Деца со интелектуална попреченост од Битола, Прилеп, Ресен и Демир Хисар, средното образование мора да го продолжат во Скопје и Штип. Родителите сметаат дека тоа е предалеку и прескапо.
Училишната година не започаа за триесетина деца со интелектуална попреченост од Битола, Прилеп, Ресен и Демир Хисар. Тие завршија основно, но немаат школо за средно образование во местата каде живеат. Таква образовна институција има само во Скопје и Штип, а родителите сметаат дека тоа е предалеку и прескапо зашто повеќето се без работа.
„Како родител на дете со интелектуална почреченост е многу тешко. Сега се скратува и можноста за да оди на училиште. Додека одеше во основно училиште имав простор од 8 до 12 часот обврските домашни да ги завршам. Сега само седи дома и прашува „кога ќе тргнам на училиште? Купи ми прибор“. Не можам да и кажам дека таа нема да оди на училиште“, вели битолчанката Оливера Петровска.
Проблемот не го решава ни паралелката за деца со посебни потреби отворена во Заводот за деца со оштетен слух во Битола зашто циклично запишува ученици, вели Слободан Велковски од невладината организација „Порака“.
„Таму веќе беше лоцирана истурена паралелка од училиштето во Скопје за лица со интелектуална попреченост. Таа паралека опфаќа деца од прва до трета година. Откако ќе ја истера генерацијата три години, одново запишува деца. Така проблемот се решава фактички само на три години“, вели Велковски.
Родителите бараат паралелката да се дислоцира во основно училиште во градот и да запишува ученици секоја година. Имаат доставено многу барања до Министерството за образование, но не добиле дозвола. Од општина Битола ветија дека проблемот ќе го решат до први септември. Но, општинскиот Совет без дозвола од министерство не даде зелено светло за предлогот.
„За да се отвори дисперзирана паралелка потребно е министерството за образование да даде согласност. Во овој момент таква согласност се уште немаме, па затоа ние како комисија одлучивме да поведеме иницијатива точката да се врати до соодветните служби. Требаше да се даде простор од средно за во основно училиште и со тоа комисијата не се согласуваше. Во некој нареден период сигурно ќе бараме некоја друга локација“, изјави претседателката на општинскиот Совет, Силвана Ангелевска.
Како родител на дете со интелектуална почреченост е многу тешко. Сега се скратува и можноста за да оди на училиште. Додека одеше во основно училиште имав простор од 8 до 12 часот обврските домашни да ги завршам. Сега само седи дома и прашува „кога ќе тргнам на училиште? Купи ми прибор“. Не можам да и кажам дека таа нема да оди на училиште.Оливера Петровска, родител на дете со интелектуална попреченост.