Претседателот Барак Обама, во рамките на претседателската кампања пред воените ветерани во Невада, изјави дека сиријскиот претседател Башар ал Асад и неговиот режим ќе одговараат пред меѓународната заедница доколку ја исполнат заканата дека ќе употребат хемиско оружје.
„Денес работиме со цел сиријскиот народ да може да има подобра иднина, слободна од режимот на Асад. Со оглед на резервите со хемиско оружје што ги има режимот, ќе продолжиме да му ставаме јасно на знаење дека светот го набљудува и оти тој ќе одговора пред меѓународната заедница и Соединетите Држави доколку направи таква трагична грешка.“
Официјален Дамаск соопшти дека хемиското оружје би можело да биде употребено врз странските војници доколку дојде до воена интервенција од меѓународната заедница.
„Сите резерви на оружје за масовно уништување што ги поседува Сирија никогаш нема да биде употребено против цивили или против сиријскиот народ под никакви услови, без оглед како ќе се развива кризата“, дополни портпаролот на сиријското министерство за надворешни работи Џихад Макдиси.
Сиријската влада никогаш претходно официјално не призна дека поседува хемиско оружје. Но, оние што дезертираа од режимот изјавија дека армијата веќе го употребила во некои случаи при задушувањето на револуцијата.
Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун, осудувајќи ја заканата, побара од меѓународната заедница да биде подготвена да спречи таква акција.
„Ова е типична целосна илузија на овој режим дека е жртва на странска агресија. Она што всушност се случува е нивниот народ се бунтува против бруталната полициска држава“, оцени шефот на британската дипломатија Вилијем Хејг.
Во меѓувреме, Европската унија ги прошири санкциите против Сирија, што е 17-ти пат од почетокот на востанието пред 16 месеци.
Русија и Кина и натаму со употреба на вето ги блокираат сите напори на другите постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации за одобрување евентуалната воена интеревенција во Сирија.
Претставник на владата во Дамаск вчера ја отфрли понудата на Арапската лига да им даде безбедно излегување на Асад и неговото семејство доколку се повлече од функцијата. Тој додаде дека ситуацијата во Дамаск се смирува и оти за неколку денови ќе биде нормализирана.
Опозиционите активисти, пак, јавуваат дека сиријските режимски сили нападнале неколку делови на Дамаск и во Алепо. Досега, според проценките, во Сирија загинале повеќе од деветнаесет илјади луѓе.
Со оглед на резервите со хемиско оружје што ги има режимот, ќе продолжиме да му ставаме јасно на знаење дека светот го набљудува и оти тој ќе одговора пред меѓународната заедница и Соединетите држави доколку направи таква трагична грешка.Барак Обама, претседател на САД.