Уникатниот спој на слевање на неколку стилови на германскиот артист Касем Мосе, мрачниот повеќеслоен електронски ритам на неговите сонародници од проектот „Анстам“ и инсталацијата на словенечката уметница Саша Спачал, ќе го обележат четвртото издание на фестивалот за електронска музика и медиумска уметност „Десонанз“ што од 3 до 6 октомври годинава се одржува во Скопје. Организатори на манифестацијата чија цел е промоција и стимулирање на современото творештво се „Гете институт“ и Н.О „Домино“.
„Десонанз фестивал 2012“ ќе започне со мултимедиумската инсталација „7к: њу лајф форм“ на словенската уметница Саша Спачал. Станува збор за истражување кое открива еден уникатен техно-екосистем, населен со растителни и микроскопски организми и кое сем во Словенија беше прикажано и на Биеналето за уметност, наука и технологија во Чешка и на турскиот „АберФест 11Ч Нова екологија“. Оваа интерактивната инсталација ќе биде прикажана во Кинотеката на Македонија, а по неа ќе настапи Саше Пуцковски со својот соло-аудиовизуелен проект „Ноиту“.
Втората фестивалска вечер најнапред ќе го понуди проектот „Сирени“ чија главна идеја е развивање на перформансот како спротивно движење на економските кризи. Според авторите, артистите Нови Сад(всушност Танасис Капрулиас од Атина, соседна Грција) и Ријоичи Курокава(Јапонецот кој живее и работи во Берлин), „колку повеќе крахира економијата, толку повеќе, секој дел од музиката и визуелизацијата, станува погуст и побогат“.
Аудиовизуелната постановка е планирано да се одржи во Македонскиот народен театар, а по неа ќе настапи македонскиот електронски артист Гоце Глигуровски кој настапува под псевдонимот Мнемоник 45.
На 5 и на 6 октомври, случувањата на „Десонанз“ ќе се одвиваат во скопскиот клуб „Хавана“ за каде е планирано да настапат неколкумина германски електронски творци и исто толку домашни диџеи. Од листата најзвучни се имињата на Гунар Вендел, алјиас Касем Мосе, кој потекнува од Лајпциг и е познат по миксот на различни електронски стилови(од електро и дипхаус до техно) и проектот „Анстам“ зад кој стојат браќата Штеве со своите мрачни, повеќеслојни електронски ритми.
Пред овдешните вљубеници во електронската музика ќе се претстават и домашните состави „Херцел и Геновева“ препознатливи по фузијата на современите трендови, „01 плант“ - концептуалниот музички проект составен од тројца искусни музичари од Куманово – Александар Златковски, Даниел Ѓуревски и Иван Јовановиќ, како и диџеите Мартчин и Хаде.
На последниот фестивалски ден во Кинотеката на Македонија ќе се одржи предавањето „Берлин - меѓу дрвени шупи и стартап-раскош“, а ќе „свири“ и Германецот Саша Кеш, алијас диџеј Блид.
„Фестивалот е веќе етаблиран во смисла на настапи во живо, диџеј сетови, аудио-визуелни перформанси, предавања, како и мултимедијални инсталации од Европа, па можеме да кажеме и од светот. Со една реченица ги претставуваме модерните тенденции од областа на современата култура и електронската музика“, истакнува Бојан Станишиќ, еден од организаторите на случувањата и претставник на невладината „Домино“.
Станишиќ дополнува дека наспроти таквиот позитивен след на настаните, сепак допрва треба да се почувствува влијанието на фестивалот врз создавање на подобри услови за овој вид на артистичко творештво и изразување.
„Ние сè уште сме на почеток, но се надеваме и тоа ни беше целта кога почнувавме со „Десонанз“, дека успеваме ги анимираме посебно младите луѓе да размислуваат и да се заинтересираат за оваа култура. Независно дали станува збор за диџејство, за аудио-визуелни перформанси или било што друго. Сакаме да веруваме дека влијаеме како фестивал и како групација“, вели Станишиќ.
Фестивалот е веќе етаблиран во смисла на настапи во живо, диџеј сетови, аудио-визуелни перформанси, предавања, како и мултимедијални инсталации од Европа, па можеме да кажеме и од светот. Со една реченица ги претставуваме модерните тенденции од областа на современата култура и електронската музика.Бојан Станишиќ, организатор на фестивалот.
Втората фестивалска вечер најнапред ќе го понуди проектот „Сирени“ чија главна идеја е развивање на перформансот како спротивно движење на економските кризи. Според авторите, артистите Нови Сад(всушност Танасис Капрулиас од Атина, соседна Грција) и Ријоичи Курокава(Јапонецот кој живее и работи во Берлин), „колку повеќе крахира економијата, толку повеќе, секој дел од музиката и визуелизацијата, станува погуст и побогат“.
Аудиовизуелната постановка е планирано да се одржи во Македонскиот народен театар, а по неа ќе настапи македонскиот електронски артист Гоце Глигуровски кој настапува под псевдонимот Мнемоник 45.
Ние сè уште сме на почеток, но се надеваме и тоа ни беше целта кога почнувавме со „Десонанз“, дека успеваме ги анимираме посебно младите луѓе да размислуваат и да се заинтересираат за оваа култура. Независно дали станува збор за диџејство, за аудио-визуелни перформанси или било што друго. Сакаме да веруваме дека влијаеме како фестивал и како групација.Бојан Станишиќ, организатор на фестивалот.