И покрај целата оваа ситуација со поскапувањата, ме чудат малите бројки на протестите. Дали постои граѓанин на Македонија кој ова не го засега? Дали можеби само ние 1.000 граѓани од Скопје немаме пари да си го платиме сметките или јас сум добила целосно погрешен впечаток дека ова всушност е проблем? Каде се сите кои се заглавени во кредити за да си ги платат секојдневните трошоци и да можат да си дозволат каков-таков достоинствен живот?, пишува Тамара Атанасоска, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.
Во вторникот на 14.08 својот револт кон скорешните поскапувања на работите кои живот значат, како струја, парно и бензин, го искажаа во Скопје едвај нешто повеќе од 1000 граѓани, и во Битола околу 2000.
Трендот на поскапување ќе продолжи. За скоро се најавува поскапување на лебот, а можеме слободно да очекуваме и поскапувања на другите продукти што би било следствено на поскапувањето на струјата и бензинот. Тоа не ни бега.
Топлификација присилно ќе ги празни џебовите на граѓаните кои не сакаат повеќе да ги користат нивните услуги. Ем ќе ви студи, ем ќе ви биде празен џебот. Немате избор. Зaшто им се може. Нема повеќе евтина струја. Едностано, нема алтернатива. Со тоа што нема да има повеќе евтина струја можеме да бидеме сигурни на плус во сметката дури и да се обидеме што помалку да ја користиме.
Регулаторната комисија не регулира ништо. Или регулира во нечија корист, сигурно не во корист на секој од нас, обичните граѓани. Државата, иако како да навидум нема ништо со ова, можеби ќе ве заинтересира фактот дека ќе го удвои приходот од данокот на додадена вредност, почнувајќи од овој месец, кога евтината струја ќе ја нема. Ние, никако да победиме. Плус имаме секогаш само во сметките, никогаш во платите.
И покрај целата оваа ситуација, ме чудат малите бројки на протестите. Дали постои граѓанин на Македонија кој ова не го засега? Дали можеби само ние 1.000 граѓани од Скопје немаме пари да си го платиме сметките или јас сум добила целосно погрешен впечаток дека ова всушност е проблем? Каде се сите кои се заглавени во кредити за да си ги платат секојдневните трошоци и да можат да си дозволат каков-таков достоинствен живот?
Протестот и искажувањето на вашиот револт е доказ дека се грижите за поколенијата кои ги оставате. До каде ќе одат цените? Како ќе се справат тие ако ние не направиме ништо?
Сепак, оние граѓани кои излегоа знаат дека ова нема да се реши само од себе. Закажан е протест повторно на 21.08. и планираат да трае секој вторник, додека барањата не се исполнат. Додека не се добие цврсто тло под нозете. Протестот е закажан во 18:00 часот.
Се закажуваат и протести во другите градови. Ако почнаа Скопје и Битола, ќе продолжат Куманово, Прилеп и Тетово.
Секој граѓанин може да оди и да придонесе за својата иднина. Да додаде плус барање, да одземе некое кое му се чини нелогично.
Некои од барањата кои граѓаните ги составија до сега се:
1. Да се укине ставката ангажирања моќност од 33%
2. Да се врати евтина дневна тарифа
3. Да се врати цената на струјата на ниво од 2008 година.
4. Да се запре со приватизација или докапитализација на целиот енергетски сектор кој е во сопственост на Република Македонија
6. Да се инвестира во одржливи извори на енергија (соларна и геотермална енергија, енергија на ветер и др.)
7. Итно да се повлече новиот правилник на Топлификација
8. Да се врати цената на парното на ниво од 2008 година.
9. Да се намалат цените на горивата во согласност со стандардот на живеење.
Сигурна сум дека можете да застанете позади секое од овие, и дека добро би ви дошло нивното исполнување.
На протестите во Скопје имаше жена во инвалидска количка и доста постари граѓани. Кој е твојот изговор?
Вие сте на ред.
Регулаторната комисија, не регулира ништо. Или регулира во нечија корист, сигурно не во корист на секој од нас, обичните граѓани. Државата иако како да навидум нема ништо со ова, можеби ќе ве заинтересира фактот дека ќе го удвои приходот од данокот на додадена вредност, почнувајќи од овој месец, кога ефтината струја ќе ја нема. Ние, никако да победиме. Плус имаме секогаш само во сметките, никогаш во платите.
Трендот на поскапување ќе продолжи. За скоро се најавува поскапување на лебот, а можеме слободно да очекуваме и поскапувања на другите продукти што би било следствено на поскапувањето на струјата и бензинот. Тоа не ни бега.
Топлификација присилно ќе ги празни џебовите на граѓаните кои не сакаат повеќе да ги користат нивните услуги. Ем ќе ви студи, ем ќе ви биде празен џебот. Немате избор. Зaшто им се може. Нема повеќе евтина струја. Едностано, нема алтернатива. Со тоа што нема да има повеќе евтина струја можеме да бидеме сигурни на плус во сметката дури и да се обидеме што помалку да ја користиме.
Регулаторната комисија не регулира ништо. Или регулира во нечија корист, сигурно не во корист на секој од нас, обичните граѓани. Државата, иако како да навидум нема ништо со ова, можеби ќе ве заинтересира фактот дека ќе го удвои приходот од данокот на додадена вредност, почнувајќи од овој месец, кога евтината струја ќе ја нема. Ние, никако да победиме. Плус имаме секогаш само во сметките, никогаш во платите.
И покрај целата оваа ситуација, ме чудат малите бројки на протестите. Дали постои граѓанин на Македонија кој ова не го засега? Дали можеби само ние 1.000 граѓани од Скопје немаме пари да си го платиме сметките или јас сум добила целосно погрешен впечаток дека ова всушност е проблем? Каде се сите кои се заглавени во кредити за да си ги платат секојдневните трошоци и да можат да си дозволат каков-таков достоинствен живот?
Протестот и искажувањето на вашиот револт е доказ дека се грижите за поколенијата кои ги оставате. До каде ќе одат цените? Како ќе се справат тие ако ние не направиме ништо?
На протестите во Скопје имаше жена во инвалидска количка, и доста постари граѓани. Кој е твојот изговор?