Има аналитичари кои се убедени дека „омекнатиот“ Филе од Брисел начул дека треба да се случат значителни помрднувања во односите Скопје-Атина и оттаму не би сакал некому да пречи со инсистирањето на реформите во земјава, дури и на штета на демократските процеси, пишува Глобус.
Фокус - Не сме ненормални, само се правиме на удрени!
Анкетата на Евробарометар за мошне задоволните македонски граѓани не го смирила неделниот Фокус, па во уводникот е напишано: „Не сме ненормални, само се правиме на удрени!“. По одвратните клеветења на Економист, кој напиша дека сме биле шампиони во мизеријата и она на Си-Ен-Ен дека сме меѓу петте најлоши економии, се појави истражувањето на Евробарометар низ кое Македонецот си викна и провикна, цел свет да го чуе лезетот што си го има од живеачката во најубавата од сите убави земји на планетава. Две третини Европјани можат да ни плукнат под прозорец, продолжува. Не сме во таа нивна килава Унија, а сепак сме позадоволни од живеачката што си ја живееме. Тоа не е нормално? - прашува уводничарот, за да заклучи: Да, но само за оние што сè уште не сфатиле дека задоволството и оптимизмот се прашање на патриотизам. Зар бадијала фрливме толкави пари за „Кажи нешто добро за Македонија?!“ Макар и лажно. За инает, де, на душманите!
Граѓански - Ни треба ’востание‘ против самоуништувањето
Во двобројот, Граѓански на повеќемина интелектуалци и умни глави им поставува интересно прашање, се разбира, во метафорична смисла: Какво востание денес и е потребно на Македонија? Спас од митовите, одговара еден, востание на визија, волја и ум, забележува друг, владите да ги тргнат рацете од инволвирање во бизнисот, ќе рече трет. Насловната го има исказот: „Ни треба ’востание‘ против самоуништувањето“, за авторот, покрај другото да забележи дека стравот дека интеграцијата во ЕУ ќе нè натера да ги промениме матрицата на однесување и институционалната ефикасност предупредува дека некому му одговара ваква Македонија - егзистенцијално зависна од државата како најголем работодавач, со ниска продуктивност, низок стандард, со висока корупција и висок степен на невработеност и сиромаштија и највисок процент на поделеност по сите линии, заклучува Граѓански.
Глобус - Името ќе се решава, Филе чека подготвен со поканата зад вратата?!
Глобус е заинтригиран со проблемот околу името, па насловува: „Името ќе се решава, Филе чека подготвен со поканата зад вратата?!“. Има аналитичари, пишува неделникот, кои се убедени дека „омекнатиот“ Филе од Брисел начул дека треба да се случат значителни помрднувања во односите Скопје-Атина и оттаму не би сакал некому да пречи со инсистирањето на реформите во земјава, дури и на штета на демократските процеси. За раздвиженоста и на Вашингтон, авторот прашува дали Американците посилно ја виткаат раката на своите пријатели Македонија и Грција за тие да го решат спорот и притоа, веројатно, таа задача ја оставаат токму за оваа екипа на Груевски, за да си ја одработи, пред да падне рејтингот на премиерот на пониско и тој едноставно да се обидува да излезе од „шемата“ на одлучувањето?
Капитал - Белата чума ја коси Македонија: Над 230 илјади македонски граѓани иселени за 15 години
„Белата чума ја коси Македонија: Над 230 илјади македонски граѓани иселени за 15 години“, објавува на насловната Капитал, за потоа да објави дека бројката веројатно е поголема зашто голем број граѓани се иселени на црно. Станува збор главно за млади и образовани луѓе, а според анализата на неделникот, желбата за враќање назад на повеќето од нив е мала или никаква.
По одвратните клеветења на Економист, кој напиша дека сме биле шампиони во мизеријата и она на Си-Ен-Ен дека сме меѓу петте најлоши економии, се појави истражувањето на Евробарометар низ кое Македонецот си викна и провикна, цел свет да го чуе лезетот што си го има од живеачката во најубавата од сите убави земји на планетава. Две третини Европјани можат да ни плукнат под прозорец.Фокус.