Две децении без стратегија за мултикултурно општество

Прослава на 20-годишнината од референдумот за самостојност на Македонија, 8 септември 2011 година.

Тоа што никогаш не влеговме во чевлите на другиот за да видиме каква е неговата перцепција за некои настани, предизвика создавање ѕидови, а не мостови меѓу етничките заедници, вели професор Мирјана Најчевска.
Во немањето стратегија за градење на мултикултурно чувство, аналитичарите ги гледаат причините поради кои дел од граѓаните сметаат дека прославите на државните празници не нè обединуваат, туку го продлабочуваат јазот меѓу различните етнички заедници. Тоа што никогаш не влеговме во чевлите на другиот за да видиме каква е неговата перцепција за некои настани, предизвика создавање ѕидови, а не мостови меѓу етничките заедници, вели универзитетскиот професор Мирјана Најчевска.
Упорно, секоја владејачка структура сака да игра на картата на меѓуетничката разделеност и автоматски ние не сме ги поставиле ни темелите на заедништвото, а камо ли да ја изградиме зградата.
Мирјана Најчевска, универзитетски професор.

„Ние заедно би требало да сме решиле да се издвоиме и да бидеме посебна држава и тоа е ден којшто би требало да се прославува од сите граѓани на Република Македонија како ден на сите нас коишто сме решиле заедно да живееме овде.“

Предизборен митинг на ДПА во 2011 година.


Наместо заедничко чувство на припадност кон државата кое треба да ги обедини сите во чествувањето на државен празник, како денот на независноста, прославите стануваат партиски, а не државни. Се што се прави се прави по волја на партијата на власт, посочува политичкиот аналитичар Ким Мехмети.
Македонија сè повеќе и повеќе станува сопственост на ВМРО-ДПМНЕ, на партијата, таа се партизира и потоа, затоа што во Македонија имате двовластие, нормално дека секогаш се води еден натпревар кој етнитет ќе надвладее на прославата, дури и на независноста на земјата, место тоа да биде наша заедничка прослава.
Ким Мехмети, политички аналитичар.

„Македонија сè повеќе и повеќе станува сопственост на ВМРО-ДПМНЕ, на партијата, таа се партизира и потоа, затоа што во Македонија имате двовластие, нормално дека секогаш се води еден натпревар кој етнитет ќе надвладее на прославата, дури и на независноста на земјата, место тоа да биде наша заедничка прослава.“

Никогаш не е доцна да се развие заедничкото чувство на припадност на етничките заедници кон државата, но според соговорниците, политичката елита не сака да го прифати мултикултурализмот во земјата како еден од приоритетите.

„Упорно, секоја владејачка структура сака да игра на картата на меѓуетничката разделеност и автоматски ние не сме ги поставиле ни темелите на заедништвото, а камо ли да ја изградиме зградата“, изјави Најчевска.

„Ние изгубивме 20 години и сè уште дискутираме за истите нешта, дискутираме дури и за баналните нешта како да го прославиме денот на независноста. Тоа кажува дека нешто тука не оди, дека Македонија е нива каде што нешто не расте“, вели Мехмети.

Деновиве своето незадоволство и револт во врска со организацијата на концертот за прославата на Денот на независноста, го изрази и граѓанското движење „Разбуди се“, според кое, неучеството на албански уметници на прославата и дава моноетнички карактер.

„Некои работи беа така променети и беа поканети неколку од албанските пејачи и тоа во пет до дванаесет, во последен момент, само колку да се каже ајде нека се вклучат и тие“, изјави Астрит Имери од граѓанското движење „Разбуди се“.

Од организацијата велат дека обидот да се одбегне учеството на албанските уметници во прославата е продолжување на тенденцијата за исклучување на албанската култура и дека тоа не оди во прилог на здравите меѓуетнички односи, туку води кон натамошни поделби предизвикувајќи нејасна перспектива на земјата.