Лекарите од Клинички протестираа половина час

Протест на лекарите во Клиничкиот центар во Скопје.

Лекари од Клиничкиот центар во Скопје одржаа получасовен протест поради новиот модел за пресметување на платите. За утре е најавено продолжување на преговорите на синдикалните претставици со министерот за здравство Никола Тодоров.
Ако се воведе принципот на конкурентност меѓу лекарите, секој ќе тера бројки и нема да се внимава на квалитетот на услугата, реагираат докторите од Клиничкиот центар кој одржаа предупредувачки протест за време на получасовната пауза.
На секоја клиника, во секоја амбуланта, во секоја операциона сала има оставено дежурен доктор, кој ќе внимава на тој дел и ќе се погрижи за сите пациенти за кои во овие половина час ќе има потреба.
Од генерален штрајк секако не се откажуваме, повторно сме во правна процедура за тоа, доколку не се постигне договор со Министерството за здравство.
Дејан Ставриќ, претседател на Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар.

Дел од пациентите го подржуваат протестот на медицинските работници.

„Јас сум пациент, дваесет и кусур години сум дијабетичар и јас не би се чувствувала пријатно некој да ме брои како предмет. Јас не сум кутија, па денеска да кажат избројавме 50 кутии, утре 60 и ќе ги наградиме оние кои избориле најмногу кутии.“

​Судот во Скопје претходно донесе одлука за времено одложување на генералниот штрајк на лекарите во Клинички центар. Претседателот на Клиничкиот синдикат доктор Дејан Ставриќ изрази задоволство од интересот на колегите кои излегоа на протестот.

„На секоја клиника, во секоја амбуланта, во секоја операциона сала има оставено дежурен доктор, кој ќе внимава на тој дел и ќе се погрижи за сите пациенти за кои во овие половина час ќе има потреба. Од генерален штрајк секако не се откажуваме, повторно сме во правна процедура за тоа, доколку не се постигне договор со Министерството за здравство.“

Професор Викторија Чаловска од клиниката за ентерохепатологија, вели дека ако докторите почнат меѓусебно да си превземаат пациенти, тоа максимално лошо ќе се одрази на пациентите.

„Ние имаме и други димензии на нашата работа, наставна и научна. Каде ќе го остваруваме тој сегмент од нашата работа, ако бркаме само пациенти.“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Предупредувачки протест на лекарите

Моите колеги покажаа дека се достоинствени и дека немаат стравови, вели доктор Снежана Георгиева од клиниката за гинекологија.

„Ако сите овие лекари престанат да работат, што ќе се случи? Не сакам да звучи како закана. Овие лекари вршат многу работа, а тоа треба да се почитува. Јас не знам како може да не го почитуваат тоа?“.

Синдикатот ги продолжува преговорите со Министерството за здравство околу предложеното ново пресметување на платите на лекарите и буџет кој диктира број на интервенции, број на операции кои една установа може да ги изведе.​