивираат кампањата пред изборите на 6 овој месец. Обама во изминативе три дена беше фокусиран на справувањето со последиците од тропската бура Сенди, а за да не го одвлекува вниманието од тие напори кампањата ја прекина и Ромни.

За само пет дена Американците ќе бираат кој ќе биде нивен претседател во следните 4 години. Катастрофалните последици на бурата Сенди, која имаше уништувачки размери на американскиот атлански брег, го одвлече вниамнието од кампањата. Претседателот Барак Обама директно се вклучи во справувањето со последиците, а активностите околу кампањата ги прекина и противкандидатот од Републиканската партија Мит Ромни. Многумина се прашаа какво влијание ке има Ураганот Сенди врз избороте.

Јас не сум загрижен за влијанието врз изборите. Јас сум загрижен за влијанието врз семејствата и влијанието на нашите напори. За изборите не се грижам.
Барак Обама, претседател на САД.
„Јас не сум загрижен за влијанието врз изборите. Јас сум загрижен за влијанието врз семејствата и влијанието на нашите напори. За изборите не се грижам“, изјави американскиот претседател Барак Обама, чија репутација сепак доби на значење и по пофалбите од гувернерот на Њу Џерси Крис Кристи кој е припадник на противничката Републиканска партија.

Засега, сепак, истражувањата на јавното мислење укажуваат на тоа дека изборите на 6 ноември ќе бидат неизвесни. Исходот ќе зависи од гласањето во 10 те таканаречени неутрални држави како на пример Охајо каде што уште ни еден кандидат нема обезбедено мнозинство.

Во меѓувреме, напорите за нормализација на погодените подрачја на атланскиот брег на САД продолжуваат. Oколу 500 пациенти беа евакуирани од болница во Њујорк поради штетите од бурата Сенди во која настрадаа 70 жители на Соединетите Американски Држави. Станува збор за болничкиот центар Белевју во Менхетен каде се примаат итни случаи. Евакуацијата се организира откако вода навлегла во подрумот на зградата со што се попречила работата на генераторите кои ја снабдуваат болницата со струја.

Градоначалникот Мајкл Блумберг најави дека светски познатиот маратон ќе биде одржан во Њујорк како што било планирано и покрај тоа што градот беше опустошен од бурата Сенди.

„Луѓето ме прашуваа за маратонот. Илјадници луѓе дојдоа од цел свет за да се тркаат и ние решивме тој да се одржи, бидејќи очекуваме до недела да се врати можеби и целосно снабдувањето со електрична енергија.“

Блумберг изјави и дека многу мали бизниси во Њујорк зависат од приходите од учесниците на маратонот кои доаѓаат од цел свет.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG