Еквадор му гарантира азил на основачот на Викиликс Џулијан Асанж. Асанж побара засолниште во амбасадата на Еквадор во Лондон. Од Министерството за надворешни работи на Велика Британија денеска изјавија дека давањето азил на Асанж „нема да смени ништо“ и дека Велика Британија има законска обврска да го екстрадира во Шведска.
Еквадор му гарантира азил на основачот на Викиликс Џулијан Асанж, изјави денеска на прес-конференција, еквадорскиот министер за надворешни работи Рикардо Патино. Тој рече дека неговата земја се одлучила да му додели азил на Асанж, затоа што се плашат за безбедноста и правата на основачот на Викиликс. Асанж побара засолниште во амбасадата на Еквадор во Лондон за да ја избегне екстрадиција во Шведска, каде се соочува во обвинувања за сексуални малтретирања.
„Владата на Еквадор, останувајќи верна на традицијата за заштита на оние кои бараат засолниште на нејзина територија или во нејзините дипломатски преставништва, одлучи да му додели дипломатски азил на Асанж.“
Патино вели дека Еквадор верува оти Асанж нема да добие фер судење и може да се соочи со политички прогон, односно може да биде жртва, поради неговата одлука да ја брани слободата на изразување.
Еквадорскиот министер за надворешни работи остро ги критикуваше и „заканите“ од Велика Британија, која се закани дека ќе го укине дипломатскиот имунитетот на амбасадата, ако Асанж не биде предаден.
Од Министерството за надворешни работи на Велика Британија денеска изјавија дека давањето азил на Асанж „нема да смени ништо“ и дека Велика Британија има законска обврска да го екстрадира во Шведска.
Британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хаг изјави дека Велика Британија нема да му даде на Асанж безбедно да замине надвор од земјата.
Хаг изјави дека одлуката на Еквадор да му даде азил на Асанж не треба да се користи како начин тој да го избегне судскиот процес.
Асанж вели дека обвиненијата против него се лажни и стравува дека ќе биде предаден на САД каде може да се соочи со обвиненија за шпионажа за објавувањето на илјадници американски дипломатски доверливи документи.
Шведска ги отфрла обвинувањата дека нема да обезбедат фер судење на Асанж.
За шведското Министерство за надворешни работи одлуката да му се даде азил на Асанж е неприфатлива.
Асанж, говорејќи во еквадорската амбасада во Лондон, рече дека одлуката на Еквадор е „значајна победа“ за него и за Викиликс.
Владата на Еквадор, останувајќи верна на традицијата за заштита на оние кои бараат засолниште на нејзина територија или во нејзините дипломатски преставништва, одлучи да му додели дипломатски азил на Асанж.Рикардо Патино, министер за надворешни работи на Еквадор.