Американските граѓани денеска избираат иден претседател меѓу актуелниот шеф на државата Барак Обама и републиканскиот предизвикувач Мит Ромни. И двајцата, според последните анкети, се во скоро изедначена трка. Но, мнозинството гласови на избирачите не решава и кој ќе биде победник.
Актуелниот претседател Барак Обама на денот на изборите влегува со поголеми шанси од неговиот ривал гувернерот Мит Ромни, бидејќи анкетите покажуваат дека има предност во државите кои, според електорскиот систем на гласање, се сметаат за клучни да се успее.
Имено, победник на изборите ќе биде кандидатот кој ќе освои најмалку 270 од 538-те електорски гласови, односно делегати кои гласачите ги избираат во сојузните држави. Најчесто тука станува збор за принципот: „победникот добива сè“.
„Овие електори се во ист број како и конгресните делагации на секоја држава: по двајца за Сенатот и содветен број членови во Претставничкиот дом во зависност од бројот на жителите во секоја држава“, вели Куртис Генс, професор по политички науки на Американскиот универзитет во Вашингтон.
И Обама и Ромни сметаат дека годинашните избори ќе бидат решени според тоа кој штаб ќе успее да ги извлече своите приврзаници на избиралиштата.
„Има околу седум или осум држави кои ќе ја решат оваа трка. Тие веќе подолго време се во центарот на американската политика: Охајо, Вирџинија, Колорадо и неколку други. Обама има две големи предности во овие држави. Една е демографијата. Хиспанските гласови кои одат за Обама ќе бидат решавачки во Колорадо и Невада. Другата предност е тоа што економијата во неопределните држави како Охајо, е подобрена отколку во останатиот дел на земјата“, вели Стивен Робертс, професор на Универзитетот Џорџ Вашингтон и политички аналитичар.
Тој потсетува и на тоа дека Обама од неколкумина проминентни републикански гувернери доби пофални зборови за справувањето со последиците од ураганот Сенди кој го погоди американскиот источен брег.
Американците денеска, покрај претседател, избираат и членови на Конгресот, односно сите 435 претставници во Претставничкиот дом и 33 од 100-те сенатори. Овие избори се значајни затоа што контролата врз Конгресот му овозможува на претседателот да ја спроведува неговата политика без поголеми опструкции од парламентот.
Моментално во Претставничкиот дом републиканците имаат 241 член, а демократите 191, додека во Сенатот демократите имаат 53 сенатори. Според сегашните анкети, републиканците ќе ја задржат контролата врз Претставничкиот дом, а демократите врз Сенатот.
Денеска исто така се избираат и 14 гувернери на сујузните држави и територии, како и претставници на други локални институции.
Исходот од изборите би можело да биде познат веќе два часа по полноќ, по средноевропско време. Тогаш се очекуваат првите резултати од клучните држави: Охајо, Флорида и Вирџинија, освен доколку разликата меѓу кандидатите не биде многу тесна, како што беше во 2000 година кога Џорџ Буш стана претседател, победувајќи го Ал Гор, но откако уште еднаш беа преброени гласовите во Флорида.
Како функционира електорскиот систем во САД
Таканаречениот Електорски колеџ е востановен со Уставот на Соединетите Држави во 1787 година како компромис меѓу избирањето претседател во Конгресот и она со директно гласање на граѓаните.
Електорскиот колеџ не е место, туку процес што го сочинуваат 538 електори. За да се влезе во Белата куќа потребно е кандидатот да освои 270 електори. Повеќето од државите имаат систем на победникот добива сè.
Имено, кандидатот што ќе добие мнозинство од гласовите на граѓаните ги добива и сите електорски гласови.
Мејн и Небраска имаат пропорционален систем и таму може да се случи електорските гласови да бидат поделени меѓу кандидатите.
Критичарите велат дека Електорскиот колеџ не ја исполнува оригиналната интенција, бидејќи кандидатот може да загуби во целата земја, но да стане претседател со победи во вистинската комбинација на држави.
Тоа се случи на контроверзните избори во 2000 година кога демократот Ал Гор доби мнозинство гласови, но републиканецот Џорџ Буш стана претседател.
Електорите се состануваат во нивните држави во декември и ги даваат нивните гласови за претседател и за потпретседател.
Ако ниту еден од кандидатите не добие 270 електорски гласови, изборот го прави Претставничкиот дом, каде што секоја држава има по еден глас. Тоа се случи во 1800 година со Томас Џеферсон и четири години потоа со Џон Адамс.
Најмногу електорски гласови има Калифорнија 55, по што следуваат Тексас со 38 и Њујорк и Флорида со по 29 гласови. Калифорнија и Њујорк традиционално гласаат за демократите, Тексас за републиканците, додека Флорида е држава каде што е сè можно. Во таквите неопределни држави спаѓаат и Охајо со 18, како и Вирџинија со 13 електорски гласови.
Има околу седум или осум држави кои ќе ја решат оваа трка. Тие веќе подолго време се во центарот на американската политика: Охајо, Вирџинија, Колорадо и неколку други. Обама има две големи предности во овие држави. Една е демографијата. Хиспанските гласови кои одат за Обама ќе бидат решавачки во Колорадо и Невада. Другата предност е тоа што економијата во неопределните држави како Охајо, е подобрена отколку во останатиот дел на земјата.Стивен Робертс, професор на Универзитетот Џорџ Вашингтон и политички аналитичар.
„Овие електори се во ист број како и конгресните делагации на секоја држава: по двајца за Сенатот и содветен број членови во Претставничкиот дом во зависност од бројот на жителите во секоја држава“, вели Куртис Генс, професор по политички науки на Американскиот универзитет во Вашингтон.
И Обама и Ромни сметаат дека годинашните избори ќе бидат решени според тоа кој штаб ќе успее да ги извлече своите приврзаници на избиралиштата.
Овие електори се во ист број како и конгресните делагации на секоја држава: по двајца за Сенатот и содветен број членови во Претставничкиот дом во зависност од бројот на жителите во секоја држава.Куртис Генс, професор по политички науки на Американскиот универзитет во Вашингтон.
„Има околу седум или осум држави кои ќе ја решат оваа трка. Тие веќе подолго време се во центарот на американската политика: Охајо, Вирџинија, Колорадо и неколку други. Обама има две големи предности во овие држави. Една е демографијата. Хиспанските гласови кои одат за Обама ќе бидат решавачки во Колорадо и Невада. Другата предност е тоа што економијата во неопределните држави како Охајо, е подобрена отколку во останатиот дел на земјата“, вели Стивен Робертс, професор на Универзитетот Џорџ Вашингтон и политички аналитичар.
Тој потсетува и на тоа дека Обама од неколкумина проминентни републикански гувернери доби пофални зборови за справувањето со последиците од ураганот Сенди кој го погоди американскиот источен брег.
Американците денеска, покрај претседател, избираат и членови на Конгресот, односно сите 435 претставници во Претставничкиот дом и 33 од 100-те сенатори. Овие избори се значајни затоа што контролата врз Конгресот му овозможува на претседателот да ја спроведува неговата политика без поголеми опструкции од парламентот.
Моментално во Претставничкиот дом републиканците имаат 241 член, а демократите 191, додека во Сенатот демократите имаат 53 сенатори. Според сегашните анкети, републиканците ќе ја задржат контролата врз Претставничкиот дом, а демократите врз Сенатот.
Денеска исто така се избираат и 14 гувернери на сујузните држави и територии, како и претставници на други локални институции.
Исходот од изборите би можело да биде познат веќе два часа по полноќ, по средноевропско време. Тогаш се очекуваат првите резултати од клучните држави: Охајо, Флорида и Вирџинија, освен доколку разликата меѓу кандидатите не биде многу тесна, како што беше во 2000 година кога Џорџ Буш стана претседател, победувајќи го Ал Гор, но откако уште еднаш беа преброени гласовите во Флорида.
Како функционира електорскиот систем во САД
Таканаречениот Електорски колеџ е востановен со Уставот на Соединетите Држави во 1787 година како компромис меѓу избирањето претседател во Конгресот и она со директно гласање на граѓаните.
Електорскиот колеџ не е место, туку процес што го сочинуваат 538 електори. За да се влезе во Белата куќа потребно е кандидатот да освои 270 електори. Повеќето од државите имаат систем на победникот добива сè.
Имено, кандидатот што ќе добие мнозинство од гласовите на граѓаните ги добива и сите електорски гласови.
Мејн и Небраска имаат пропорционален систем и таму може да се случи електорските гласови да бидат поделени меѓу кандидатите.
Критичарите велат дека Електорскиот колеџ не ја исполнува оригиналната интенција, бидејќи кандидатот може да загуби во целата земја, но да стане претседател со победи во вистинската комбинација на држави.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5