Се издвојуваат Вардар и Металург, но два тима не се доволни за да има силна лига, а во иднина и добра репрезентација, велат пензионираните ракометари Пепи Манасков и Иво Марковски.
Ракометот во Македонија е во криза, особено на клупски план вели ракометна легенда Пепи Манасков. Според него, гледано во перспектива состојбата со ракометот кој важи за спорт број еден е навистина лоша. Добро е што на репрезентативен план сè уште се држиме, вели Манасков.
„Тука се издвојуваат Вардар и Металург, другите тимови се на незавидно ниво, слабо стојат финансиски и играчки и не е добар знак за во иднина. Во моментов не гледам некоја добра перспектива на ракометот во Македонија. Гледано перспективно ракометот е во криза како на клупски план, така и во однос на оние млади категории. Кадетска и младинска репрезентација на Македонија немаме“, вели Манасков.
Долгогодишниот ракометен репрезентативец и дел од шампионскиот тим на екипата на битолски Пелистер Иво Марковски вели дека состојбата е загрижувачка, особено во однос на јачината на домашната лига каде порано имаше огромна конкуренција.
„Со постарите колеги од мојата генерација мислиме дека не се доволни Вардар и Металург за една силна македонска лига и дека треба и другите екипи, ако не на нивното рамниште, да дојдат на една позиција каде ќе се борат за тоа второ место. Слушнав дека Струмица, Борец и Куманово прават напори да се вратат на некои стари патеки, но мислам дека треба повеќе од тоа. Порано имаше 7-8 екипи кога тешко се знаеше кој ќе го освои првенството и тешко се доаѓаше до титулите во првенството и купот“, вели Марковски.
Марковски жали што некогаш најдобарата екипа во Македонија, Пелистер, е далеку од старите патеки.
„Пелистер е далеку од оној Пелистер што сите ние го знаеме. Долг ќе биде периодот да се врати онаму каде што беше. Навистина ситуацијата е тешка и мислам дека ако за брзо време не се најде некое решение мислам дека Пелистер е во една ситуација во која не бил никогаш од неговото постоење“, вели Марковски.
Ракометот на граѓаните во изминативе години, како на репрезентативен, така и на клупски план, и во машка и во женска конкуренција им донесе многу радост.
Гледано перспективно ракометот е во криза како на клупски план, така и во однос на оние млади категории. Кадетска и младинска репрезентација на Македонија немаме.Пепи Манасков, поранешен ракометен репрезентативец.
„Тука се издвојуваат Вардар и Металург, другите тимови се на незавидно ниво, слабо стојат финансиски и играчки и не е добар знак за во иднина. Во моментов не гледам некоја добра перспектива на ракометот во Македонија. Гледано перспективно ракометот е во криза како на клупски план, така и во однос на оние млади категории. Кадетска и младинска репрезентација на Македонија немаме“, вели Манасков.
Долгогодишниот ракометен репрезентативец и дел од шампионскиот тим на екипата на битолски Пелистер Иво Марковски вели дека состојбата е загрижувачка, особено во однос на јачината на домашната лига каде порано имаше огромна конкуренција.
Не се доволни Вардар и Металург за една силна македонска лига и дека треба и другите екипи, ако не на нивното рамниште, да дојдат на една позиција каде ќе се борат за тоа второ место.Иво Марковски, поранешен ракометен репрезентативец.