Договорите не може да ги уредат односите меѓу луѓето

Што може тука да смени Рамковниот договор? Ништо. Граѓаните сами прашуваат и сами одговараат. Ниту политичарите, ниту документите не се тие што можат да ги уредат односите меѓу луѓето.
Колку е поголема дистанцата од потпишувањето на Рамковниот договор, сведени на секојдневие и реален живот граѓаните од различните етнички заедници се чувствуваат само изиграни од политичарите. Повеќе штета отколку корист од нив коментираат речиси едногласно и на нив упатуваат за одговор во чија кујна и од кои причини меѓуетничките односи во земјава се се уште лесно запаллива тема.
Врска нема овие што изјавуваат преку телевизија и соживотот. Го глеате овој дуќан, ја отповеќе работам со Македонци отколку со Албанци.
Анкетиран дуќанџија.

Дигитален приказ на плоштадот Скендер бег во скопската чаршија.

Сите заедно тонеме во сиромаштија, велат повеќето од нив подготвени да илустрират дека нивните преполни чаши само се прелеваат од една во друга тема. За дуќанџиите во старата скопска чаршија седнати пред излозите на своите прилепени еден до друг дуќани беспредметна е темата за мултиетничноста, зашто како што се обидуваат да објаснат вака како денес живеат со години и со децении. Ништо не е како на телевизија.....
Се пумпа бројот на етнички Албанци во државната администрација, а при тоа не им се даваат работни задачи, ниту пак одат на работа дел од нив. Со тоа се предизвикува гнев кај етничките Македонци, а би рекол и кај сите, затоа што некој седи дома и зема државна плата и секако тоа води кон нетрпеливост. Втората работа која вие со тоа ја постигнувате е дека се уште го кршите човековото право на граѓаните да добијат услуги од државната администрација на нивниот јазик од лице кое доаѓа од нивната заедница.
Џабир Дерала, невладина организација „Цивил“.

„Врска нема овие што изјавуваат преку телевизија и соживотот. Го глеате овој дуќан, ја отповеќе работам со Македонци отколку со Албанци.“

„Ништо политичарите не прават. Тука луѓето гледаат дека мора да живееме и со Македонците и со другите.“

Што можел тука да смени Рамковниот договор? Сами прашуваат и одговараат - ништо. Ниту политичарите, ниту документите не се тие што можат да ги уредат односите меѓу луѓето упатени едни на други секојдневно, велат повеќето од граѓаните. Од денешна перспектива сменети се само животите на тие кои добија дипломи и работни места преку ноќ и тие кои дојдоа од некаде и седнаа во безбедни фотелји, коментираат. Тие за нив не можат да бидат репер за нивната реалност во која ефектите се се повидливо катастрофални. Еден инцидент и со месеци старата скопска чаршија е празна, а дуќанџиите без работа и заработувачка.
Додека не држат меѓуетнички, додека мислат дека вака со струјата, економски, ние сме во колапс. И тука тие мора да измислат нешто.
Анкетиран граѓанин.

„Најлошото во старата чаршија е што секој инцидент со месеци трае. Сефте не може да се направи.“

И така по секое такво случување. Во државните институции, пак, се исполнува бројката. Така како што се обврзаа политичарите дека ќе ги помират разликите меѓу различните етноси во државата по принципот на процентите. Да тргнеме и од тој принцип, вели претседателот на невладината организација „Цивил“, Џабир Дерала. И тој денеска може да се гледа како фактор што само може да ја зголемува недовербата.

„Се пумпа бројот на етнички Албанци во државната администрација, а при тоа не им се даваат работни задачи, ниту пак одат на работа дел од нив. Со тоа се предизвикува гнев кај етничките Македонци, а би рекол и кај сите, затоа што некој седи дома и зема државна плата и секако тоа води кон нетрпеливост. Втората работа која вие со тоа ја постигнувате е дека се уште го кршите човековото право на граѓаните да добијат услуги од државната администрација на нивниот јазик од лице кое доаѓа од нивната заедница.“
Во суштина меѓуетничките односи меѓу граѓаните се добри, ако се симнеме во најнискиот слој на граѓанството и тн. Меѓуетничките односи се лоши онаму каде што големо влијание има политиката. Ако вие правите истражување после некој ексцес меѓуетнички и тн. После пишување на пароли, да речеме или после извикување пароли на натпревари и тн. тогаш се лоши меѓуетничките односи, ако вие го правите тоа во период кога нема такви нарушувања, тогаш меѓуетничките односи се подобрени.
Владо Димовски, Центар за меѓуетничка толеранција.

Ова само покажува, вели Дерала, дека политиката доби уште една алатка за пазарење и за партизација на општеството.

„Буквално ценкање на политичките маси, каде што тие добиваат поени и исто така позиции за свои блиски, за партиски кругови и за партизирање на целиот систем.“

Никој веќе не се сомнева дека меѓуетничките односи прераснуваат можеби едиствено во средство за манипулација, средство кое се наоѓа во неповолни прилики за партиските лидери и нивните водачи и дека тие се повеќе се наоѓаат под нивна контрола.

„Некои групи има сигурно, а ние како обични граѓани не ги знаеме тие работи, кој ги потпалува.“

„Тоа прашајте ја Владата, они ги запалуваат, не луѓето.“

„Додека не држат меѓуетнички, додека мислат дека вака со струјата, економски, ние сме во колапс. И тука тие мора да измислат нешто.“

Претседателот Ѓорге Иванов во посета на Старата чаршија.


„Во суштина меѓуетничките односи меѓу граѓаните се добри, ако се симнеме во најнискиот слој на граѓанството и тн. Меѓуетничките односи се лоши онаму каде што големо влијание има политиката. Ако вие правите истражување после некој ексцес меѓуетнички и тн. После пишување на пароли, да речеме или после извикување пароли на натпревари и тн. тогаш се лоши меѓуетничките односи, ако вие го правите тоа во период кога нема такви нарушувања, тогаш меѓуетничките односи се подобрени“, додава Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција.
Треба да се има консензус за сите прашања кои би биле чувствителни по културата, по верата на другата заедница, посебно помеѓу политичките елити во носење на значајни одлуки за слични проекти како да речеме Скопје 2014, енциклопедијата или слични проекти кои не беа прифатени од другите заедници. Менталитетот кај мнозинската заедница да се промени и да се прифати дека Македонија им припаѓа на Албанците исто толку колку што им припаѓа и на Македонците, но и на другите помали етнички заедници.

Артан Груби, ДУИ.

Оттука, според Димовски, треба внимателно да се разгледуваат податоците од истражувањата кои го покажуваат движењето на меѓуетничките односи во земјава. Резултатите кои по сеопфатната анализа минатата година ги објави МЦМС се интересни по тоа што покажуваат мал процент на луѓе кои овие односи ги покажуваат како непријателски само 9,4 отсто и најголем број како воздражни, над 30 отсто.

Анкетите на Центарот за меѓуетничка толеранција, пак, бележат влошување на меѓуетничките односи секоја година или барем држење на висок степен на неповолен резултат од околу 80 проценти. Зошто толкава разлика? Владо Димовски од оваа невладина организација појаснува дека мерило на нивните анализи се настаните кои имаат меѓуетнички предзнак, но дека далеку потешко е да се анализира соживотот на ниво на средина во која луѓето секојдневно се упатени еден на друг, бидејќи живеат еден до друг.

„Претежно зборувам за селските средини, онаму каде што луѓето се најблиски. Во градот можат и да бидат и да не бидат. Во една зграда може и да се знаат комшиите и не, но во селото се знаат сите. Комуникацијата не е на тоа ниво како што била, но ја има. Влијание конфликтот има и тоа доста големо, за прекинување на таа комуникација, но комуникацијата полека, полека се враќа.“

Настаните, пак, како што вели Димовски, се контролирани политички.
И после донесувањето на Рамковниот договор, иако е предвиден со тој договор механизам да не се надгласуваат помалите етнички заедници, се измислија некои пакет закони што треба да се гласаат со двојно мнозинство и така натаму и не функционира. Од друга страна, Комитетот за меѓуетнички односи до ден денеска не функционира, а најдобар пример за нефункционирање на овој консензус е проектот Скопје 2014.
Зијадин Села, ДПА.

Артан Груби беше учесник на немирите на скопското Кале кои избија околу изградбата на црква како претседател на невладината организација „Разбуди се“. Потоа се најде на кандидатската листа за пратеници на ДУИ. За него довербата меѓу заедниците денеска е значително зголемена како и правата на албанската заедница, но смета дека постојана пречка за унапредување на состојбите се, како што вели, се уште постоечките предрасуди кај македонската заедница и кај македонските политичари.

„Треба да се има консензус за сите прашања кои би биле чувствителни по културата, по верата на другата заедница, посебно помеѓу политичките елити во носење на значајни одлуки за слични проекти како да речеме Скопје 2014, енциклопедијата или слични проекти кои не беа прифатени од другите заедници. Менталитетот кај мнозинската заедница да се промени и да се прифати дека Македонија им припаѓа на Албанците исто толку колку што им припаѓа и на Македонците, но и на другите помали етнички заедници.“

Основниот проблем е, вели Зијадин Села од опозициската ДПА, тоа што Македонците и Албанците на договорот се уште гледаат различно. Македонците гледаат како на рамка која не смее да се надминува, а Албанците како на рамка која треба да се надоградува. Затоа, Рамковниот договор, создаден за да продуцира мир, веќе може да продуцира нешто друго, вели Села, чија партија во својата политичка платформа веќе ја има вградено идејата за нов политички договор меѓу Македонците и Албанците. Причината за тоа е, како што вели, константното надгласување на Албанците од страна на Македонците и покрај постоњето на механизмите на вето вклучени во Рамковниот договор.
Според мене апсолутното мнозинство во државата, зборувам и за Македонци, Албанци, Турци, но и за другите помали етнички заедници, апсолутно го имаат апсолвирано прашањето дека единствена иднина имаме ако имаме соживот во државата и ако Македонија ја градиме како мултиетничко општество.
Зоран Заев, СДСМ.

„И после донесувањето на Рамковниот договор, иако е предвиден со тој договор механизам да не се надгласуваат помалите етнички заедници, се измислија некои пакет закони што треба да се гласаат со двојно мнозинство и така натаму и не функционира. Од друга страна, Комитетот за меѓуетнички односи до ден денеска не функционира, а најдобар пример за нефункционирање на овој консензус е проектот Скопје 2014“, вели Села.

Тој аргументира дека власта може само да внесе нови неверици меѓу граѓаните. Тие пак, на соседско, меѓучовечко, вековно ниво, не функционираат и не комуницираат со помош на договори, вели тој.

„Соседите, пријателите не функционираат ни според Рамковен договор, ни според некој договор донесен пред некој век, јас мислам дека тие и ден денес не функционираат и не живеат едни со други според некој договор, си живеат затоа што се соседи или пријатели.“

Политичарите, пак, по патот на интересите. За првпат по дваесет години демократија, една партија на Албанците влезе во крајно неочекувана коалиција со опозицискиот блок македонски партии. Иако лидерот на ДПА Мехдух Тачи само неколку дена претходно рече дека ваква коалиција е невозможна, пред се поради се уште отворените прашања на Албанците во земјава.

Ваквиот политички потег е логичен след на настаните и на изградбата на демократијата во земјава во изминативе дваесет години и сигурно е дека ќе има позитивно влијание и врз меѓуетничкиот соживот во државата, вели Зоран Заев од раководството на СДСМ. Прашањето на соживотот, според него, во земјава е веќе апсолвирано од страна на етничките заедници и меѓуетничките односи можат да одат само во нагорен тренд.

„Според мене апсолутното мнозинство во државата, зборувам и за Македонци, Албанци, Турци, но и за другите помали етнички заедници, апсолутно го имаат апсолвирано прашањето дека единствена иднина имаме ако имаме соживот во државата и ако Македонија ја градиме како мултиетничко општество“, вели Заев.

Според него, инциденти може да се очекуваат и во иднина, но дека тие би биле ограничени само на поединци и групи и можат да бидат само политички инструирани, но не и да произлегуваат од општата сосотојба во земјата и да водат кон влошување на генералната состојба на планот на меѓуетничките односи.

Поголем проблем, според него, станува нетрпеливоста меѓу политичките припадници, но и меѓу поединците од иста етничка заедница. Уште поголем проблем според него се зголемените социјални и економски проблеми на граѓаните во земјава кои секогаш можат да продуцираат нетрпеливост на друг план.

Политичарите не се покажаа многу вешти во приближувањето на луѓето, а кој знае и дали тоа го сакаат, коментираат претставниците на граѓанскиот сектор. Дајте им можност на граѓаните на оваа земја да бидат моторот на промените, апелира невладината „Цивил“. Тие треба да бидат коректив и критика на политиките на политичките партии, тие треба да ги оттргнат чувствителните прашања од кои најчувствително е прашањето на меѓуетничките односи, од инситуционализираните дискриминаторски политики на властите и тие треба да побараат спроведување на законите за заштита на човековите права на секој поединец во оваа држава, посочува Џабир Дерала, претседател на „Цивил“.

„Тоа мораме да го побараме од оние што носат одлуки, да го спроведат законот и ништо повеќе, значи владеење на правото. Јас не гледам друго решение бидејќи сум крајно разочаран од тоа како се однесуваат политичките партии во поглед на една од суштинските, ако не и најсуштинска тема во ова општество држава, а тоа се меѓуетничките односи“, вели Дерала.

Само дијалогот може да води кон подобрување на меѓуетничките односи, додава Владо Димовски од невладината Центар за меѓуетничка толеранција“.

Старата скопска чаршија се уште се опоравува од штетатат која им ја нанесе последниот случај на меѓуетнички тензии кои ги создаде петкратнотот убиство кај Смиљковското Езеро што се случи пред околу три месеци. Летото е долго, топло и мирно, седат сите заедно чекајќи муштерии, во видлива апатија се , сиромаштијата ги погаѓа сите подеднакво. А и борбата за гласови која почнува да ги покажува првите заби и првите најави на неспокојствотот. Испишаните графити како „Илирида е на ред“ во Гостивар експертите ги протолкуваа како приближување на изборите. Ова не е ништо повеќе провокативно од навредливите пароли на фудбалските натпревари, одговорија политичарите Албанци. Меѓуетничките односи ќе бидат неизбежно ставени пред уште еден тест, а пролетта е далеку.