Криза во коалицијата има, се согласуваат од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ. Предвремени избори не се исклучуваат како опција.
Постои криза во владината коалиција како резултат на промените во однесувањето на дел од раководството на ДУИ, а врв е настанот во Слупчане. Подготвени сме за предвремени избори ако ДУИ оцени дека тие се потребни, иако не ги посакуваме, изјави денеска премиерот Никола Груевски.
„За нас е исклучително важно да го зачуваме нашето достоинство и образ и достоинството на македонскиот народ и на граѓаните на Република Македонија. И нема ниту една цена што сме подготвени да ја платиме за да се згази достоинството на граѓаните на Република Македонија, како што имаше обид тоа да се направи со случајот во Слупчане“, рече Груевски.
Претходно од ДУИ соопштија дека предвремени избори нема да има, но не негираат дека ќе има потреси во коалицијата доколку ВМРО- ДПМНЕ и натаму инсистира на најавениот закон за посебни права на бранителите од 2001 година и нивните семејства. Но за евентуално одржување на предвремни избори во партијата воопшто не станало збор, тврди Бујар Османи, портпарол на ДУИ.
„Во моментов имаме една ситуација предизвикана од предложениот закон и се обидуваме на некој начин да ја санираме штетата од таквиот обид, но не сме разговарале за избори воопшто до сега“, рече Османи.
Опозициската СДСМ во реакција на изјавата на премиерот Никола Груевски за кризата во владината коалиција, го обвинува премиерот за „лажен патриотизам“ и бара од него да соопшти што планира да преземе како одговорност за настанот во Слупчане.
Во прилог на тврдењето за лажен патриотизам СДСМ го наведува амнестирањето на воените злосторници од Хашките случаи, само заради неговата коалиција со ДУИ“, стои во реакцијата.
Слупчане ја потресе коалицијата
Превирањара во владеачката коалиција уследија по настанот во Слупчане.
Министерот за одбрана Фатмир Бесими изрази жалење доколку некој е навреден од положувањето цвеќе на споменикот на борците на ОНА во Слупчане.
„Намерата никогаш не ми била таква. Напротив, мојата намера отсекогаш била и останува да ги претставам подеднакво сите граѓани на Република Македонија и да направам се што е во моја надлежност за да придонесам кон помирувањето меѓу сите во Република Македонија. Помирувањето е особено важно, важен чин за иднината на Македонија и посебно за двете страни инволвирани во конфликтот во 2001 година“, рече Бесими
За премиерот, пак, чинот во Слупчане е една приватна екскурзија на министерот за одбрана Фатмир Бесими или негова партиска задача.
„Тој ниту побарал ниту ќе добиеше согласност за тоа од Владата за тоа да биде некакво владино чествување или негово испраќање на тоа место. Уште полошо е тоа што отиде со униформирани лица и на тој начин ги повреди чувствата на Македонците. Слушнав дека тој денеска изразил жалење за тој настан. Тоа е добро што изразил жалење и што сфатил дека тоа не е визионерска работа, ниту храбро лидерство, туку дека ги влошува меѓуетничките односи и создава една конфликтност и тензија, односно фрустрација кај голем дел од населението и дека на таков начин не може да се постигне помирување како што тој замислувал, рече Груевски.
СДСМ - Предвремените избори секогаш се отворена опција
За СДСМ, како опозициска партија, предвремените избори се секогаш отворена опција, изјави денеска Игор Ивановски.
СДСМ соопшти дека ќе го поддржи Предлог - законот за посебните права на бранителите, но доколку ДУИ поднесе амандмани за вклучување на припадниците на ОНА во Законот за бранители, СДСМ нема да ги поддржи.
За нас е исклучително важно да го зачуваме нашето достоинство и образ и достоинството на македонскиот народ и на граѓаните на Република Македонија. И нема ниту една цена што сме подготвени да ја платиме за да се згази достоинството на граѓаните на Република Македонија, како што имаше обид тоа да се направи со случајот во Слупчане.Никола Груевски, премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„За нас е исклучително важно да го зачуваме нашето достоинство и образ и достоинството на македонскиот народ и на граѓаните на Република Македонија. И нема ниту една цена што сме подготвени да ја платиме за да се згази достоинството на граѓаните на Република Македонија, како што имаше обид тоа да се направи со случајот во Слупчане“, рече Груевски.
Претходно од ДУИ соопштија дека предвремени избори нема да има, но не негираат дека ќе има потреси во коалицијата доколку ВМРО- ДПМНЕ и натаму инсистира на најавениот закон за посебни права на бранителите од 2001 година и нивните семејства. Но за евентуално одржување на предвремни избори во партијата воопшто не станало збор, тврди Бујар Османи, портпарол на ДУИ.
„Во моментов имаме една ситуација предизвикана од предложениот закон и се обидуваме на некој начин да ја санираме штетата од таквиот обид, но не сме разговарале за избори воопшто до сега“, рече Османи.
Опозициската СДСМ во реакција на изјавата на премиерот Никола Груевски за кризата во владината коалиција, го обвинува премиерот за „лажен патриотизам“ и бара од него да соопшти што планира да преземе како одговорност за настанот во Слупчане.
Во прилог на тврдењето за лажен патриотизам СДСМ го наведува амнестирањето на воените злосторници од Хашките случаи, само заради неговата коалиција со ДУИ“, стои во реакцијата.
Слупчане ја потресе коалицијата
Превирањара во владеачката коалиција уследија по настанот во Слупчане.
Во моментов имаме една ситуација предизвикана од предложениот закон и се обидуваме на некој начин да ја санираме штетата од таквиот обид, но не сме разговарале за избори воопшто до сега.Бујар Османи, портпарол на ДУИ .