На студии кој стигне, вработување - кој најде

Илустрација.

Во тек е уписот на факултети. Добро е што младите сакаат да студираат, но прашање е колку образовните политики се во хармонија со потребите на пазарот на труд, велат упатените.
Првиот уписен рок за државните и приватните универзитети е во тек, а и оваа година како изминатите се очекува најголем дел од средношколците да го продолжат своето образование. Добро е што нацијата сака да се стекне со високо образование, велат упатените, но прашање е колку образовните политики се во хармонија со потребите на пазарот на трудот.
Тоа значи дека не треба да само да се рекламираат факултетите. Најмалку треба да се рекламира, туку треба да се даде поддршка на соодветните институции, треба соодветно финансирање и помагање на студентите со стипендии.
Ненад Новковски, универзитетски професор и поранешен министер за образование.

Поранешниот министер за образование, професор Ненад Новковски вели дека постоењето на повеќе високо образовни институции е според трендовите во светот, но недостасува правилно насочување на студентите за подоцна тие да можат да се вработат.

Студенти.


„Тоа значи дека не треба да само да се рекламираат факултетите. Најмалку треба да се рекламира, туку треба да се даде поддршка на соодветните институции, треба соодветно финансирање и помагање на студентите со стипендии. Како за пример, ние имаме недостиг од професори по физика и не се дава ниту една стипендија за такви професори во средните училишта. Слична е ситуацијата и во многу други насоки.“
Очигледно е дека постои голема диспропорција во однос на понудата и потребите кои се во економијата. Со ред неколку години главниот вработувач е државата администрација.
Бајрам Положани, универзитетски професор и проректор на приватен универзитет.

Проректорот на еден од приватните универзитети, професор Бајрам Положани вели дека проблем е тоа што најголем дел од студентите се заинтересирани само за неколку насоки кои ги нудат факултетите, како правото или економијата.

„Очигледно е дека постои голема диспропорција во однос на понудата и потребите кои се во економијата. Со ред неколку години главниот вработувач е државата администрација. Државата е таа што нуди работа наместо реалниот сектор. Состојба која не знам колку долго може да издржи.“

Новковски додава дека ако се води правилна политика државата има капацитет да обезбеди работа за сите дипломирани студенти.

„Она што претставува високо образование, тоа го потикнува и развитокот на стопанството. Тоа значи дека ако не постојат одредени стопански дејности, тие понатаму ќе настанат. Многу повеќе фирми ќе се создадат и многу повеќе од надвор ќе дојдат. Не ни требаат вработувања за плата од 100 евра, ни требаат вработувања во просперитетни дејности, каде што ќе земат голема плата и кои што ќе влечат други вработувања.“

Вториот рок за пријавување на факултетите е на 1 и 2 септември, а третиот каде што ќе има слободни места е на 15 септември.