Политичката атмосфера во Битола наликува како локалните избори да се спремаат за утре, а не за после пет месеци.
Политичката атмосфера во Битола наликува како локалните избори да се спремаат за утре, а не за после пет месеци. Митинзи, препукувања, обвинувања, бесплатни автобуси, партиски прес-конференции со реакции и деманти дури по пет на ден.
Опозицијата ја обвинува власта за криминал и најавува ревизија врз работата на градоначалникот Владимир Талески.
„Не чека тешка политичка пресметка, актуелното локално раководство во Битола има од што да се плаши. Првата работа што ќе ја направам како градоначалник ќе биде целосна ревизија на работењето на Талески и екипата. Граѓаните имаат право да знаат каде отидоа нивните пари“, рече Менде Диневски, кандидат за градоначалник на Битола од СДСМ.
„До каде е топлификацијата на Битола? Каде е новата битолска топлара? Ги нема. Ја нема ниту ветената пруга Битола–Лерин. Каде е карго аеродромот во Логоварди? Добро знаете каде се, во нивните џебови, на нивните тајни сметки“, обвини Васко Ковачевски од СДСМ.
Од власта обвинуваат за афери од минатото како лошата приватизација, ТАТ, долговите во здравството и друго.
„Сме пред еден споменик на транзицијата, напуштен, разурнат. Едно време овде работеа луѓе и ги ранеа своите семејства. Се викаше „Иднина“, а сега има заклучена врата и катанец и сè уште сведочи за времето на нечие владеење. Почитувани од СДСМ, зарем ова е иднината што ја нудите?“, вели Благој Шаклевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Битолчани го паметат времето кога немаше лекови, лифтовите во болницата не работеа, пациентите се смрзнуваа, а долговите растеа и се мереа во милиони“, вели Зоран Илиоски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.
„За оние кои доаѓаат од страна и не знаат што е тоа индустриска зона Жабени, ќе практикуваме бесплатен превоз до зоната, да видат дали според кажувањата на СДСМ таму сè уште постојат сончогледови полиња“, вели градоначалникот Владимир Талески.
Опозицискиот СДСМ веќе го промовираше пратеникот Менде Диневски како свој кандидат за градоначалничко место, а владејачката ВМРО-ДПМНЕ сè уште го чува во тајност лицето со кое ќе ја трча локалната изборна трка.
Не чека тешка политичка пресметка, актуелното локално раководство во Битола има од што да се плаши. Првата работа што ќе ја направам како градоначалник ќе биде целосна ревизија на работењето на Талески и екипата. Граѓаните имаат право да знаат каде отидоа нивните пари.Менде Диневски, кандидат за градоначалник на Битола од СДСМ.
Опозицијата ја обвинува власта за криминал и најавува ревизија врз работата на градоначалникот Владимир Талески.
„Не чека тешка политичка пресметка, актуелното локално раководство во Битола има од што да се плаши. Првата работа што ќе ја направам како градоначалник ќе биде целосна ревизија на работењето на Талески и екипата. Граѓаните имаат право да знаат каде отидоа нивните пари“, рече Менде Диневски, кандидат за градоначалник на Битола од СДСМ.
„До каде е топлификацијата на Битола? Каде е новата битолска топлара? Ги нема. Ја нема ниту ветената пруга Битола–Лерин. Каде е карго аеродромот во Логоварди? Добро знаете каде се, во нивните џебови, на нивните тајни сметки“, обвини Васко Ковачевски од СДСМ.
Битолчани го паметат времето кога немаше лекови, лифтовите во болницата не работеа, пациентите се смрзнуваа, а долговите растеа и се мереа во милиони.Зоран Илиоски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.