Граѓанските движења - мета на политичките партии

Протести во Скопје во организација на АМАН.

Хелсиншкиот Комитет во Кварталниот извештај наведува дека граѓанските движења се мета на политичко етикетирање, а приватноста на граѓаните кои протестираат - мета на одредени медиуми.
Една од работите на кои укажува Хелсиншкиот Комитет во кварталниот извештај е дека граѓанските движења се мета на политичките партии кои ја искористуваат својата моќ да ги пригушат или присвојат граѓаните кои се незадоволни од условите во кои живеат. Согледувањето на организацијата е дека во однос на иницијативата на „АМАН“ и други граѓански движења, притисоците започнале со политичко етикетирање на некои од граѓаните кои протестираа и оти нивната приватност станала мета на одредени медиуми.
Владата не може да бега од состојбите, може во еден одреден период нешто да се скрие, меѓутоа фактите се тие, во секој случај граѓанскиот сектор, мислам дека ќе има се поголема улога. Она што е насока и на меѓународните институции е да се поддржува невладиниот сектор и тој да допринесе во развојот на Република Македонија.
Маргарита Цаца Николовска, член на управниот одбор на Хелсиншки комитет за човекови права.

Со едни такви забелешки се открива важноста на улогата на граѓанскиот сектор и потребата да се подржува, зашто тој го балансира општеството, вели Маргарита Цаца Николовска која е член на управниот одбор на Хелсиншки. Се повеќе е важно дека проблемите се презентираат на начин на кој невладиниот сектор ги гледа,бидејќи тоа е она што доведува до развој на демократијата и на она што значи презентирање на едно друго видување, вели Николовска.

Протест на лекарите во Клиничкиот центар во Скопје.


„Владата не може да бега од состојбите, може во еден одреден период нешто да се скрие, меѓутоа фактите се тие, во секој случај граѓанскиот сектор, мислам дека ќе има се поголема улога. Она што е насока и на меѓународните институции е да се поддржува невладиниот сектор и тој да допринесе во развојот на Република Македонија.“
Граѓаните реагираат, како што е случајот со електричната енергија, потоа со штрајковите, не се во духот на демократските процеси и главно се работи за истите проблеми и сето тоа се одразува на функционалноста на државата и владеењето на правото.
Осман Кадриу, универзитетски рпофесор.

Во извештајот, од Хелсиншки наведуваат дека во фокусот остануваат и лустрацијата, полицијата и судството како и во претходните извештаи. Извештајот обрнува внимание и на фактот дека Уставниот суд не го заштити правото на штрајк на здравствените работници. Како области за кои и понатаму постои загриженост редовно се споменува судството.

„Долго време не може да се избере претседател на Врховен суд. Ние имаме состојба каде судии на Врховен суд не можат да се изберат, не се избрани осум судии. Како сакаме судството да функционира ако имаме такви проблеми во највисоката судска инстанца“, коментира Николовска, која е и претседател на Институтот за човекови права и поранешен и сегашен судија.

Хелсиншки исто така редовно ја опишува лустрацијата како процес кој стапи на сила, иако за истиот нема уставна оправданост. Презентирајќи го извештајот во делот на Судството од организацијата наведуваат примери на граѓани кои се жалеле дека управниот суд не носи одлуки против органите на управата.

Оваа година е забележано дека прописите кои ги донесе рагулаторната комисија за енергетика преку кои беше зголемена цената на електричната и топлинската енергија и укината дневната евтина тарифа, во најголем дел се донесени во многу краток период, поради што се јавува сомнеж дали биле запазени сите законски одредби кои се однесуваат на заштита од монополи. Поради ова Комитетот до Комисијата испратил забелешки но до денот на затворањето на извештајот не добил одговор.

„Граѓаните реагираат, како што е случајот со електричната енергија, потоа со штрајковите, не се во духот на демократските процеси и главно се работи за истите проблеми и сето тоа се одразува на функционалноста на државата и владеењето на правото“, вели аналитичарот Осман Кадриу.

Хелсиншки забележува дека има зголемување на надлежностите и овластувања на полицијата наспроти правата и слободите на граѓаните.