Вооружени лица упаднале во американскиот конзулат во либијскиот град Бенгази при што биле убиени четири лица. Во ракетниот напад врз конзулатот, според наводите, бил убиен и американскиот амбасадор Кристофер Стивенс. До ова дошло за време не протестите против филм во кој наводно бил навредуван пророкот Мухамед. Слични демонстрации имало и пред амбасадата на САД во Каиро.
Претставништвото изгорело откако напаѓачите го запалиле. Агенциите јавуваат дека пред зградата имало и жестока престрелка меѓу милитантите и силите за безбедност, како и тоа дека врз козулатот биле истрелани и неколку ракети.
„На Либијците не ми се допаѓа некој да им кажува нешто лошо за нивниот пророк Мухамед. Тој не е Осама бин Ладен, тој не е некој друг, тој е нашиот пророк“, изјави еден од оние што протестираа во Бенгази.
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон потврди дека еден Американец бил убиен во насилството:
„Некои се обидоа да го оправдаат ова брутално однесување, претставувајќи го како одговор на материјалот поставен на Интернет“, изјави Хилари Клинтон, додавајќи дека Соединетите држави осудуваат секаков намерен обид за негирање и загрозување на верските верувања на другите, но оти нема никакво оправдување за вакви насилни акти.
Претходно, во Каиро илјадници луѓе, главно ултраконзервативни исламисти и фудбалски навивачи, протестираа пред американската амбасада против филмот кој снимен во Соединетите држави и во кој се напаѓал Мухамед.
Неколкумина од нив влегле во зградата и го искинале американското знаме и на негово место поставиле огромно црно знаме со исламски натпис кое, според агенциите, личело на знамето на терористичката мрежа Ал Каеда.
„Не постои нешто како неограничена слобода. Дури и слободата има граници. Основните религиски верувања би требало да бидат почитувани од сите во светот. Ние сме против овој филм за кој слушнавме дека го навредува Пророкот. Јас лично го немам гледано. Но, сакаме да испратиме порака до целиот свет дека муслиманите имаат црвени линии“, изјави Хосам Јусуф Исмаил, еден од учесниците на протестот пред американската амбасада во Каиро.
Амбасадата издаде соопштение во кое се осудуваат, како што се наведува, постојаните напори за заведување луѓе во верски цели и се отфрлаат сите акции на оние што го злоупотребуваат универзалното право на слободен говор за да ги повредуваат верските уверувања на другите.
Дел од филмот кој ги предизвика демонстрациите „Inocence of Muslims” се појави на Youtube на арапски, а неговиот продуцент и режисер Сем Басил, американец со еврејско потекло кој се занимава со недвижности изјави дека во него се прикажува како христијаните Копти се угнетувани во Египет.
Во изјава за агенцијата Асошиетед прес тој додаде дека сакал неговиот филм да биде провокативна порака против исламот и оти тоа ќе помогне во откривањето на сите недостатоци на таа вера.
Филмот кој трае два часа бил снимен за пет милиони долари, инаку донации на стотина Евреи.
Претходно, беше соопштено дека филмот бил направен во продукција на егпетските Копти кои живеат во Соединетите држави.
Објавувањето десетина карикатури на Мухамед во 2005 година во еден дански весник поттикна протести во многу муслимански земји.
„На Либијците не ми се допаѓа некој да им кажува нешто лошо за нивниот пророк Мухамед. Тој не е Осама бин Ладен, тој не е некој друг, тој е нашиот пророк“, изјави еден од оние што протестираа во Бенгази.
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон потврди дека еден Американец бил убиен во насилството:
На либијците не ми се допаѓа некој да им кажува нешто лошо за нивниот пророк Мухамед. Тој не е Осама бин Ладен, тој не е некој друг, тој е нашиот пророк.
Претходно, во Каиро илјадници луѓе, главно ултраконзервативни исламисти и фудбалски навивачи, протестираа пред американската амбасада против филмот кој снимен во Соединетите држави и во кој се напаѓал Мухамед.
Некои се обидоа да го оправдаат ова брутално однесување, претставувајќи го како одговор на материјалот поставен на Интернет.Хилари Клинтон, aмерикански државен секретар.