Додека слушам како е купен или згаснат уште еден медиум, знам дека заличуваме на Северна Кореја во медиумскиот простор и слобода на медиумите. Кога ќе излезе Ставрески да каже за успешност на бизнис пред бизнисмените, знам дека се поделени тендерите за да молчат. И кога ќе каже се движиме во правилна насока, знам дека не чека рецесија, пишува претседателот на Социјалдемократската младина Дарко Давитковски во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.
Речиси да нема ден, а да не се запрашам во каква држава живееме и каква иднина сакаме да оставиме на идните поколенија. Долго време заглавивме во минатото. Копајќи во историјата, владата не донесе до дупка од која тешко се излегува. И ако оваа дупка досега беше кошот на кој поентираше Груевски, сега целата работа се изјалови и стигна сметката за копањето. Благодарејќи на копањето по македонштината го откопа национализмот, па се случија немили настани со Албанците во Македонија. Па стигна и подлабоко и успеа да не подели патриоти и предавници, па на верници и неверници, подобни и неподобни.
Жално е што сите ние, граѓаните на Македонија, бевме вовлечени во дупката и моравме да се докажуваме, да се бориме, да се класифицриме и поделиме. Најверојатно за некое време ќе биде ставен како случај на разгледување Премиерот и неговата политика под папка: Подели го својот народ и владеј, во 21 век.
Најстрашен е фактот што додека ние самите, пуштени да копаме по минатото, некој веќе си ја обезбеди иднината. Додека пуштаа ТВ спотови за кој е поголем Македонец, припадници на армијата во униформи им се поклонува на борците од УЧК. И одговорност нема, затоа што си изгласаа доверба на влада, верните другари за нивната иднина.
Додека со мачнина во стомак слушам како е изгласана одлука за уште еден споменик на некој јунак кој најверојатно се борел за туѓи идеали, знам дека уште неколку стотици илјади евра завршиле во нечии џебови. Додека слушам како е купен или згаснат уште еден медиум знам дека заличуваме на Северна Кореја во медиумскиот простор и слобода на медиумите. Кога ќе излезе Ставрески да каже за успешност на бизнис пред бизнисмените знам дека се поделени тендерите за да молчат. И кога ќе каже се движиме во правилна насока знам дека не чека рецесија.
Овие манипулатори на македонските граѓани се откриени, лажниот превез за македонштина е откриен. Македонскиот народ донесен до работ на амбисот на егзистенцијата го откри вистинското лице на оваа власт. Тие крадат за својата иднина.
Затоа граѓаните од цела Македонија пред една недела се собраа на плоштадот Македонија во Скопје, на најмасовниот митинг организиран од страна на целата опозиција предводена од СДСМ. Реки од луѓе се слеаја на плоштадот барајќи спас за својата иднина. И покрај сите притисоци и закани, македонскиот народ, бидејќи нема повеќе што да изгуби, реши гордо и достоинствено да го наполни плоштадот. Ниту лошите временски услови не можеа да сопрат повеќе од 70.000 граѓани на оваа држава да дојдат и да се спротивстават на овој режим на поделби, осиромашување и заплашување.
За прв пат по подолго време се почувствува победничкиот дух меѓу народот. Охрабрен, окуражен и овој пат подготвен да оди до крај. Во време кога се здружуваат и левица и десница и центар, јасно им е на сите дека повеќе нема да бидат оставени сами да се борат за подобро утре.
Со јасно испратени пораки до целата јавност и до владата, здружената опозиција повика на предвремени парламентарни заедно со локалните избори наредна година во март.
Гледајќи ја силата на народот и знаејќи ги анкетите кои укажуваат дека здружена опозицијата победува на следните избори, премиерот не издржа и го пушти кумашинот видно потресен да каже дека предвремени парламентерни нема да има. Стравот на фамилијата се наѕира во нивните очи, како никогаш досега збунети не можат да поверуваат дека и по толку удари повторно се подигна народот кој ќе ги победи на следните избори. Во таа битка на Давид и Голијат, тие од една страна со сите медиуми, полиција и власт, од друга страна ние со народот спремни да се бориме до крај, до подобра иднина за сите нас. Затоа народот на најголемиот митинг до сега во историјата на Македонија на власта и испрати јасна порака ЈА САКАМЕ НАШАТА ИДНИНАТА СЕГА!
Додека со мачнина во стомак слушам како е изгласана одлука за уште еден споменик на некој јунак кој најверојатно се борел за туѓи идеали, знам дека уште неколку стотици илјади евра завршиле во нечии џебови. Додека слушам како е купен или згаснат уште еден медиум знам дека заличуваме на Северна Кореја во медиумскиот простор и слобода на медиумите.
Жално е што сите ние, граѓаните на Македонија, бевме вовлечени во дупката и моравме да се докажуваме, да се бориме, да се класифицриме и поделиме. Најверојатно за некое време ќе биде ставен како случај на разгледување Премиерот и неговата политика под папка: Подели го својот народ и владеј, во 21 век.
Најстрашен е фактот што додека ние самите, пуштени да копаме по минатото, некој веќе си ја обезбеди иднината. Додека пуштаа ТВ спотови за кој е поголем Македонец, припадници на армијата во униформи им се поклонува на борците од УЧК. И одговорност нема, затоа што си изгласаа доверба на влада, верните другари за нивната иднина.
Додека со мачнина во стомак слушам како е изгласана одлука за уште еден споменик на некој јунак кој најверојатно се борел за туѓи идеали, знам дека уште неколку стотици илјади евра завршиле во нечии џебови. Додека слушам како е купен или згаснат уште еден медиум знам дека заличуваме на Северна Кореја во медиумскиот простор и слобода на медиумите. Кога ќе излезе Ставрески да каже за успешност на бизнис пред бизнисмените знам дека се поделени тендерите за да молчат. И кога ќе каже се движиме во правилна насока знам дека не чека рецесија.
Овие манипулатори на македонските граѓани се откриени, лажниот превез за македонштина е откриен. Македонскиот народ донесен до работ на амбисот на егзистенцијата го откри вистинското лице на оваа власт. Тие крадат за својата иднина.
Премиерот не издржа и го пушти кумашинот видно потресен да каже дека предвремени парламентерни нема да има. Стравот на фамилијата се наѕира во нивните очи, како никогаш до сега збунети неможат да поверуваат дека и по толку удари повторно се подигна народот кој ќе ги победи на следните избори.