Има ситуации кога градоначалниците дозволуват и неколку денови да им горат шумите без да вклучат ниту еден човек во акција, обвинува директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу.
На десет локации во Македонија пожарите кои и натаму се активни зафатија дабова, букова и мешана шума. Во пожарот во општината Кисела Вода кон „НП Јасен“ во гаснењето учествува и хеликоптер на АРМ на непристапни места, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу.
Активни се и пожарите кои избија на површини со шума во општините Чашка, Струга, Зајас, Новаци, Гевгелија, Гостивар, Прилеп, Јегуновце и Врапчиште. На терен се екипи од Македонски шуми и од Дирекцијата за заштита и спасување.
Изгаснат е пожарот кај Водно кој избил синоќа, но продолжува забраната за движење во близина на шума. Уште нема информација за причината на пожарите одделно, а во ситуација на високи температури потребно е максимално вниманиe, повтори Шабан Салиу.
Говорејќи за справувањето со пожарите, Салиу наведе дека пожарите кои избија ова лето ги натераа претставниците на локалната самоуправа да бараат помош од Дирекцијата со оглед дека на располагање ги има авионите за гасење, но нагласи дека во некои битки со огнената стихија, локалната самоуправа може и сама да се справи.
„За жал прво што прават градоначалниците при појава на пожар се јавуваат во Дирекцијата за заштита и спасување и веднаш бараат да се вклучат авионите на Дирекцијата, коe не е ни законски, ни соодветно на интензитетот на пожарот. Апелирам до нив, затоа што има ситуаци кога градоначалниците дозволуват и неколку денови да им горат шумите без да вклучат ниту еден човек во акција.“
Но имаше ситуации каде техничката помош беше неопоходна за да го намали ангажирањето на луѓето. Во пожарот од минатиот месец во Струмица и луѓето од околните куќи се вклучија во гаснењето, а овој пожар имаше трагичен епилог.
Салиу наведе дека во текот на летото поради топлотниот бран кој ја зафати земјава имаше повеќе пожари, но дека сепак пожарникарите имале помалку работа во споредба со минатата година .
„Имаме 419 пожари, зафатена површина 5.257 хектари, а во поглед на матријалната штета може да кажеме некаде околу 10 септември кога ќе завршат сите овие активности и тогаш може да дадеме конкретни податоци за оваа година.“
За жал прво што прават градоначалниците при појава на пожар се јавуваат во дирекцијата за заштита и спасување и веднаш бараат да се вклучат авионите на Дирекцијата, коe не е ни законски, ни соодветно на интензитетот на пожарот. Апелирам до нив, затоа што има ситуаци кога градоначалниците дозволуват и неколку денови да им горат шумите без да вклучат ниту еден човек во акција.Шабан Салиу, Дирекцијата за заштита и спасување.