Оваа изјава на босанскиот министер за трговија Милорад Бахиљ предизвика бура реакции во земјата, не само за тоа во каква ситуација се граѓаните на Босна и Херцеговина, туку и за одговорноста на политичарите. Премиерот на федерацијата Нермин Никшиќ веќе ја најави можноста за негово сменување.
Министерот за трговија на Босна и Херцеговина Милорад Бахиљ предизвика големо негодување во јавноста по неговата изјава, која како што јавува доисникот на РСЕ од Сараево Џенана Халимовиќ, дадена во врска со покачувањето на цените на гасот, што се очекува да предизвика верижна реакција и врз цените на храната и услугите.
„Штедете. Штедете, немојте да јадете.“
По големите реакции на Фејсбук за неговата нечувствителна и неумесна изјава тој се обиде да го демнатира тоа со објаснување дека таа била извлечена од контекст. Премиерот Нермин Никшиќ оградувајќи се од министерот изјави:
„Непростливо е да се зборува за тоа дури и во шега.“
Сличен е ставот и на јавноста, која оценува дека Бахиљ покажал оти нема одговорност за граѓаните кои го избрале и оти во секоја држава тоа би значело крај на неговата политичка кариера.
„Таа изјава е без преседан, дури и во земјите со помалку демократија отколку во Босна и Херцеговина, ако такви се уште постојат, треба да значи моментална оставка“, вели Сенка Курт, од Радио Стари Град.
Таа потсетува на тоа дека сопругата и ќерката на министерот Бахиљ во минатата зима заглавиле во снегот во неговото службено возило на патот кон Мостар за што ги обвинил службите дека не си ја вршиле работата.
„Тоа што неговото семејство се возело во службен автомобил, за него не претставува прашање на одговорност“, вели Курт.
Други пак сметаат дека изјавата на Бахиљ е уште еден знак за арогантноста на министрите кои имаат плата од неколку илјади марки.
„Политичарите и новите политички елити увидоа дека што и да кажат и како и да се однесуваат спрема граѓаните кои ги избираат и кои ги плаќаат, нема да одговараат за тоа“, вели новинарот Алмир Пањета.
Тој додава дека политичарите знаат дека за нивната арогантност нема да бидат санкционирани и оти непречено ќе си си ги извршуваат своите функции. Но, има и такви како неговиот колега Зоран Ќатиќ, кој вели:
„Тоа е изјава која за мене повеќе зборува за она што самите си го дозволивме како обични граѓани, отколку за она колку тие се арогантни, бидејќи таа нивна арогантност не е ништо ново. Но, ништо нема да се смени ни со промена на власта. Тие треба да бидат плаќани според учинок, а бидејќи не работат ништо ќе немаат плата, па ќе молат да се симнат од власт.“

Таа изјава е без преседан, дури и во земјите со помалку демократија отколку во Босна и Херцеговина, ако такви се уште постојат, треба да значи моментална оставка.