Владината криза е дневна политика која е прашање на институциите и треба да се остават сами да ја разрешат коалиционите партнери, вели претседателот Ѓорѓе Иванов.
Во рамките на тридневната посета на Брисел претседателот Ѓорѓе Иванов најави средби со највисоките претставници на НАТО и на ЕУ, Херман ван Ромпуј, Андрес фог Расмусе, еврокомесарот за проширување Штефан Филе, како и претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц. Посетата е вообичаена, во очи објавувањето на есенскиот извештај на ЕК, изјави Иванов пред заминувањето, со очекување дека тој ќе биде позитивен со оглед на како што рече постигнатите резултати и напредокот на полето на реформите во земјава.
„Ние со Дијалогот на високо ниво навистина влегуваме во отворање на поглавјата, но очекуваме она што секоја земја која е кандидат го очекува - датум за почеток на преговорите “изјави Иванов.
Што се однесува до главниот кочничар, решавањето на спорот за името, тој рече дека последната посета и средбите со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун биле до сега најсодржајните во врска со овој проблем и средби на кои биле отворени сите можни прашања и апсекти на спорот, но дека проблемот и натаму останува во другата страна која не покажува подготвеност да се дојде до решение.
„Другата страна гледате постојано има изговор тоа да се одлага, да се одлага. Еднаш се тоа избори, другпат е економска криза, третпат е неподготвеност. Сето ова го увиде и го искажа на прес-конференција Бан Ки-нун. Нашата страна во однос на овој дведецениски спор е со чисто досие“.
Во наредниве два дена не е предвидена средба на Ѓорге Иванов со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо поради, како што е наведено во Брисел, неговата обемна агенда во тоа време. Претседателот Иванов денеска на прашање на новинарите ја коментираше и владината криза нарекувајќи ја дневна политика која е прашање на институциите и треба да се остават сами да ја разрешат коалиционите партнери.
Ние со Дијалогот на високо ниво навистина влегуваме во отворање на поглавјата, но очекуваме она што секоја земја која е кандидат го очекува - датум за почеток на преговорите.Ѓорге Иванов, претседател на Македонија.