Може ли претседателот Виктор Јанукович да остане доминанта фигура во украинската политика? Какво е влијанието на опозицијата чиј лидер е во затвор? И колку светски познатиот боксер во тешка категорија Виталиј Кличко ќе ја потресе политичката сцена?
Ова се главните прашања на кои Укрианците ги чекаат одговорите со денешните парламентарни избори. Ова се први избори откако Јанукович дојде на власт во 2010 година.
ОБСЕ испрати 800 набљудувачи на терен во Украина да ги следат изборите, на кои 3,6 милиони гласачи денеска ќе ги изберат своите 450 претставници во Паралментот.
Меѓународната заедница досега го критикуваше Јанукович дека државата ја враќа во состојбата пред Портокаловата револуција во 2004 година и дека се обидува да воведе авторитарен систем на владеење сличен на оној на Владимир Путин.
Анкетите пред изборите укажуваат дека владејачката партија има 23 проценти поддршка, додека втора е партијата Удар на Кличко со 16 проценти поддршка и веднаш до неа со 15 проценти е Обединатата опозиција. Аналитичарите сметаат дека „Кличко факторот“ може да направи мали промени на политичката сцена и да се наметне како важен политички фактор затоа што целата своја кампања тој ја водеше во про-европски стил со главна задача – борба против корупцијата која во времето на Јанукович зазема се поголем замав во институциите.
Гласачите кои денеска излегоа на изборите велат дека не очекуваат многу големи промени, но се надеваат на нови сили. Пензионирана учителка вели дека не сака да победи ниту партијата на Јанукович, ниту на Тимошенко.
„Сакам да дојде нова сила, не знам колку Кличко може да го исполни тоа што го вети, но имам деца и внуци и сакам поинаков живот за нив. Работев 27 години како учителка и сега мојата пензија изнесува 98 евра, не сакам моите деца да живеат како мене.“
„Не очекувам ништо од овие избори, нема да се смени ништо ни за мене како граѓанин, ни во државата генерално“, вели една повозрасна жена одговарајќи на новинарска анкета.
„Сите се надеваме на подобро, работев цел живот и се развбира дека сакам сега подобра живот за мене и за моите деца, затоа се надевам дека како народ ќе избереме достојни претставници за почит во Парламентот“, додава анкетиран граѓанин.
Ова се први избори од 1994 година во кои не учествува директно Јулија Тимошенко. Нејзината ќерка на прес-конференција во четвртокот ги повика Украинците да ја искориста последната шанса за да ја земат власта во свои раце и да се ослободат од диктатурата.
„Доколку Јанукович преживее како политичар на овие избори благодарејќи на вашите гласови, тој ќе го комплетира создавањето на диктатурата и никогаш повеќе нема да се откаже од моќта по мирен и демократски пат.“
Од друга страна, партијата на Јанукович тврди дека вовела стабилност во државата и дека успела да ги заштити граѓаните од глобалната економска криза.
Во меѓувреме дел од граѓаните на социјалните мрежи ги продаваат своите гласови. Една од забелешките на ОБСЕ е дека група на млади луѓе ги продават своите гласови за 30 долари на популарната мрежа на руски јазик „Вконтакте“. Како доказ дека го исполниле ветеното на купувачот на глас, по гласањето продавачот испраќа фотографија со заокруженото име. На социјалната мрежа е формирана група „купување гласови за избори“ и во неа членуваат околу 50 луѓе. Казната за продавање на глас како кривично дело изнесува 2 години затвор.
Сакам да дојде нова сила, не знам колку Кличко може да го исполни тоа што го вети, но имам деца и внуци и сакам поинаков живот за нив. Работев 27 години како учителка и сега мојата пензија изнесува 98 евра, не сакам моите деца да живеат како мене.Анкетирана жителка на Украина.
Ова се главните прашања на кои Укрианците ги чекаат одговорите со денешните парламентарни избори. Ова се први избори откако Јанукович дојде на власт во 2010 година.
ОБСЕ испрати 800 набљудувачи на терен во Украина да ги следат изборите, на кои 3,6 милиони гласачи денеска ќе ги изберат своите 450 претставници во Паралментот.
Меѓународната заедница досега го критикуваше Јанукович дека државата ја враќа во состојбата пред Портокаловата револуција во 2004 година и дека се обидува да воведе авторитарен систем на владеење сличен на оној на Владимир Путин.
Сите се надеваме на подобро, работев цел живот и се развбира дека сакам сега подобра живот за мене и за моите деца, затоа се надевам дека како народ ќе избереме достојни претставници за почит во Парламентот.Анкетиран жител на Украина.