Најбогатите кријат најмногу пари

Дупките во даночната регулатива им дозволи на мала елита супербогати во светот да сокријат над дваесет милијарди долари во странските банки. Ова се проценките во најновото истражување во кое се додава дека станува збор за сума која е поголема од бруто домашните производи на Соединетите држави и на Јапонија заедно.
Истражувањето било нарачано од Мрежата за даночна правда, независна организација покрената од британскиот парламент за промоција на реформите. Авторот на истражувањето Џејмс Хенри во интервју за Радио Слободна Европа вели дека станува збор за проценка на она што успеваат да го сокријат богатите.

„Па, тоа е како да ја проценувате големината на некоја црна дупка. Не постојат статистички податоци јавно објавни за обемот на овој сектор, но јас сум уверен дека кон крајот на 2010 година таа сума била меѓу 21 до 32 милијарди долари.“

Хенри додава дека станува збор за богатство на индивидуалци кое го имаат во банки надвор од земјите каде што живеат и работат.

„Ние мислиме дека само 10 отсто од нив плаќаат даноци. Поранешниот британски министер Денис Хејли еднаш изјави дека разликата меѓу затајување и избегнување данок е во ширината на затворскиот ѕид“, вели Џејмс Хенри.
Ние мислиме дека само 10 насто од нив плаќаат даноци. Поранешниот британски министер Денис Хејли еднаш изјави дека разликата меѓу затајување и избегнување данок е во ширината на затворскиот ѕид.
Тој наведува дека тешко е за верување оти некој например богат Мексиканец кој има пари во американска банка ќе им каже на мексиканските власти за тоа.

„Сепак оставаме можност 10 од нив и да се пријавуваат“, вели Хенри, додавајќи:

Милијардерот Карлос Слим.


„Русија е голем извор на одлив на капитал. Притоа не ви требаат бројки. Доволно е да го свртите Лондон и да видите кои се регистрирани тука, а не плаќаат даноци во Британија. Ние не знаеме дали то го прават и во Русија. Слично е и со Кинезите.“

Според Џејмс Хенри, околу 10 милиони луѓе поседуваат околу една третина од светското финансиско богатство.

Тие, како што додава, се многу конзервативни во врска со нивното сокриено богатство и љубоморно го чуваат во приватни банки, што пак придонесува државите да губат големи пари, кои можат да се искористат во социјалната сфера.

Во врска со тоа што владите би можело да преземат, за да се справат со ваквата ситуација тој вели:

„Една од работите што ја предлагаме, а мислам дека американското министерство за финансии ја презема, иако станува збор за контроверзна мерка, е усвојување регулатива со која од странските банки ќе се бара да известат за депозитите на американските инвеститори кај нив. Но, тоа ќе има и обратен ефект. Замислете, мексиканските власти да ја побараат истата работа од американските банки“, вели Џејмс Хенри, кој цитирајќи ја изјавата на Винстон Черчил дека Американците на крајот ќе ја направат вистинската работа, но откако ќе ги искористат сите други можности, очекува и оваа дилема наскоро да биде решена.