Неамбициозни планови за реформи во јавната администрација

Илустрација.

Во Оперативниот патоказ од Пристапниот дијалог со ЕУ, мерките за надминување на проблемите во јавната администрација се неамбициозни и технички.
Во Оперативниот патоказ кој е дел од Пристапниот дијалог на високо ниво кој го води Македонија со ЕУ несоодветно се адресираат вистинските проблеми во јавната администрација и тие се неамбициозни и технички, при што нивното исполнување нема да значи напредок во областа, велат упатените.
И сега на така дијагностицирана ситуација во делот на реформата на јавната администрација, односно тешко одвојување на партијата од државата, вие имате патоказ каде во делот на управување со човечки ресурси предвидува 5-6 мерки кои се базираат на следното: владата има намера во 2012 да се занимава со донесување на закон за администрација. Владата таа одговара на проблемот на партизираната, прекубројна, неефикасна јавна администрација.
Фани Каранфилова Пановска, Фондацијата Отворено општество.

Фани Каранфилова Пановска од Фондацијата Отворено општество вели дека во патоказот нема ни конкретни мерки за решавање на најголемите проблеми како партиското влијание и нејасните критериуми при вработување во јавната администрација, кои беа нотирани во извештајот на ЕУ за напредокот на Македонија.

„И сега, на така дијагностицирана ситуација во делот на реформата на јавната администрација, односно тешко одвојување на партијата од државата, вие имате патоказ каде во делот на управување со човечки ресурси предвидува 5-6 мерки кои се базираат на следното: владата има намера во 2012 да се занимава со донесување на закон за администрација. Владата таа одговара на проблемот на партизираната, прекубројна, неефикасна јавна администрација. Европската комисија вели, да така ќе покажеме дека има напредок, па вие судете дали ќе има напредок.“

Професор Темелко Ристевски вели дека не е проблем усвојувањето на нов Закон за администрација, туку во неговото спроведување.
Во администрацијата треба да останат оние кои се стручни, оние кои се квалитетни, а не личности примени пред се по политичка линија, и заради припадност или блискост со оваа или онаа политичка партија.
Темелко Ристевски, универзитетски професор.

„Не е работата во донесување на закони вакви или онакви. Модернизирањето на нормативната регулатива која ќе се донесе треба да се почитува, законите да се спроведуваат, да се елиминира влијанието на политичките фактори, на политиката во администрацијата.“

Каранфилова Пановска вели дека не е реално и новото пребројување кое покажува дека во Македонија има 25 илјади членови на јавната администрација.

„Се правдаат со тоа дека со интервенциите на Уставниот суд и укинувањето на дел од одредбите во Законот на јавни службеници, некои категории од јавните институции кои се под локална надлежност, отпаѓаат и не треба да видат пребројани, пришто на сите ни е јасно дека тоа не е така.“

Според Ристевски, треба да постои политичка волја за да се растовари администрацијата.

„Во администрацијата треба да останат оние кои се стручни, оние кои се квалитетни, а не личности примени пред се по политичка линија, и заради припадност или блискост со оваа или онаа политичка партија.“

Според експертите, владата не дава и доволно пари за регионалниот развој, за кој според законот треба да издвојува еден насто од БДП, а проблем е и одложувањето на Законот за општа управна постапка.