Младите бегаат од Крушево

Крушево.

Ако продолжи трендот на иселување, за една деценија ќе се иселат најголем дел од младите луѓе од Крушево, велат упатените.
Тоше Костадиноски има 23 години. Роден е во Крушево, но живее во Скопје. Таму ја наоѓа својата духовна и материјална реализација. Вели во родниот град веќе со години нема перспективи за младите. Па, неговите другари и пријатели или се во Скопје или заминале да работат и живеат претежно во прекуокеанските земји.
Никој млад, перспективен човек не може да успее, затоа што е многу тешко, на пример да формира свој бизнис.
Тоше Костадиноски, млад човек од Крушево.

„Затоа што никој млад, перспективен човек не може да успее, затоа што е многу тешко, на пример да формира свој бизнис, знаеме како функционира сè кај нас, рекетари, и пред сè млад човек не може да подлегне на тие притисоци“, истакнува Костадиноски.

Тоше Костадиноски, млад човек од Крушево.


Неговите сограѓани забележуваат дека не само младите, туку цели семејства веќе го напуштаат градот и заминуваат во странство. Стопанското сивило и невработеноста која владее во градот две децении, велат, се причини за овие големи демографски промени.

„Од кога згасна Југославија, од тогаш се затворија сите фабрики, погони што постојат.“
Да се отворат нови работни места, да дојде некој инвеститор, а не го сакаме Крушево само за два дена за викенд.
Анкетиран граѓанин на Крушево.

„Тешко, тешко и кој да дојде и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ исто.“

„Градоначалниците што никогаш не обрнаа внимание на овој град, на таа популација овде што е останата не знае каде да го бара излезот, многу тешко.“

Крушево.


„Да се отворат фабрики, да се отворат нови работни места, да дојдат некој инвеститор да донесат, а не го сакаме Крушево само за два дена за викенд“, велат крушевчани, дел револтирани, а дел резигнирани зашто се чувствуваат немоќни пред оваа демографска промена.

Градоначалникот Василчо Дамчески тврди дека Општината ги преземе сите мерки за да го стопира овој процес на иселување.
Не само што имаме емиграција на луѓето од село в град, туку имаме и миграција од самото Крушево.
Василчо Дамчески, градоначалник на Крушево.

„Општина Крушево со правење на квалитетна инфраструктура по населените места, мислам дека придонесува да го спречи иселувањето на луѓето. Не само што имаме емиграција на луѓето од село в град, туку имаме и миграција од самото Крушево“, вели градоначалникот Дамчески.

Но, според сите анализи на Институтот за социолошки и политичко правни работи во Скопје, за да се спречи оваа појава неопходно е државата што поскоро да донесе Стратегија, систем на мерки со кои ќе се развиваат градовите и ќе се создава доволно силен мотив за младата популација, своја перспектива да гледа во родното место.

„Треба да се направи стратегија и за вработување и треба стратегија и за намалување на миграционите движења. Тие од една страна имаат позитивна конотација, значи не смееш тие луѓе да ги спречиш, тоа е човеково право, да бара подобро решение. Меѓутоа мора да се најде решение да ги задржиме онаму каде што се родени, би требало да се инвестира во инфраструктурата“, вели Јорде Јакимовски, директор на Институтот.

Во Крушево живеат 6000 жители. Ако и натаму не се преземат мерки да се стопира овој тренд на иселување, сметаат добро упатените, за една деценија најголем број млади луѓе ќе се иселат од ова мало гратче.