За Роберт Дандаров, еден од најзначајните македонски уметници кои живеат и работат во странство, Скопје се претворило во енциклопедија на кичот. Од 31 август до 15 септември во Музеј на град Скопје ќе се одржи изложба на негови дела насловена „100 цртежи“.
Сликите на Роберт Дандаров не ја отсликуваат сјајната површина на нештата, туку нивната заднина. Ова се слики зад огледалото или слики од црниот амалгам на огледалото што го овозможува гледањето. За да можете да видите нешто треба да постои темна подлога.
Ова, меѓу другото, ќе го забележи Емил Алексиев во инспиративниот текст за изложбата „100 цртежи“ на Роберт Дандаров, еден од најзначајните македонски уметници кои живеат и творат во странство.
А, тој пак, откако ќе констатира дека секој уметник потекнува од неговата географска ширина вели дека самиот го создава она што му е генетски предодредено да го слика. Како што самиот истакнува, се’ што работел во последниве 30 години од кога живее во Њујорк, таму во светот, е однесено одовде. Затоа, како што потенцира, „темната страна“ во неговите слики не е темна. Нејзиното покажување, всушност, е за да ја оствари светлата страна на реалноста оти до неа не може да се дојде ако притоа „не го претставиш катранот, не ја отсликаш опачината“.
„Мисијата на сликарот не е само да прави убави слики и да задоволува некои ентериери со мртви природи и цвеќиња, туку да ја откорне таа коприна или да го исчисти тој катран од себе и од другите околу него за да ја видат светлината.“
Ова на Дандаров, кој патем студиите ги завршил на Американската академија за уметност во Чикаго и на Националната академија за дизајн во Њујорк и своите дела ги претставувал во САД, Белгија, Германија и во Доминиканска Република, му е трета самостојна изложба во Македонија. Во 2002 се претстави во Музеј на современа уметност, седум години подоцна излагаше во Националната галерија и сега во Музеј на град Скопје. Но, тој овојпат е изненаден од градот и вели дека иако неуморно го бара неговото Скопје го нема повеќе - исчезнало.
„Скопје, искрено да речам, станало една енциклопедија на кичот. Некој друг свет. Складиште на железо. Тоа не се скулптури. Тоа не е естетско гледање, уредување. Тоа не е архитектура. Ова се некои театрски кулиси. Некоја драма се одвива со некој друг режисер што јас не го познавам и нема да му обрнувам внимание во моето дело. Ова што е сега е неинспиративно. Привремено. Затоа и не би сакал да се бавам со таквите нешта и инспирацијата наново ќе си ја побарам и ќе ја црпам од целата земја, од енергијата на Македонија.“
Сликарот заклучува дека градовите и цивилизациите поминуваат низ некоја болест што треба да ја преболат и вели дека тој верува оти еден ден градот ќе оздрави и нему и на сите кои мислат како него ќе им биде мило со уживање да му се вратат и да се инспирираат од неговите вистински убавини.
Инаку, по враќањето во Њујорк, Роберт Дандаров има намера да ја заврши оваа серија на цртежи што „била направена во налет на испирација“ за да види што е она идното што доаѓа во неговото творештво.
„Доаѓам до еден друг, поинаков период во мојата работа. Нешто се менува. Што ќе биде не знам оти не е во мојата моќ тоа да го знам. Ние не ја контролираме уметноста, таа не контролира нас. Ние сме само средства за изведување некои дела од некаде.“
Иако не љуби да говори за плановите, извесно е дека тој есенва ова постановкаа ќе и ја претстави и на американската публика, а дополнува дека добил и покана за изложба од Истанбул, па не е исклучено и патувањето во Турција.
Мисијата на сликарот не е само да прави убави слики и да задоволува некои ентериери со мртви природи и цвеќиња, туку да ја откорне таа копрена или да го исчисти тој катран од себе и од другите околу него за да ја видат светлината.Роберт Дандаров, уметник.
Ова, меѓу другото, ќе го забележи Емил Алексиев во инспиративниот текст за изложбата „100 цртежи“ на Роберт Дандаров, еден од најзначајните македонски уметници кои живеат и творат во странство.
А, тој пак, откако ќе констатира дека секој уметник потекнува од неговата географска ширина вели дека самиот го создава она што му е генетски предодредено да го слика. Како што самиот истакнува, се’ што работел во последниве 30 години од кога живее во Њујорк, таму во светот, е однесено одовде. Затоа, како што потенцира, „темната страна“ во неговите слики не е темна. Нејзиното покажување, всушност, е за да ја оствари светлата страна на реалноста оти до неа не може да се дојде ако притоа „не го претставиш катранот, не ја отсликаш опачината“.
Скопје, искрено да речам, станало една енциклопедија на кичот. Некој друг свет. Складиште на железо. Тоа не се скулптури. Тоа не е естетско гледање, уредување. Тоа не е архитектура. Ова се некои театрски кулиси.Роберт Дандаров, уметник.