За време на ловот со блинкер по осумгодишен пост, рибарите од Пештани се жалат дека уловиле само една пастрмка. Тоа, велат, доволно зборува дека овој ендемски вид го нема во езерото. Се потсетуваат дека порано ловеле и по 200 килограми пастрмка на ден. Новиот концесионер со Охридското Езеро вели дека е задоволен од ловот на риба со блинкер и најавува повторно лов со блинкер на почетокот од наредниот месец.
Охридското Езеро е празно. Во него е останато многу малку риба, велат рибари од Пештани, каде во минатото се ловеле огромни количини риба. За охридската пастрмка повеќе не треба ниту да се зборува. За два дена за време на ловот со блинкери била уловена само една пастрмка, податок што кажува дека овој ендемски вид риба го нема повеќе во Охридското Езеро велат рибарите. По осумгодишна забрана, во езерото повторно се ловеше риба со блинкер. Ловот го организираше новиот концесионер „Пастрмка 2012“. Ако порано се ловеше пастрмка, сега со блинкер ловевме само белвица“, додаваат рибарите од Пештани.
„40 отсто е намалена рибата. Дали има некое пореметување не знам. Јас со блинкер пред дваесет години имам ловено и по 90 килограми и тоа пастрмка летница. Сега шетаме по езеро, а само една пастрмка уловивме“, вели рибарот Никола Пупески.
„Езерото во изминативе десет години беше целосно унаказено и оставено на милост и немилост. Сето тоа донесе до целосно изумирање на пастрмката. Резултатот го гледате на лице место. Со блинкер во Пештани се ловеше од 150 до 200 килограми во денот пастрмка. Риба нема. Зимскиот мрест е тотално уништен. Риба не може да се види со голо око веќе пет шест години. Ова веќе не е мерило, езерото е унаказено“, вели друг рибар.
„Риба нема, каде е грешката не знам. Пастрмка се фаќаше со блинкер, а сега е обратно фаќаме само белвица со блинкер. Овие дена уловивме само една пастрмка и тоа од оние помалите. Порано беше убавина. Ако ова време нема риба, тогаш каде се рибите“, вели трет.
„Во Охридското Езеро за време на уловот со блинкер деновиве, уловени се само 13 килограми риба од кои само неколку се пастрмки, а другите се белвици. На струшкиот дел од езерото не е уловена ниту една риба. Тоа ги покажува нашите тврдења дека во езерото има се помалку риба. Затоа треба Владата да си ја преиспита одлуката и да се одземе концесијата за стопански риболов. За ваквата ситуација писмено го предупредивме и Министерот за земјоделие, вицепремиерот Пешевски како и премиерот Груевски“, вели Радован Димитриески од Спортското риболовно друштво Св. Апостол Петар.
Ристо Танасоски од концесионерот „Пастрмка 2012“ рече дека интересот за лов со блинкер кај охриѓани бил голем. Наспроти тврдењата на рибарите, тој искажа задоволство од уловената риба со блинкер, по осум годишен пост.
„Можам да кажам дека бројките за тоа колку е уловена риба се задоволителни бидејќи осум години беше забранет блинкерот. Со тоа што повеќе се пушта блинкерот и што повеќе се даваат дозволи, сигурно ќе имаме раздвижување на рибата и дека се повеќе охриѓани ќе можат да фаќаат риба“, рече Танасоски.
40 отсто е намалена рибата. Дали има некое пореметување не знам. Јас со блинкер пред дваесет години имам ловено и по 90 килограми и тоа пастрмка летница. Сега шетаме по езеро, а само една пастрмка уловивме.Никола Пупески, рибар.
„40 отсто е намалена рибата. Дали има некое пореметување не знам. Јас со блинкер пред дваесет години имам ловено и по 90 килограми и тоа пастрмка летница. Сега шетаме по езеро, а само една пастрмка уловивме“, вели рибарот Никола Пупески.
„Езерото во изминативе десет години беше целосно унаказено и оставено на милост и немилост. Сето тоа донесе до целосно изумирање на пастрмката. Резултатот го гледате на лице место. Со блинкер во Пештани се ловеше од 150 до 200 килограми во денот пастрмка. Риба нема. Зимскиот мрест е тотално уништен. Риба не може да се види со голо око веќе пет шест години. Ова веќе не е мерило, езерото е унаказено“, вели друг рибар.
Во Охридското Езеро за време на уловот со блинкер деновиве, уловени се само 13 килограми риба од кои само неколку се пастрмки, а другите се белвици. На струшкиот дел од езерото не е уловена ниту една риба. Тоа ги покажува нашите тврдења дека во езерото има се помалку риба. Затоа треба Владата да си ја преиспита одлуката и да се одземе концесијата за стопански риболов. За ваквата ситуација писмено го предупредивме и Министерот за земјоделие, вицепремиерот Пешевски како и премиерот Груевски.Радован Димитриески, Спортско риболовно друштво Св. Апостол Петар.