Собранието не ги усвои заклучоците за „Скопје 2014“

Собранието на 35. седница со 55 гласа „против“ и 41 глас „за“ не ги усвои предложените заклучоци за проектот „Скопје 2014“, поднесени од пратениците од опозицијата.Опозицијата ја обвинува власта за расипничко непродуктивно трошење во рамки на овој проект. За пратениците од власта обвинувањата се неосновани.
За опозицијата забеган проект а за власта доказ за идентитетот – по одморите пратениците ја продолжија дискусијата за проектот Скопје 2014.
Но тоа не служи на Македонскиот национален интерес. И затоа после 5, а можеби и помалку години Скопје 2014 ќе биде проект на лудоста.
Цветанка Иванова, СДСМ.

Цветанка Иванова од опозициската СДСМ вели дека со проектот се креира историја која и одговара на власта.

„Но тоа не служи на Македонскиот национален интерес. И затоа после 5, а можеби и помалку години Скопје 2014 ќе биде проект на лудоста.“

Димитар Стеванаџија од владеачката ВМРО - ДПМНЕ смета дека е невалидна тезата на опозицијата дека граѓаните не го прифаќаат проектот.
Бидејки од претходните дискусии се уверивте дека сето она што го кажувате е неиздржано, тезите не ви држат и дека проектот Скопје 2014 е се поприфатен кај граѓаните.
Димитар Стеванаџија, ВМРО - ДПМНЕ.

„Бидејки од претходните дискусии се уверивте дека сето она што го кажувате е неиздржано, тезите не ви држат и дека проектот Скопје 2014 е се поприфатен кај граѓаните“.

Станка Анастасова од СДСМ прашува во чиј џеб завршуваат парите од Скопје 2014 – дали во партиска каса или во џебовите на функционери.

„Во исто време, гледаме до споменикот просјак – еден куп живи просјаци. Нели е тоа иронично?“.

Пратеничката Ана Павловска Данева од СДСМ смета дека со проектот се демолира македонскиот идентитет.

„Ставајки го македонскиот и словенскиот цар Самоил да гледа во опашката на Букефал, маргинализирајки ги браќата Кирил и Методиј, Свети Наум, Блаже Конески, Чупоски и Мисирков за сметка на Прометеј, Филип и Олимпија, вие почитувани колеги го деконструирате македонскиот идентитет.“

Силвана Бонева од владеачката ВМРО – ДПМНЕ смета дека пратениците на опозицијата се потсмевале на Македонскиот јазик и ја прозва Данева:

„А Вашиот дедо бил соборец заедно со Тодор Александров, Никола Павлов Бутика – вие се срамите од своите предци. Тој е основач на бугарските комитети во Тетово“

Кон ова Данева со контра-реплика:

„Инаку, споменавте нешто за образование и колку сме необразовани. Прво мислам дека е срамота човек кој на Ваша возраст е се уште на студии да им се обраќа на академски граѓани за образованието. Тоа е прво. Второ, на секоја високообразовна институција се практикува да се говори Македонски литературен јазик“.

Александар Николовски од ВМРО ДПМНЕ прашува дали по 20 години независност преку дискусии се лута околу националниот идентитет.

„Навистина, тоа ќе остави една болна трага во целата историја и во тоа како идните генерации ќе не гледаат и ќе го судат ова време“.