Кризата во коалицијата, економски состојби, подновување на МВР со нови автомобили, ново роуд шоу на премиерот Груевски - дел од насловите во дневниот печат.
Има ли владино-политичка криза или нема? Ќе се распадне ли коалицијата Груевски - Ахмети или не? Ова се се' рецидиви од поклонувањето во Слупчане со кои се занимаваат медиумите, а преку нив и јавноста во земјава.
А како што пренесува Утрински, Шеќеринска на митингот на СДСМ во Ресен рекла дека Груевски и Ахмети намерно создаваат криза, зашто спасот од бранот поскапувања на струјата, нафтата, лебот, зејтинот, храната, им бил да глумат кавги и помирувања, да се закануваат со избори, а не да ги решаваат вистинските проблеми.
Вечер, од друга страна пишува дека по средбата на лидерите на двете партии во власта за случајот Слупчане, интегративците биле во „Шах-мат позиција - Груевски води, Ахмети изводи“ - гласи насловот во весникот.
Ден од своја страна има поинакво гледање: „Со кризата во коалицијата - ВМРО-ДПМНЕ во сендвич: закон за ОНА или техничка влада“. А со овие случувања, неизбежни се и „Математиките на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ за ново мнозинство“, пишува Нова Македонија, иако, како што појаснува, од Владата смируваат дека продолжуваат со полн состав и капацитет.
На оваа тема, Дневник забележува: „ДУИ копа нови ровови во коалицијата - иако од партијата на Ахмети објаснуваат дека новите имиња на чаирските училишта, како и отсуството на министри од ДУИ во владината делегација во САД немаат врска со кризата, факт е дека ова ќе го отежне надминувањето на разликите, особено што имињата на училиштата се менуваат незаконски...“
Како и да е, јавноста ќе види како ќе се развиваат работите по 10 септември, за кога е закажана седница на Собранието на која ќе се разгледува Законот за бранители кој „предизвика нишање на темелите“ на владината коалиција, како што објави Утрински.
Во врска со економските состојби, Дневник пишува дека „Литар зејтин е поскап од литар бензин“, а Утрински информира дека „СДСМ и неговиот Економско-социјален совет бараат итни мерки за скротување на поскапувањата“.
Сите весници информираат и за писмената изјава на гувернерот Богов во која ги отфла шпекулациите за девалвација на денарот. Дневниот Фокус со наслов ја коментира веста дека: „Ништо ново - Каленикови со својот “Ка дис‘ го лапнаа тендерот од околу 3,5 милиони евра за полициски возила“.
Сите медиуми исто така информираат за најновото роуд-шоу на премиерот во САД и во Канада и неговите средби со македонските иселеници, со наслови од неговата изјава пред нив: „Да направиме посилна економска држава, а да го затвориме македонското прашање“.
По средбата на лидерите на двете партии во власта за случајот Слупчане, интегративците се во Шах-мат позиција - Груевски води, Ахмети изводи.Вечер.
А како што пренесува Утрински, Шеќеринска на митингот на СДСМ во Ресен рекла дека Груевски и Ахмети намерно создаваат криза, зашто спасот од бранот поскапувања на струјата, нафтата, лебот, зејтинот, храната, им бил да глумат кавги и помирувања, да се закануваат со избори, а не да ги решаваат вистинските проблеми.
Вечер, од друга страна пишува дека по средбата на лидерите на двете партии во власта за случајот Слупчане, интегративците биле во „Шах-мат позиција - Груевски води, Ахмети изводи“ - гласи насловот во весникот.
Ништо ново - Каленикови со својот “Ка дис‘ го лапнаа тендерот од околу 3,5 милиони евра за полициски возила.Фокус.