Училиштето во Дупјачани - жртва на меѓуетнички недоразбирања

Ученици од основното училиште „Пере Тошев“ од село Дупјачани.

Училиштето во долненското село Дупјачани се распаѓа. Родителите го обвинуваат директорот и градоначалникот кои се Албанци дека вршат дискриминација на децата Македонци и затоа не инвестираат во училиштето.
Родителите на шеесет и пет ученици од долненското село Дупјачани бараат итно да се преземат мерки за санација на објектот каде што е сместено основното училиште „Пере Тошев“, зашто учат во крајно лоши услови, училиштето се распаѓа.
Состојбата е алармантна, училиштето ни се распаѓа. Никој ништо досега не презел,училниците се веќе во распаѓање, малтерот паѓа, пред очите на децата падна салата, нечистотија, нехигиена, како и училиштето во Небрегово и во село Дреновци.
Кире Црвенкоски, родител.

„Состојбата е алармантна, училиштето ни се распаѓа. Никој ништо досега не презел,училниците се веќе во распаѓање, малтерот паѓа, пред очите на децата падна салата, нечистотија, нехигиена, како и училиштето во Небрегово и во село Дреновци. Општината воопшто не се залага за овој крај, за овие македонски училишта и мора ние нешто да преземе сами“, реагира Кире Црвенкоски, еден од родителите.

Руинираната спортска сала во училиштето.


Незадоволни од условите за работа се и професорите.

„Салата е подолго време хаварисана, 20 години не беше таа во функција, лани со тоа невремето се случи да пропадне и да падне, условите се тие, ќе се трудиме според условите да се потрудиме и да ги реализираме програмите“,вели Горан Митрески професор по физичко воспитување.
Салата е подолго време хаварисана, 20 години не беше таа во функција, лани со тоа невремето се случи да пропадне и да падне, условите се тие, ќе се трудиме според условите да се потрудиме и да ги реализираме програмите.
Горан Митрески професор по физичко воспитување.

Но, родителите реагирале организирано до директорот, уште на крајот на школската година во јуни.

„Побаравме од него да се поправи нешто, ќе видиме рече во можностите, видовме дека ништо не прави. Му доставивме писмено барање, прво не сакаше да го прими, отидовме во Десово, лично кај него во канцеларијата, го прими некако, рече ќе го доставам до Општината, мене рече ова не ми е битно. До каде сакаш доставувај го, до први септември да направите нешто. Бидејќи од први септември не ги пуштаме децата на училиште“, ги објаснува Миле Стаменкоски, активностите што ги презеле родителите досега.

Тие го обвинуваат директорот и Општината дека вршат дискриминација на децата Македонци од неколку села во Долненско.

„Деведесет отсто е сигурно дека е на национална база, ако прашате зошто. Отидете во училиштето во Десово од училиште од коешто беше со 3 училници коишто се распаѓаа, сега е направено врвно училиште. А, овде ние неколку села што сме Македонци, не не смета никој за жив“, додава Стаменкоски.

Директорот на училиштето Афедин Афмедоски со демант.

„Ако некој сака така предзнак да каже, тоа не е точно, бидејќи јас како директор еве Албанец, и овој градоначалник како градоначалник Албанец, направија напори и во Дреновци направивме неколку чекори. За разлика од понапред кога директорите беа Македонци, сите градоначалници беа Македонци, во последните 50 години ништо не е инвестирано во Небрегово и Дреновци“, вели директорот Афмедоски.

Тој додава дека во рамките на можностите ќе се преземат мерки за санирање на проблемите во училиштето во Дупјачани, но постапно.

Родителите велат дека добиле ветување од Републичката просветна инспекција за санација на објектот, што поскоро. Доколку ветувањата не се остварат, родителите се децидни, дека нивните деца ќе ја бојкотираат наставата.