Центарот е мал и преполнет уште од самиот почеток. Предвиден е за 15 до 20 корисници над 18 годишна возраст, а има потреба за уште најмалку 50-ина лица кои се уште седат дома.
Упорноста, ентузијазмот, долгогодишната институционална борба на родителите и веќе целосно разбудената свест кај бизнис секторот во Куманово, како и донацијата на американскиот Мировен корпус за корисниците со интелектуална попреченост на над 18 годишна возраст ќе резултира и со пуштање во употреба на летна училница во Дневниот центар „Порака Наша“. Со тоа 21 корисник со стручниот тим и со волонтерите ќе можат да одржуваат активности на отворен простор.
Благица Димитровска претседател на Здружението на родителите „Порака Наша“ вели:
„Се работи за адаптирање на дворното место каде што корисниците ќе се едуцираат, социјализираат на отворен простор, за подигање на јавната свест и полесна комуникација. Предвидени се работилници за градинарство, цвеќарство, активности со СВР КУманово за објаснување на сообраќајните знаци и нивно безбедно движење во сообраќајот. Со наставниците од Средното техничко училиште ќе практицираат дел од спортските дисциплини.“
Со отворањето на училницата на отворено се проширува и досегашниот простор на Центарот, а тоа според Димитровска е благодарение на:
„Нашиот волонтер од американскиот Мировен корпус Меру Хулс која го направи проектот и дел од средствата ги добивме токму од американскиот Мировен корпус, како и од бизнис секторот од Куманово кој со донациите двојно ја надмина американската донација.“
Со активното и несебичното донирање од бизнис секторот членовите на „Порака Наша“ констатирале дека свеста е подигната на многу повисоко ниво, особено што бизнисмените кои секојдневно донираат потрошен материјал, хигиенски средства и останати потреби, сега учествуваат и во изградба и опремување на летната училница. Сепак, Димитровска вели дека просторот во Центарот е мал и преполнет уште од самиот почеток. Предвиден е за 15 до 20 корисници над 18 годишна возраст, а има потреба за уште најмалку 50-ина лица кои се уште седат дома.
„Во нашето здружение членуваат 850 членови, значи проблемот само донекаде е решен, а останатите се во незавидна положба и затворени се дома. Затоа апелирам и до државата и до локалните власти што поскоро да помогнат да оформиме мрежа од вакви социјални услуги за да се изедначат и тие луѓе што се дома.“
Со овие лица работат само по еден дефектолог, социјален работник и педагог поради недостиг од средства, иако според Димитровска според критериумите едно стручно лице треба да работи со тројца корисници.
Педагогот Дејан Стојановски за отворањето на летната училница вели:
„Ова ни беше дамнешна желба која сега ни се оствари. Конструкцијата е кон крај и преостанатиот период од два месеца ќе го искористиме максимално,ќе изведуваме практични и когнитивни активности.“
Во Дневниот центар „Порака Наша“ како што велат и родителите и вработените нема никакви поделби, верски, етнички, партиски. Сите имаат иста мака и болка и една и единствена желба, овие лица да живеат достоинствено.
Благица Димитровска претседател на Здружението на родителите „Порака Наша“ вели:
Се работи за адаптирање на дворното место каде што корисниците ќе се едуцираат, социјализираат на отворен простор, за подигање на јавната свест и полесна комуникација. Предвидени се работилници за градинарство, цвеќарство, активности со СВР КУманово за објаснување на сообраќајните знаци и нивно безбедно движење во сообраќајот. Со наставниците од Средното техничко училиште ќе практицираат дел од спортските дисциплини.Благица Димитровска, претседател на Здружението на родителите „Порака Наша“.
„Се работи за адаптирање на дворното место каде што корисниците ќе се едуцираат, социјализираат на отворен простор, за подигање на јавната свест и полесна комуникација. Предвидени се работилници за градинарство, цвеќарство, активности со СВР КУманово за објаснување на сообраќајните знаци и нивно безбедно движење во сообраќајот. Со наставниците од Средното техничко училиште ќе практицираат дел од спортските дисциплини.“
Со отворањето на училницата на отворено се проширува и досегашниот простор на Центарот, а тоа според Димитровска е благодарение на:
„Нашиот волонтер од американскиот Мировен корпус Меру Хулс која го направи проектот и дел од средствата ги добивме токму од американскиот Мировен корпус, како и од бизнис секторот од Куманово кој со донациите двојно ја надмина американската донација.“
Ова ни беше дамнешна желба која сега ни се оствари. Конструкцијата е кон крај и преостанатиот период од два месеца ќе го искористиме максимално,ќе изведуваме практични и когнитивни активности.Дејан Стојановски, педагог.