И покрај сите заложби, Македонија цела деценија е во долниот дел од балканската табела според прилив на странски инвестиции. Погрешна стратегија или објективни околности?
Агенција за странски инвестиции, Дирекција за технолошко-индустриски зони, економски промотори, кампањи за привлекување инвеститори, роуд-шоуа... Очигледно е дека оваа влада привлекувањето на странски инвестиции го постави високо на својата агенда.
Сепак, се чини дека резултатите изостануваат. Македонија една деценија е во втората половина на регионалната табела според нивото на странски инвестиции. Опозицијата критикува за погрешна стратегија, додека власта се брани дека резултатите не се занемарливи и оти Македонија воопшто не стои лошо во споредба со регионот.
Што покажуваат бројките?
Ако се погледне статистиката во изминативе 10 години, Македонија постојано се наоѓа во долниот дел од регионалната табела за прилив на странски инвестиции – и ако се смета според инвестиции по жител, и ако се сметаат инвестициите како процент од БДП. Најдобра година, во изминатава деценија за привлекување странски инвестиции во Македонија била 2007 година кога во земјава влегле околу 700 милиони долари, што претставува 8,57 отсто од Бруто домашниот производ. Сепак, 2007 година е година на големи странски инвестиции во целиот регион. Странските инвестиции во балканските земји во таа година се мерат и во милијарди, а не само во милиони. Па така, во 2007 во Бугарија влегле дури 13,2 милијарди долари или 31 отсто од БДП, во Хрватска речиси 5 милијарди долари или 8,4 отсто од БДП, во Србија скоро 2,5 милијарди долари или 8,8 отсто од БДП, во Босна и Херцеговина над 2 милијарди долари или 13,5 отсто од БДП, во Црна Гора повеќе од 930 милиони долари што е една четвртина од нивниот БДП, а во Словенија повеќе од 1,5 милијарди долари, но тоа е само 3,2 отсто од словенечкиот бруто домашен производ.
Ако се смета големината на странски инвестиции по жител, Македонија повторно не може да се пофали со позабележителни резултати на регионално ниво. Инвестициите по жител се движат од 47 долари во 2005 година до 339 долари по жител во 2007 година. Од прилика на исто ниво се движат и инвестициите во Албанија и во Босна и Херцеговина. За разлика од нив, пак, инвестициите во Бугарија во периодот од 2006 до 2008 година одат од 1.000 до скоро 1.800 долари по жител, или во Црна Гора каде што од 2007 до 2011 година има меѓу 1.200 и 2.400 долари странски инвестиции по жител.
Во интервју за нашето радио пред три месеци, министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак рече дека не може да се споредува нивото на странски инвестиции по жител, затоа што тоа е мешање „баби и жаби“.
„На пример, ако ја земете Македонија со два милиони жители и Словенија со два милиони жители и ако двете земји имаат 100 милиони директни странски инвестиции, тоа е многу подобар ефект за Македонија, отколку за Словенија од проста причина што развиеноста во Словенија како економија е многу поголема, значи секогаш инвестициите се сметаат како еден вид на капитални инвестиции во економијата и реална мерка е процентот на влезот на тие странски инвестиции од БДП-то, а не по жител, затоа што жителот во една земја и во друга земја со иста популација може да има различна продуктивност, значи тие се неспоредливи рамки“, рече тогаш Самак.
Сепак, и ако се гледаат странските инвестиции изразени како процент од БДП, Македонија не може да се најде во горниот дел од балканската табела. Во групата од девет земји - Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Македонија, Србија, Црна Гора и Словенија, Македонија многу почесто е во долниот дел на табелата. Исклучок се 2004 и 2011 година, кога Македонија е трета од овие земји и 2006 кога е четврта. Најдобра година за Македонија е 2007 кога има 8,57 отсто од БДП странски инвестиции, во 2006 има 6,47 отсто, а во 2008 има 5,97 отсто од БДП. Сепак, овие години се генерално добри за целиот регион па дел од земјите оперираат и со двоцифрени проценти странски инвестиции од нивниот бруто домашен производ.
Опозицијата често обвинува дека владата прави театар од привлекувањето странски инвестиции. Рекламите и привлекувањето инвеститори се последната фаза во целиот процес, вели потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски и посочува дека ако сакаме странски инвестиции, прво треба да се среди работа дома. И покрај сите погодности што им се нудат на странците, земјата треба да има судство што функционира и да има владеење на правото, вели тој.
„Ако имате изјава од Хилари Клинтон дека во Македонија имате правда којашто за еден важи на еден начин, а за друг се применува на друг начин, тогаш тоа дефинитивно не е поттикнувачки елемент за сериозен странски инвеститор.“
Го прашавме Јовановски која е алтернативата, дали Македонија треба да дигне раце од привлекување инвестиции додека земјата не се среди на внатрешен план.
„Процесот е паралелен. Од една страна ќе ја правите домашната задача, а од друга страна ќе ја рекламирате земјата, но притоа ќе внимавате што рекламирате кога ја рекламирате земјата. Мора да се развиваат институциите, мора професионалноста во рамки на тие институции да се вреднува како што треба да се вреднува, мора да го оставиме судството да биде независно и да функционира онака како што треба да функционира и мора да ги направиме сите напори да го дадеме силниот сигнал што значи влез во НАТО и забрзување на нашиот пристап кон ЕУ. Влезот во НАТО не е само политичко и безбедносно прашање, тоа меѓу другото е и економско прашање, затоа што кога ќе влезете под чадорот на НАТО странските инвеститори ќе дојдат самите, затоа што знаат дека минимум од работите што требало да ги направите дома сте ги направиле.“
Јовановски посочува и дека државата треба да направи стратегија за тоа какви инвеститори сака да привлече.
„Ги каните сите или каните фокусирано – одредени инвеститори од одредени сектори коишто меѓудругото вие сакате и дома да ги развиете. Во овој момент не се гледа јасно концептот кого сакаме ние да привлечеме и што сакаме во домашната економија да развиеме. Излегува дека целта е ’кој ќе дојде нека дојде, само некој да дојде‘. Тоа ќе даде одреден позитивен резултат, но не максимално добар каков што би можеле да имаме кога би имале паметна стратегија“, вели Јовановски.
Мизо – Не е само квантитетот, туку и квалитетот на инвестициите
Со неговите констатации не се согласува директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо. Власта активно работи на подобрување на бизнис-климата во Македонија, а тоа го покажува и извештајот Дуинг бизнис на Светската банка според кој сме подобро рангирани од 19 од 27 земји-членки на ЕУ, вели Мизо.
„Одлуките за реинвестирање од страна на Џонсон Мети, од страна на Џонсон контролс. Доколку тие мултинационални компании не биле задоволни од условите на работа во Македонија, со поддршката од страна на институциите и со сето она што е поврзано со бизнис амбиентот, сигурно тие немало да донесат одлуки за проширување и зголемување на нивното присуство тука, особено што дури и за тие реинвестиции ги разгледувале земјите од регионот на Источна Европа, а дури во случајот на Џонсон контролс и на Северна Африка.“
Мизо вели дека во првата половина од годинава во земјава влегле околу 90 милиони долари странски инвестиции, а со оглед на почнатите инвестиции очекува годинава да заврши со околу 350 милиони евра, но додава дека тоа во голема мера ќе зависи од случувањата пред сè во европската економија.
Тој посочува дека во периодот од 2006 до 2011 година во Македонија влегоа повеќе од 2,5 милијарди долари, за разлика од периодот 2002-2005 кога влегоа помалку од 650 милиони долари. Во изминативе шест години само во гринфилд инвестиции се влезени околу 415 милиони долари и благодарение на нив се отворени или се во фаза на отворање 11 илјади работни места, вели Мизо.
„Познавањето на Македонија како бизнис или инвестициска дестинација е нешто на што активно се работи веќе 5,5 години од почетокот на 2007 година со целиот процес на промовирање на Македонија како инвестициска дестинација со проектот „Инвест ин Мацецониа“. Мора да се земе предвид и големината на домашниот пазар затоа што во многу случаи инвестициите не влегуваат директно само за извоз на еден поширок пазар, туку во многу случаи инвестициите влегуваат само за домашниот пазар. Исто така, фактор е и процесот на приватизација. Ако се земе предвид дека во Македонија технички процесот на приватизација е завршен и домашниот пазар е многу мал за да е исплатлива инвестицијата само за пласирање на производ на домашниот пазар, јас сметам дека сме добро позиционирани во регионот. Истовремено голем дел од тие инвестиции во некои од земјите во регионот се во недвижнини, посебно во оние држави коишто имаат излез на море, што значи дека не само хотелски капацитети, туку повеќе од тоа се апартмани кои се продаваат на клиентела од различни делови на Европа или пошироко“, вели Мизо.
Со оглед на објективните околности, споредувајќи го нивото на инвестиции како процент од БДП, но и имајќи предвид колку странските инвестиции допринеле на локалната економија, Македонија воопшто не стои лошо на регионалната инвестициска мапа, дециден е Мизо.
„Само компаниите Џонсон контролс и Џонсон мети минатата година имале контрибуција кон вкупниот македонски извоз од 16,3 проценти, што значи дека тие две компании креираат една шестина од извозот на државата. Тоа значи дека она што се привлекува во Македонија како гринфилд инвестиции се инвестиции со многу голема додадена вредност, инвестиции кои носат ноу-хау трансфер на знаење и технологија и нормално и работни места, но мора понекогаш да се земе предвид и квалитетот, а не само квантитетот на инвестициите.“
Тој вели дека нивото на странски инвестиции во наредниот период во голема мера ќе зависи од состојбите во европската, па и во светската економија, но посочува дека ќе се потрудат да ја искористат кризата.
„Тоа значи потенцијално затворање на производствени погони на скапи дестинации во Западна Европа и отворање на поконкурентни локации во Источна Европа. Дури и во овие услови, јас сметам дека ние можеме да бидеме релативно успешни“, вели Мизо.
Роуд-шоуа – неопходност или туризам
Во процесот на привлекување на странски инвестиции активно е вклучен и владиниот врв. Освен двајцата министри за привлекување странски инвестиции, роуд-шоуата најчесто се предводени од премиерот Никола Груевски. Владина делегација предводена од Груевски пред две недели беше во 10-дневно роуд-шоу во САД и во Канада. Летоска голема владина делегација беше на сличен настан во Русија, а претходно во скандинавските земји, во Катар и во Кина. Пролетоска, владина делегација предводена од премиерот беше во потрага по инвеститори во Индија, а претходно и во Турција, Италија, Сингапур и во Јапонија. На прашањето колку чинат ваквите патувања, владините претставници одговараат дека не е важно колку чини едно роуд-шоу ако тоа носи резултати. Министерот Самак пред три месеци рече дека ефектите од само една инвестиција се неспоредливи со вкупните пари потрошени за привлекување странски инвестиции.
Оценките за потребата и ефектите од роуд-шоуата се движат од расшетување и бадијала трошење државни пари, до неопходност.
Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини вели дека владата само глуми посветеност на економијата, а всушност се дави во политички проблеми. Политичките проблеми во Македонија ескалираат и на сите им станува јасно дека тоа ќе ги избрка странските инвеститори. На економските промотори и институциите задолжени привлекување инвестиции, тој гледа како на начин за вдомување на партиски кадри. Ако имавме стабилна политичка и безбедносна ситуација, воопшто не ни се потребни промотори, инвеститорите сами ќе дојдат, вели Хајредини, кој критички се осврнува и на роуд-шоуата предводени од премиерот Груевски.
„Тој гледа дека му се приближува крајот, дали на редовни или на вонредни избори, но крајот не верувам дека ќе му биде блескав. Роуд-шоуата служат да си го пополни албумот со слики од прошетките по светот со огромните пари од буџетот што ги троши одејќи по Кина, Индија, Далечниот и Блискиот Исток, а сега и во Америка. Се трошат ли десет дена за да ги анимира потенцијалните инвеститори меѓу Македонците во странство? Тоа е чиста глупост“, критикува Хајредини.
Од друга страна, поранешниот премиер од редовите на СДСМ Владо Бучковски со симпатии гледа на роуд-шоуата за привлекување странски инвестиции. Според него, добро е што таквите турнеи се предводени лично од премиерот. Бучковски смета дека токму неговата посета на Џонсон контролс одиграла клучна улога во одлуката на компанијата да инвестира во Македонија.
„Можеби и поголеми држави од Македонија кај сериозни инвеститори оставаат многу посериозен впечаток ако првиот човек на владата или клучните владини министри се гаранција дека ќе ги нема проблемите коишто ги има во држави во транзиција како што е Македонија. Тука пред сè мислам на честото менување на процедурите, на проблемите со владеењето на правото и воопшто проблемот со бирократијата, така што, ако нешто во изминатиот период прави позитивно Груевски, сметам дека е ова што го прави со своите 22 или колку веќе станаа турнеи, каде што ги промовира можностите на Македонија како атрактивна бизнис дестинација.“
За економските промотори, пак, Бучковски вели дека прават повеќе зијан отколку што носат корист.
„Имаат впечаток странските инвеститори, тоа ми го имаат кажано и во директните контакти, како да мора да ги прават сите свои планови на кус рок, на краток рок, не можат среднорочно и долгорочно да планираат затоа што во овие држави од Европа, посебно во државите од Западен Балкан, многу работи зависат од политиката и од промената на политичките гарнитури.“
РСЕ: Значи дека си ги темпираат бизнис плановите во зависност од мандатот на владата со која преговарале?
„За жал така е“, вели Бучковски.
Економскиот аналитичар Владимир Глигоров од Виенскиот институт за меѓународни економски студии вели дека Македонија има структурни проблеми поради кои не може да обезбеди значителен број странски инвестиции. Земјата е мал пазар, има релативно нестабилно опкружување и нема излез на море што ја прави неатрактивна за инвеститорите, вели тој.
„Има проблем со судскиот и со правниот систем, има проблем и со инфраструктура, има и други проблеми врзани со квалитет на работната сила итн. Сето тоа веројатно е многу поважно и тоа би требало прво да се направи, а после доаѓаат тие промоции во странство кои сигурно не се потполно неважни, бидејќи пак да кажам, ако сте мала земја главно има мал интерес и малку луѓе знаат за вас“, вели Глигоров.
Ако кампањите и роуд-шоуата сепак даваат некакви резултати се поставува прашањето зошто тоа не е правено и во минатото. Нашите соговорници велат дека во првата деценија од самостојноста, Македонија имаше големи политички проблеми на кои се трошеше најголем дел од енергијата. Меѓу нив ги наведуваат формирањето на државните институциите, борбата за признавање и за влез во ОН, ембаргото на ОН кон Србија и затворањето на границата кон Грција, како и политичката и економска стабилизација. Дополнително, моделот на приватизација што го избра Македонија не дозволуваше влез на странски инвестиции. Потоа дојде воениот конфликт и залечувањето на последиците од него, а за сериозно привлекување странски инвестиции може да стане збор дури за по 2004 година.

2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | |
Албанија | 135 | 178 | 341 | 262,5 | 325,3 | 662,3 | 958,5 | 964,6 | 1109 | / |
БиХ | 267,8 | 381,8 | 710 | 608 | 768,3 | 2070 | 981,8 | 240,1 | 231,5 | 432,3 |
Бугарија | 904,6 | 2096 | 2662 | 4312 | 7757 | 13214 | 9981 | 3425 | 1591 | 1820 |
Хрватска | 1100 | 2049 | 1078 | 1788 | 3457 | 4962 | 6027 | 3328 | 426,7 | 1469 |
Косово | / | / | 53,3 | 133,8 | 369,8 | 603,2 | 536,8 | 408,1 | 457,3 | 546,2 |
Македонија | 105,6 | 117,8 | 323 | 97 | 424 | 699,1 | 587 | 197,1 | 207,5 | 410 |
Црна Гора | / | / | / | / | / | 934,4 | 960,4 | 1527 | 760,4 | / |
Србија | 567,3 | 1406 | 1028 | 2051 | 4968 | 3432 | 2996 | 1936 | 1340 | 2700 |
Словенија | 1659 | 301,5 | 831,4 | 540,4 | 649,3 | 1531 | 1937 | -640,7 | 366 | 1096 |
Извор: Светска банка(странски инвестиции во милиони долари)
Ако се погледне статистиката во изминативе 10 години, Македонија постојано се наоѓа во долниот дел од регионалната табела за прилив на странски инвестиции – и ако се смета според инвестиции по жител, и ако се сметаат инвестициите како процент од БДП. Најдобра година, во изминатава деценија за привлекување странски инвестиции во Македонија била 2007 година кога во земјава влегле околу 700 милиони долари, што претставува 8,57 отсто од Бруто домашниот производ. Сепак, 2007 година е година на големи странски инвестиции во целиот регион. Странските инвестиции во балканските земји во таа година се мерат и во милијарди, а не само во милиони. Па така, во 2007 во Бугарија влегле дури 13,2 милијарди долари или 31 отсто од БДП, во Хрватска речиси 5 милијарди долари или 8,4 отсто од БДП, во Србија скоро 2,5 милијарди долари или 8,8 отсто од БДП, во Босна и Херцеговина над 2 милијарди долари или 13,5 отсто од БДП, во Црна Гора повеќе од 930 милиони долари што е една четвртина од нивниот БДП, а во Словенија повеќе од 1,5 милијарди долари, но тоа е само 3,2 отсто од словенечкиот бруто домашен производ.
Ако се смета големината на странски инвестиции по жител, Македонија повторно не може да се пофали со позабележителни резултати на регионално ниво. Инвестициите по жител се движат од 47 долари во 2005 година до 339 долари по жител во 2007 година. Од прилика на исто ниво се движат и инвестициите во Албанија и во Босна и Херцеговина. За разлика од нив, пак, инвестициите во Бугарија во периодот од 2006 до 2008 година одат од 1.000 до скоро 1.800 долари по жител, или во Црна Гора каде што од 2007 до 2011 година има меѓу 1.200 и 2.400 долари странски инвестиции по жител.
2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | |
Албанија | 42 | 55 | 106 | 82 | 101 | 206 | 298 | 300 | 345 | / |
БиХ | 80 | 102 | 182 | 162 | 205 | 552 | 262 | 64 | 62 | 115 |
Бугарија | 121 | 280 | 356 | 577 | 1038 | 1768 | 1335 | 458 | 213 | 243 |
Хрватска | 250 | 465 | 245 | 406 | 784 | 1126 | 1368 | 755 | 97 | 333 |
Косово | / | / | 30 | 75 | 206 | 336 | 299 | 228 | 255 | 305 |
Македонија | 51 | 57 | 157 | 47 | 206 | 339 | 285 | 96 | 101 | 199 |
Црна Гора | / | / | / | / | / | 1478 | 1520 | 2416 | 1203 | / |
Србија | 78 | 194 | 142 | 282 | 684 | 473 | 413 | 267 | 185 | 372 |
Словенија | 808 | 147 | 405 | 263 | 316 | 746 | 964 | -312 | 178 | 534 |
Извор: Радио Слободна Европа, пресметките се правени според податоците од Светска банка(странски инвестиции изразени во долари по жител)
Во интервју за нашето радио пред три месеци, министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак рече дека не може да се споредува нивото на странски инвестиции по жител, затоа што тоа е мешање „баби и жаби“.
„На пример, ако ја земете Македонија со два милиони жители и Словенија со два милиони жители и ако двете земји имаат 100 милиони директни странски инвестиции, тоа е многу подобар ефект за Македонија, отколку за Словенија од проста причина што развиеноста во Словенија како економија е многу поголема, значи секогаш инвестициите се сметаат како еден вид на капитални инвестиции во економијата и реална мерка е процентот на влезот на тие странски инвестиции од БДП-то, а не по жител, затоа што жителот во една земја и во друга земја со иста популација може да има различна продуктивност, значи тие се неспоредливи рамки“, рече тогаш Самак.
Сепак, и ако се гледаат странските инвестиции изразени како процент од БДП, Македонија не може да се најде во горниот дел од балканската табела. Во групата од девет земји - Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Македонија, Србија, Црна Гора и Словенија, Македонија многу почесто е во долниот дел на табелата. Исклучок се 2004 и 2011 година, кога Македонија е трета од овие земји и 2006 кога е четврта. Најдобра година за Македонија е 2007 кога има 8,57 отсто од БДП странски инвестиции, во 2006 има 6,47 отсто, а во 2008 има 5,97 отсто од БДП. Сепак, овие години се генерално добри за целиот регион па дел од земјите оперираат и со двоцифрени проценти странски инвестиции од нивниот бруто домашен производ.
2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | |
Албанија | 3,03 | 3,15 | 4,57 | 3,13 | 3,56 | 6,19 | 7,39 | 7,96 | 9,36 | / |
БиХ | 4,03 | 4,56 | 7,08 | 5,55 | 6,20 | 13,55 | 5,29 | 1,41 | 1,39 | 2,39 |
Бугарија | 5,66 | 10,15 | 10,53 | 14,92 | 23,36 | 31,38 | 19,26 | 7.05 | 3,33 | 3,40 |
Хрватска | 4,15 | 6,00 | 2,63 | 3,99 | 6,93 | 8,36 | 8,62 | 5,25 | 0,70 | 2,30 |
Косово | / | / | 1,46 | 3,58 | 9,44 | 12,9 | 9,51 | 7,51 | 8,19 | 8,47 |
Македонија | 2,78 | 2,48 | 5,86 | 1,62 | 6,47 | 8,57 | 5,97 | 2,12 | 2,27 | 4,03 |
Црна Гора | / | / | / | / | / | 25,47 | 21,25 | 36,88 | 18,5 | / |
Србија | 3,76 | 7,19 | 4,35 | 8,13 | 17,0 | 8,81 | 6,27 | 4,82 | 3,49 | 6,00 |
Словенија | 7,17 | 1.03 | 2,46 | 1,51 | 1,67 | 3,24 | 3,55 | -1,31 | 0,78 | 2,21 |
Извор: Светска банка(странски инвестиции изразени во процент од БДП)
Опозицијата често обвинува дека владата прави театар од привлекувањето странски инвестиции. Рекламите и привлекувањето инвеститори се последната фаза во целиот процес, вели потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски и посочува дека ако сакаме странски инвестиции, прво треба да се среди работа дома. И покрај сите погодности што им се нудат на странците, земјата треба да има судство што функционира и да има владеење на правото, вели тој.
Од една страна ќе ја правите домашната задача, а од друга страна ќе ја рекламирате земјата, но притоа ќе внимавате што рекламирате кога ја рекламирате земјата. Мора да се развиваат институциите, мора професионалноста во рамки на тие институции да се вреднува како што треба да се вреднува, мора да го оставиме судството да биде независно и да функционира онака како што треба да функционира и мора да ги направиме сите напори да го дадеме силниот сигнал што значи влез во НАТО и забрзување на нашиот пристап кон ЕУ. Влезот во НАТО не е само политичко и безбедносно прашање, тоа меѓу другото е и економско прашање, затоа што кога ќе влезете под чадорот на НАТО странските инвеститори ќе дојдат самите, затоа што знаат дека минимум од работите што требало да ги направите дома сте ги направиле.Зоран Јовановски, СДСМ.
„Ако имате изјава од Хилари Клинтон дека во Македонија имате правда којашто за еден важи на еден начин, а за друг се применува на друг начин, тогаш тоа дефинитивно не е поттикнувачки елемент за сериозен странски инвеститор.“
Го прашавме Јовановски која е алтернативата, дали Македонија треба да дигне раце од привлекување инвестиции додека земјата не се среди на внатрешен план.
„Процесот е паралелен. Од една страна ќе ја правите домашната задача, а од друга страна ќе ја рекламирате земјата, но притоа ќе внимавате што рекламирате кога ја рекламирате земјата. Мора да се развиваат институциите, мора професионалноста во рамки на тие институции да се вреднува како што треба да се вреднува, мора да го оставиме судството да биде независно и да функционира онака како што треба да функционира и мора да ги направиме сите напори да го дадеме силниот сигнал што значи влез во НАТО и забрзување на нашиот пристап кон ЕУ. Влезот во НАТО не е само политичко и безбедносно прашање, тоа меѓу другото е и економско прашање, затоа што кога ќе влезете под чадорот на НАТО странските инвеститори ќе дојдат самите, затоа што знаат дека минимум од работите што требало да ги направите дома сте ги направиле.“
Одлуките за реинвестирање од страна на Џонсон Мети, од страна на Џонсон контролс. Доколку тие мултинационални компании не биле задоволни од условите на работа во Македонија, со поддршката од страна на институциите и со сето она што е поврзано со бизнис амбиентот, сигурно тие немало да донесат одлуки за проширување и зголемување на нивното присуство тука, особено што дури и за тие реинвестиции ги разгледувале земјите од регионот на Источна Европа, а дури во случајот на Џонсон контролс и на Северна Африка.Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.
Јовановски посочува и дека државата треба да направи стратегија за тоа какви инвеститори сака да привлече.
„Ги каните сите или каните фокусирано – одредени инвеститори од одредени сектори коишто меѓудругото вие сакате и дома да ги развиете. Во овој момент не се гледа јасно концептот кого сакаме ние да привлечеме и што сакаме во домашната економија да развиеме. Излегува дека целта е ’кој ќе дојде нека дојде, само некој да дојде‘. Тоа ќе даде одреден позитивен резултат, но не максимално добар каков што би можеле да имаме кога би имале паметна стратегија“, вели Јовановски.
Мизо – Не е само квантитетот, туку и квалитетот на инвестициите
Со неговите констатации не се согласува директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо. Власта активно работи на подобрување на бизнис-климата во Македонија, а тоа го покажува и извештајот Дуинг бизнис на Светската банка според кој сме подобро рангирани од 19 од 27 земји-членки на ЕУ, вели Мизо.
„Одлуките за реинвестирање од страна на Џонсон Мети, од страна на Џонсон контролс. Доколку тие мултинационални компании не биле задоволни од условите на работа во Македонија, со поддршката од страна на институциите и со сето она што е поврзано со бизнис амбиентот, сигурно тие немало да донесат одлуки за проширување и зголемување на нивното присуство тука, особено што дури и за тие реинвестиции ги разгледувале земјите од регионот на Источна Европа, а дури во случајот на Џонсон контролс и на Северна Африка.“
Само компаниите Џонсон контролс и Џонсон мети минатата година имале контрибуција кон вкупниот македонски извоз од 16,3 проценти, што значи дека тие две компании креираат една шестина од извозот на државата. Тоа значи дека она што се привлекува во Македонија како гринфилд инвестиции се инвестиции со многу голема додадена вредност, инвестиции кои носат ноу-хау трансфер на знаење и технологија и нормално и работни места, но мора понекогаш да се земе предвид и квалитетот, а не само квантитетот на инвестициите.Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.
Мизо вели дека во првата половина од годинава во земјава влегле околу 90 милиони долари странски инвестиции, а со оглед на почнатите инвестиции очекува годинава да заврши со околу 350 милиони евра, но додава дека тоа во голема мера ќе зависи од случувањата пред сè во европската економија.
Тој посочува дека во периодот од 2006 до 2011 година во Македонија влегоа повеќе од 2,5 милијарди долари, за разлика од периодот 2002-2005 кога влегоа помалку од 650 милиони долари. Во изминативе шест години само во гринфилд инвестиции се влезени околу 415 милиони долари и благодарение на нив се отворени или се во фаза на отворање 11 илјади работни места, вели Мизо.
Тој гледа дека му се приближува крајот, дали на редовни или на вонредни избори, но крајот не верувам дека ќе му биде блескав. Роуд-шоуата служат да си го пополни албумот со слики од прошетките по светот со огромните пари од буџетот што ги троши одејќи по Кина, Индија, Далечниот и Блискиот Исток, а сега и во Америка. Се трошат ли десет дена за да ги анимира потенцијалните инвеститори меѓу Македонците во странство? Тоа е чиста глупост.Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии.
„Познавањето на Македонија како бизнис или инвестициска дестинација е нешто на што активно се работи веќе 5,5 години од почетокот на 2007 година со целиот процес на промовирање на Македонија како инвестициска дестинација со проектот „Инвест ин Мацецониа“. Мора да се земе предвид и големината на домашниот пазар затоа што во многу случаи инвестициите не влегуваат директно само за извоз на еден поширок пазар, туку во многу случаи инвестициите влегуваат само за домашниот пазар. Исто така, фактор е и процесот на приватизација. Ако се земе предвид дека во Македонија технички процесот на приватизација е завршен и домашниот пазар е многу мал за да е исплатлива инвестицијата само за пласирање на производ на домашниот пазар, јас сметам дека сме добро позиционирани во регионот. Истовремено голем дел од тие инвестиции во некои од земјите во регионот се во недвижнини, посебно во оние држави коишто имаат излез на море, што значи дека не само хотелски капацитети, туку повеќе од тоа се апартмани кои се продаваат на клиентела од различни делови на Европа или пошироко“, вели Мизо.
Со оглед на објективните околности, споредувајќи го нивото на инвестиции како процент од БДП, но и имајќи предвид колку странските инвестиции допринеле на локалната економија, Македонија воопшто не стои лошо на регионалната инвестициска мапа, дециден е Мизо.
„Само компаниите Џонсон контролс и Џонсон мети минатата година имале контрибуција кон вкупниот македонски извоз од 16,3 проценти, што значи дека тие две компании креираат една шестина од извозот на државата. Тоа значи дека она што се привлекува во Македонија како гринфилд инвестиции се инвестиции со многу голема додадена вредност, инвестиции кои носат ноу-хау трансфер на знаење и технологија и нормално и работни места, но мора понекогаш да се земе предвид и квалитетот, а не само квантитетот на инвестициите.“
Можеби и поголеми држави од Македонија кај сериозни инвеститори оставаат многу посериозен впечаток ако првиот човек на владата или клучните владини министри се гаранција дека ќе ги нема проблемите коишто ги има во држави во транзиција како што е Македонија. Тука пред сè мислам на честото менување на процедурите, на проблемите со владеењето на правото и воопшто проблемот со бирократијата, така што, ако нешто во изминатиот период прави позитивно Груевски, сметам дека е ова што го прави со своите 22 или колку веќе станаа турнеи, каде што ги промовира можностите на Македонија како атрактивна бизнис дестинација.Владо Бучковски, поранешен премиер.
Тој вели дека нивото на странски инвестиции во наредниот период во голема мера ќе зависи од состојбите во европската, па и во светската економија, но посочува дека ќе се потрудат да ја искористат кризата.
„Тоа значи потенцијално затворање на производствени погони на скапи дестинации во Западна Европа и отворање на поконкурентни локации во Источна Европа. Дури и во овие услови, јас сметам дека ние можеме да бидеме релативно успешни“, вели Мизо.
Роуд-шоуа – неопходност или туризам
Во процесот на привлекување на странски инвестиции активно е вклучен и владиниот врв. Освен двајцата министри за привлекување странски инвестиции, роуд-шоуата најчесто се предводени од премиерот Никола Груевски. Владина делегација предводена од Груевски пред две недели беше во 10-дневно роуд-шоу во САД и во Канада. Летоска голема владина делегација беше на сличен настан во Русија, а претходно во скандинавските земји, во Катар и во Кина. Пролетоска, владина делегација предводена од премиерот беше во потрага по инвеститори во Индија, а претходно и во Турција, Италија, Сингапур и во Јапонија. На прашањето колку чинат ваквите патувања, владините претставници одговараат дека не е важно колку чини едно роуд-шоу ако тоа носи резултати. Министерот Самак пред три месеци рече дека ефектите од само една инвестиција се неспоредливи со вкупните пари потрошени за привлекување странски инвестиции.
Оценките за потребата и ефектите од роуд-шоуата се движат од расшетување и бадијала трошење државни пари, до неопходност.
Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини вели дека владата само глуми посветеност на економијата, а всушност се дави во политички проблеми. Политичките проблеми во Македонија ескалираат и на сите им станува јасно дека тоа ќе ги избрка странските инвеститори. На економските промотори и институциите задолжени привлекување инвестиции, тој гледа како на начин за вдомување на партиски кадри. Ако имавме стабилна политичка и безбедносна ситуација, воопшто не ни се потребни промотори, инвеститорите сами ќе дојдат, вели Хајредини, кој критички се осврнува и на роуд-шоуата предводени од премиерот Груевски.
Има проблем со судскиот и со правниот систем, има проблем и со инфраструктура, има и други проблеми врзани со квалитет на работната сила итн. Сето тоа веројатно е многу поважно и тоа би требало прво да се направи, а после доаѓаат тие промоции во странство кои сигурно не се потполно неважни, бидејќи пак да кажам, ако сте мала земја главно има мал интерес и малку луѓе знаат за вас.Владимир Глигоров, Виенски институт за меѓународни економски студии.