Владејачката партија прогласи победа на парламентарни избори во Украина. Опозицијата тврди дека народот гласал за нив, а не за власта и страхува од фалсификат за време на броењето на гласовите.
Во Украина се пребројуваат гласовите од вчерашните парламентарни избори, но првичните сознанија укажуваат на победа на владејачката Партија на регионите на претседателот Виктор Јанукович со околу 36 насто. На второ место е партијата на затворената екс-премиерка Јулија Тимошенко со над 20 насто, а околу 15 насто освоиле Комунистичката партија и партијата на боксерскиот шампион Виталиј Кличко.
Украинскиот премиер и лидер на владејачката Партија на регионите, Микола Азаров изјави дека победата на неговата партија е очигледна.
„Апсолутно е очигледно дека Партијата на регионите е победник. Некои многу сакаа да загубиме, но нашата победа е извојувана во фер битка“, рече Азаров.
Од друга страна, Арсениј Јатсенјук, лидер на обединетата опозиција, во која е вклучена и партијата на екс-премиерката Јулија Тимошенко, оцени дека резултатите покажуваат оти гласачите ја поддржале опозицијата, а не власта.
„По соопштувањето на излезните резултати, апсолутно е јасно дека украинскиот народ ја поддржува опозицијата. Многу важно е сега, кога ќе се пребројуваат гласовите, да нема фалсификување на резултатите“, рече Јатсенјук.
Парламентарните избори во Украина се првиот поголем демократски тест за земјата откако иконата на Портокаловата револуција, Јулија Тимошенко загуби на претседателските избори во 2010-та година од актуелниот претседател Виктор Јанукович. Потоа, Тимошенко беше осудена и заврши во затвор. Ќерката на Тимошенко, Евгенија, откако гласаше во Киев, изјави:
„Не бев во можност да гласам заедно со моите родители, како што вообичаено правевме бидејќи мајка ми е незаконски осудена. Истоа така, таа не можеше да учествува во политичкиот процес иако беше главен опонент на Јанукович. Затоа, денеска гласав за слобода на мојата мајка, на сите политички затвореници, за враќање на демократијата.“
Голем број странски посматрачи ги следеа изборите во Украина, вклучувајќи и околу 800 набљудувачи од ОБСЕ, чии претставници за попладне најавија прес конференција на која ќе ги пренесат своите првични сознанија за текот на изборниот процес.

Апсолутно е јасно дека украинскиот народ ја поддржува опозицијата. Многу важно е сега, кога ќе се пребројуваат гласовите, да нема фалсификување на резултатите.Арсениј Јатсенјук, лидер на обединетата опозиција.