Првата дама на Соединетите Држави Мишел Обама на конвенцијата на Демократската партија во емотивен говор му даде поддршка на нејзиниот сопруг за уште еден четиригодишен мандат во Белата куќа. Делегатите на собирот претходно ја усвоија политичката платформа на нивната партија.
На крајот од првата вечер на конвенцијата на Демократската партија во Шарлот, Северна Каролина, Мишел Обама го пофали претседателот Барак Обама како посветен сопруг и грижлив татко. Таа, исто така го опиша како „човек на кој може да му се верува" во заздравувањето на слабата економија во земјата.
„Го сакам мојот сопруг дури и повеќе отколку пред четири години, дури и повеќе отколку пред 23 години кога се видовме за прв пат. Дозволете ми да ви кажам зошто. Го сакам, бидејќи тој никогаш не заборавил како започна. Го сакам, бидејќи можеме да му веруваме на Барак оти ќе го направи она што вели дека ќе направи дури и кога тоа е тешко, особено кога тоа е тешко.“
Првата дама изјави дека претседателот Обама бил инспириран од неговата околината кога се залага за законите кои вклучуваат здравствена заштита, студенски кредити и подобра плата за жените.
„Барак знае што значи тоа кога семејството се бори. Тој знае што значи да сакаш нешто повеќе за вашите деца и внуци. Барак го знае американскиот сон, бидејќи живеел во него и тој сака сите во оваа земја да имаат исти можности, без оглед на тоа кои сме, или од каде сме, или како изгледаме, или што сакаме“, изјави Мишел за нејзиниот сопруг кој на 6 ноември ќе биде предизвикан од поранешниот гувернер на Масачусец Мит Ромни, кој минатата недела ја прифати номинацијата на Републиканската партија да биде кандидат за иден претседател на Соединетите Држави.
Според неодамнешните анкети, Обама има мала предност пред Ромни.
Пред говорот на Мишел, делегатите на демократска конвенција ги бранеа мерките како Обама се справува во заздравувањето на американска економија. Меѓу нив и Џулијан Кастро, градоначалник на Сан Антонио, Тексас.
„Пред четири години, Америка стоеше на работ на депресија. И покрај неверојатните тешкотии и републиканското противење, нашиот претседател презеде мерки. И сега гледаме 4,5 милиони нови работни места“, изјави Кастро, првиот латиноамериканец кој се обратил на една конвенција на демократите како еден од главните говорници.
На тридневната конвенција се очекува Барак Обама и Џо Бајден повторно да бидат номинирани за кандидати за претседател и потпретседател на Соединетите Држави. Нивните говори се најавени за в четврток.
Демократите во Шарлот ја усвоија и политичката платформа на нивната партија во која се бараат повисоки даноци за побогатите Американци, подршка на истополови бракови и право на абортус.
Во документот е содржана и заложбата за завршување на американското учество во војната во Авганистан до 2014 година, како и за спречување на Иран да развие нуклеарно оружје.
Притоа се изразува, како што се наведува, „непоколеблива посветеност кон безбедноста на Израел“, но без делот содржан во политичката платформа на демократите во 2008 година во кој се вели дека Ерусалим е главен град на Израел.
Ваквата промена веднаш беше критикувана од Мит Ромни кој го осуди, како што рече, „Обаминото срамно одбивање да признае дека Ерусалим е главен град на Израел“.
Барак знае што значи тоа кога семејството се бори. Тој знае што значи да сакаш нешто повеќе за вашите деца и внуци. Барак го знае американскиот сон, бидејќи живеел во него и тој сака сите во оваа земја да имаат исти можности, без оглед на тоа кои сме, или од каде сме, или како изгледаме, или што сакаме.Мишел Обама, сопруга на американскиот претседател Барак Обама.
„Го сакам мојот сопруг дури и повеќе отколку пред четири години, дури и повеќе отколку пред 23 години кога се видовме за прв пат. Дозволете ми да ви кажам зошто. Го сакам, бидејќи тој никогаш не заборавил како започна. Го сакам, бидејќи можеме да му веруваме на Барак оти ќе го направи она што вели дека ќе направи дури и кога тоа е тешко, особено кога тоа е тешко.“
Првата дама изјави дека претседателот Обама бил инспириран од неговата околината кога се залага за законите кои вклучуваат здравствена заштита, студенски кредити и подобра плата за жените.
Пред четири години, Америка стоеше на работ на депресија. И покрај неверојатните тешкотии и републиканското противење, нашиот претседател презеде мерки. И сега гледаме 4,5 милиони нови работни места.Џулијан Кастро, градоначалник на Сан Антонио, Тексас од Демократската партија.