Во одговорот, Попоски начелно ја поздравува грчката иницијатива за, како што вели, решителното придвижување во разговорите за разликите околу името.
Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски одговори на грчкиот меморандум за разбирање што во октомври го испрати шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос.
Во одговорот, Попоски начелно ја поздравува грчката иницијатива за, како што вели, решителното придвижување во разговорите за разликите околу името. Имајќи ја предвид потребата од создавање урамнотежена и веродостојна рамка за ставовите на двете страни, Попоски во писмото предлага задачата да им ја доверат на претставниците во разговорите и медијаторот Метју Нимиц.
Во продолжение на писмото е наведено дека Македонија е решена целосно да ги исполни обврските преземени со Привремената спогодба, а Попоски очекува истото да го стори и Грција.
Попоски, одговарјќи на дел од барањата во грчкиот меморандум, истакнува дека неповредливоста на постоечките граници, почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет, возддржување од закана за употреба на сила, немешање во внатрешни работи на друга страна и унапредување на добрососедски односи се основни столбови дефинирани во уставот и во надворешната политика.
Попоски во писмото потсетува и на пресудата на Меѓународниот суд во Хаг и вели дека таа преставува заедничка придобивка која на непристрасен начин се осврнува на неколку аспекти кои се покренати во предложениот меморандума за разбирање.
Попоски се согласува со оценката дека Македонија и Грција ја имаат должноста за сесрдно да бидат ангажирани во долгогодишни разговори под покровителство на ОН и додава дека на овие разговори двете страни треба да им пријдат на контруктивен начин почитувајќи ги демократските вредности и човекови права согласно меѓународното право.
Во писмото, Попоски ја повторува поканата на премиерот Никола Груевски до грчкиот премиер Самарас за средба во кое било време и на кое било место.
Нашата цврста заложба е надминување на разликата околу името. Ова ќе биде придобивка за двете земји и за регионот во целина.
Тргнувајќи од оваа заедничка визија, ја поздравувам намерата, изразена во Вашето писмо, за решително придвижување во разговорите за разликата околу името. Имајќи го тоа предвид ја препознаваме потребата од создавање на урамнотежена и веродостојна рамка за придвижување напред, која ќе ги земе предвид ставовивте и на двете земји. Предлагам оваа задача да им ја довериме на нашите претставници во разговорите со посредство на г-дин Метју Нимиц.Никола Попоски, министер за надворешни работи.