На средбите со државниот врв Филип Рикер побарал да се продолжи со реформите.
САД останува силен подржувач на евроа-атланската интеграција на Македонија, изјави заменик помошникот државен секретар на САД Филип Рикер по денешната средбата со премиерот Никола Груевски во Владата. Рикер позитивно се изјасни за напредокот на процесот на Дијалогот на високо ниво со ЕУ, што како што рече Соединетите американски држави безрезервно го подржуваат и нагласи дека треба да се продолжи со работа на реформите во повеќе области.
Денеска претходно Рикер оствари средба со министерот за надворешни работи Никола Попоски. Попоски како што соопшти МНР на средбата истакнал дека Македонија очекува натамошна засилена поддршка од САД за евро-атланските интегративни процеси. Во контекст на прашањето за името, Попоски нагласил дека Македонија останува отворена за дијалог со јужниот сосед и настојува со проактивен и конструктивен пристап да ја надмине единствената наметната препрека која ги блокира нашите европски и евроатлански интеграции.
Рикер, пак, нагласил дека неодамнешната посета на Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, како и неговите пораки, може да придонесе кон што поскоро изнаоѓање на заемно прифатливо решение околу името, се наведува во соопштението од МНР.
Во рамки на неколкудневната посета Рикер ќе оствари средби и со други претставници на Владата и политички лидери. Во Македонија е до 25 ти август. Заменикот помошник државен секретар Рикер ќе посети и други земји во регионот. Средбите со државниот врв Рикер ги започна од Охрид вчера каде со претседателот Иванов беа разменети мислења и информации за стратешките цели на Македонија - членството во Нато и ЕУ како највисоки приоритети, како и можноста за деблокада на интеграциските процеси.
„Како што знаете САД силно ја подржуваат интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО, што е и наша политика во однос на Македонија и на целиот регион за кој сум одговорен во Стејт Департментот. Очигледно Пристапниот Дијалог на високо ниво е добра можност да се продолжи со работа на реформите во важни области како владеење на правото, слобода на медиуми. Тоа се важни прашања кои ние сме ги дискутирале повеќе пати и ќе продолжиме да ги покренуваме. Реформскиот процес е добра можност и затоа го охрабруваме прогресот во таа насока“, рече Рикер.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5