Проблемот со учениците Албанци од струшко Подгорци останува да виси во воздух. Родителите не го прифаќаат предлогот на општината и Министерството за образование нивните деца настава да продолжат да следат во соседното село Лабуништа.
Родителите на дваесетината деца кои три години следеа настава на албански јазик во Основното училиште Гоце Делчев во струшко Подгорци најавуваат дека ќе бараат од владите на Косово и Албанија, ако проблемот не се реши, нивните деца школувањето да го продолжат во Приштина или Тирана. Револтирани се, како што велат, од односот на општината и државата од каде три години добивале само празни ветувања.
Овие паралелки уште во 2009 година Министерството за образование ги прогласи за нелегални поради недоволниот број на ученици надвор од законски утврдениот минимум. Децата одеа на настава, но не добиваа свидетелства. На предлог на Министерството за образование, општината неодамна мораше да ги укине паралелките во Подгорци, а на родителите им предложи децата да продолжат да следат настава во училиштето во соседното село Лабуништа од каде би добиле и свидетелства за завршеното образование досега. Но овој предлог за родителите е неприфатлив. Тие одржаа и мирни протести пред зградата на општината. Родителите велат оти се покажало дека некој со нив си поигрувал и ги користи за собирање на политички поени.
„Бараме децата да продолжат со настава на албански јазик во Подгорци, како и досега. Јас имам внучиња кои учат од прво до четврто одделение и сега треба да одат во петто одделение. Да не одат во Лабуништа или Велешта, бидејќи ние не сме ниту од Лабуништа ниту од Велешта. Некој е крив, а кој е крив треба да се види“, вели еден од родителите.
„Ќе ги тужиме сите, од директорот на училиштето, министрите, градоначалникот, секторот за образование. Не сме задоволни од претседателот на ДУИ, кој велеше дека ќе си стои на зборот, но не го одржа зборот. Нашите деца беа жртви на општината и на партијата ДУИ, за некои цели“, вели друг родител.
Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко рече дека, како што засега стојат работите, овие деца наставата ќе мора да продолжат да ја следат во Лабуништа, бидејќи за Подгорци не бил исполнет законскиот минимум од 24 ученици, иако на тоа општината беше предупредена уште пред 3 години.
„Ни посочија наставата во иднина да ја следат во Мурат Лабуништи бидејќи нема 24 ученици во Подгорци. Ние како локална самоуправа не се откажуваме од барањата на родителите наставата да ја следат во Подгорци“, рече Мерко.
Реагираа и дел од политичките партии. Од партијата НДП на Руфи Османи велат дека родителите конечно сфатиле дека биле манипулирани за ситни политички цели и оти проблемот има име и презиме, а тоа градоначалникот на Струга. За манипулацијата да биде комплетна, сега кога се најдоа во тесно, велат дека немало законски услови за настава на албански јазик бидејќи немало доволен број на ученици, иако ова можеле на родителите да им го кажат уште на почеток. Круна на сите лаги сега се ветувањата дека на овие деца ќе им се признавало учењето на албански јазик за поминатите 3 години во село Подгорци и дека за тоа ќе добивале сертификат. Ова е целосно нечовечки и нехумано, рече претседателот на огранокот на НДП во Струга, Ардијан Демири.
Реагираа и од првата детска амбасада Меѓаши. Од таму велат дека правото на образование е едно од основните човекови права. Република Македонија ја има потпишано и ратификувано Конвенцијата за правата на детето во која стои дека основното образование е задолжително, а државите треба да преземат мерки за намалување на испишување од училиштата. Република Македонија има преземено обврска да ја имлементира во пракса како и да ги штити правата на децата и да ја унапредува нивната положба, велат во Меѓаши.
Бараме децата да продолжат со настава на албански јазик во Подгорци, како и досега. Јас имам внучиња кои учат од прво до четврто одделение и сега треба да одат во петто одделение. Да не одат во Лабуништа или Велешта, бидејќи ние не сме ниту од Лабуништа ниту од Велешта. Некој е крив, а кој е крив треба да се види.дедо на ученик од Подгорци.
Ни посочија наставата во иднина да ја следат во Мурат Лабуништи бидејќи нема 24 ученици во Подгорци. Ние како локална самоуправа не се откажуваме од барањата на родителите наставата да ја следат во Подгорци.Рамиз Мерко, градоначалник на Струга.