Струјата поскапува, партиите се препукуваат

Премиерот Никола Груевски го означи почетокот на работењето на новиот хидроенергетски капацитет ХЕЦ „Света Петка“ на 1 август 2012.

СДСМ обвинува дека струјата поскапува поради недостиг од нови инвестиции во енергетиката. За ВМРО-ДПМНЕ, продажбата на ЕСМ во времето на СДСМ е причина за поскапувањето.
Има многу разочарани и збунети граѓани од методот на купување и продавање на се што нуди македонскиот политички пазар. Доволно е да се сетат дека во момент кога струјата стана луксуз и е укината евтината дневна тарифа се оди условно толку далеку што викендов СДСМ ги евидентираше, според нив, партиските вработувања во ЕЛЕМ, а како главна причина за големиот процент на зголемување на струјата во изминатите седум години го посочи недостигот од нови инвестиции во овој сектор. Власта пак ја прозва опозицијата. За неа продажбата на ЕСМ во времето кога СДСМ беше на власт е причината за високата цена на електричната енергија. Еве како ова се толкува:
Тоа е политички маркетинг, сè се зборува дури не се седне во фотелја, потоа нешто се заборава, нешто се прави. А народот си страда, за народот никој не гледа, без разлика кој и партија да е на власт.
Анкетиран граѓанин.

„Тоа е политички маркетинг, сè се зборува дури не се седне во фотелја, потоа нешто се заборава, нешто се прави. А народот си страда, за народот никој не гледа, без разлика кој и партија да е на власт“, вели анкетиран граѓанин.

Протести во Скопје поради поскапувањата на струјата, парното и горивата.


Неодамна владата јавно се пожали дека нема никакво влијание во одредувањето на цената на енергенсите, но се обиде да ја утеши јавноста со тоа што објави дека за 10 проценти се намалува цената на огревното дрво.

Додека во светот се стимулира изградба на сончеви колектори, кај нас продолжува политиката на неподносливи цени поради кои се штеди на квалитетот на живот. Една од првите работи на кои укажуваат некои поупатени граѓани е дека се работи за тоа дека државата има
Постои едно златно правило- „Кокошка која несе златни јајца не се продава“. Не се продава се што има државата, во тоа може некој да вложи и да учествува со дел во капиталот, но не и да се крчми.
Анкетиран граѓанин.

манир да финансира продажба на големи капитални објекти, наместо да има увид врз истите што ќе и овозможи да биде самостојна.

„Постои едно златно правило- „Кокошка која несе златни јајца не се продава“. Не се продава се што има државата, во тоа може некој да вложи и да учествува со дел во капиталот, но не и да се крчми.“

Моменти кој отвораат слични прашања доаѓаат и со актуелните политики околу стратешките ресурси. Според размислувањата на граѓаните тешко разбирлив чекор кој владата треба да го избегнува е да ги дава хидроцентралите Чебрен и Галишта на странски инвеститори во доминантна сопственост, што според нив значи дека со нашите ресурси ќе управува некој друг.

„Странски инвестиции да требаат, меѓутоа тоа треба да биде јавно приватно партнерство, да ги изгради владата па да ги даде, меѓутоа кога гради владата тоа кошта многу поскапо. Треба да се изгради и да им се даде, но по добар договор, не по секоја цена да им се даде.“

Во меѓувреме луѓето панично реагираат на вестите од странските берзи од кои зависат цените на енергенсите. Исто така имаше бранови поскапувања во текот на годината. Со просечна заработувачка која е нешто повиска од 21 илјада денари тешко е да се подмират сите потреби на едно семејство, реагираат луѓето.

„Лошо е што ја укинаа дневната евтина тарифа за струјата, затоа што со тоа е погодена сиромаштијата, не се погодени оние двајца што работат, тие ќе си дојдат во четири од работа, тие имаат пари.“

„Десет члена сме дома, а не работи никој. Ова што го прават, со поскапувањето на струјата, со поскапувањето на најпотребните работи за домаќинството, граѓаните, а и јас самиот се чудам кој пат да го фатам.“