Pussy Riot прогласени за виновни
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Судот во Москва денеска ги прогласи за виновни трите членки на панк групата Пуси Риот за хулиганство, мотивирано од верска омраза. Изречена им е казна затвор од по две години. Судијката Марина Сирова, истакна дека членките на групата го планирале испадот во црквата Христос Спасителот во Москва, искажале големо непочитување на општеството и го нарушиле јавниот ред и мир.