Невработеноста останува сериозен проблем

ЕК во извештајот за напредокот на Македонија, констатира дека невработеноста останува голем проблем. Бројките покажуваат дека Македонија е лидер во Европа по невработеност на младите луѓе.
Невработеноста повторно се најде како една од главните забелешки во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија. За вицепремиерот Владимир Пешевски поволно е тоа што нема раст на невработеноста во услови кога развиените европски земји се во криза.
Владата постојано повторува: Во иднина ќе се... Во иднина ќе се отвори фабрика, дека во иднина ќе се реализира некој проект или дека во иднина ќе дојде некој од надвор и ќе донесе пари, меѓутоа за жал се останува на зборчето ќе.
Драге Јовановски, синдикален експерт.

„Ние со Европската инвестициона банка, сите оние реформи за подобрување на бизнис климата, мислам дека на ова поле се движиме во една добра насока.“

Марјанчо Николов од опозициската СДСМ, вели дека станува збор за сериозна забелешка и во поглед на евроинтеграциите, но и во егзистенцијален поглед.

Како да најдам работа? Брошура на Агенцијата за вработување.


„Ние сме сведоци дека владата постојано на медиумите, преку рекламни спотови, не убедува дека се прави нешто, се преземаат мерки, но невработеноста во Република Македонија не се намалува.“

Синдикалниот експерт Драге Јовановски смета дека власта манипулира со податоците за невработеност.
Работодавачите свесно ги дискриминираат младите, поради тоа што самиот пазар на труд е многу слаб и имаат премногу избор, така да младите кои се без искуство, само што излегле од факултет или од средно, тешко наоѓаат работа.
Неда Коруновска, организација „Реактор“.

„Податоците што ги доставува владата се нереални, односно надлежните органи кои го водат тоа, тргнувајќи од статистика преку Агенција за вработување.“

Се поставува прашањето дали владата создава поволни услови за стопанството да се развива и да вработува? Јовановски одговара:

„Владата постојано повторува: Во иднина ќе се... Во иднина ќе се отвори фабрика, дека во иднина ќе се реализира некој проект или дека во иднина ќе дојде некој од надвор и ќе донесе пари, меѓутоа за жал се останува на зборчето ќе.“

Според проценките на Меѓународната организација за труд, највисоката стапка на невработеност е меѓу младите. Проблемот е во тоа што има дискриминација на младите на пазарот на труд, вели Неда Коруновска од невладината организација „Реактор“.

„Работодавачите свесно ги дискриминираат младите, поради тоа што самиот пазар на труд е многу слаб и имаат премногу избор, така што младите кои се без искуство, само што излегле од факултет или од средно, тешко наоѓаат работа.“

Невработеноста е штетна за способностите на младите, вели Коруновска.

„Понатаму, според нас, многу е слаба врската меѓу образованието и бизнис секторот или јавната администрација, односно скоро и да не постои. Она што би требало да биде природне линк, од образование на пазар на труд, во Македонија не постои“.

Бројките покажуваат дека Македонија е лидер во Европа по невработеност на младите луѓе.