Достапни линкови

Дневен печат - избори, криза и протести


Најавите за предвремени избори, економски прогнози, рекламирањето на владата во медиумите, дел од темите за кои анализираат дневните весници.

„Инцидентот“ во Слупчане, како што многумина го нарекоа, се шири. Поточно неговите последици: па Утрински пишува дека „Бранителите ги скараа Груевски и Ахмети“ дека ДУИ се заканила дека ќе ја напушти коалицијата доколку Законот се усвои, а не поминат амандманите на Алтернативците. И Дневник насловува: „ДУИ пак се заканува дека ќе ја напушти Владата - Ахмети на фронт поради
ДУИ пак се заканува дека ќе ја напушти Владата - Ахмети на фронт поради бранителите, нишани на името.
Дневник.

бранителите, нишани на името“.

Инцидентот од Слупчане се шири

Премиерот одговора од Кичево дека „Коалицијата е во криза, подготвени сме и за избори“, како што објави Утрински, а неговото признание го објавува и Вечер: „Има криза во владината коалиција“. Во меѓувреме, на митингот во Крушево, информира Утрински, Црвенковски ја обвинил власта за лажен патриотизам: „Како министерот бил во Слупчане во слободно време, нели вие работите 24/7?“, прашал лидерот на СДСМ.
Македонија во менгеме помеѓу Грција и Србија - длабоката криза во Грција и влошувањето на состојбата во Србија може да имаат големо негативно влијание врз кревката македонска економија.
Нова Македонија.

Вечер, пак, ги обвинува новите коалициски партнери, Тачи, Црвенковски и Георгиевски дека „планирани и менаџирани етнички тензии се единствената нивна платформа за успех на наредните локални избори“.

На економски план црно ни се пишува

Информациите во дневниот печат поврзани со економијата не нудат ни малку оптимизам: Нова Македонија насловува: „Македонија во менгеме помеѓу Грција и Србија - длабоката криза во Грција и влошувањето на состојбата во Србија може да имаат големо негативно влијание врз кревката македонска економија“. Речиси сиот дневен печат објавува делови од прес-конференцијата на првиот финансиер Ставрески дека нема да има нов ребаланс до крајот на годината, дека даноците нема да растат и дека министерот признал дека Владата се соочува со искушенија за обезбедувањето доволно средства за буџетот, пишува Утрински.

Ден оваа вест ја објавува со прашање: „Ќе растат ли даноците?“, а Вечер вели: „Владата со исти даноци ќе го ублажува ценовниот шок“. Дневник го објавува барањето на СДСМ привремено да се укине ДДВ-то за храна. Нова Македонија вади поента од протестите на граѓанската иницијатива „Аман“: „Ќе протестираме се' додека струјата и парното не поевтинат“.

Владата на четвртото место според рекламирање во медиумите

Дневниот Капитал ја објавува анализата на Советот за радиодифузија дека минатата година, Владата од 18-то се пробила на четвртото место според рекламирањето во медиумите, а дека Сител и Канал 5 остваруваат повеќе приходи од рекламите отколку сите регионални и локални телевизии заедно.

Дневниот Фокус објавува една куриозитетна вест од арсеналот: „Македонија и се' е можно“ поткрепена со убедлива фотографија- дека „Олимпија личи на Боркица Груевска - нема сомневање кој е инспирацијата за новиот лик во Скопје 2014!“, пишува весникот.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG