Сива економија за свет низ розови очила

Непријавени работници на секој чекор, а и оние што се пријавени, легално добиваат минималец, а остатокот од платата го земаат на рака.
Неплаќањето данок, избегнувањето да се пријави заработувачка и непријавување на вработени создава нелојалната конкуренција за легалниот бизнис. Според последните податоци, сивата економија зафаќа речиси една третина од бруто домашниот производ, односно тоа се пари што никој и никаде не ги евидентира, а се вртат во македонскиот бизнис.
Велат, јас сум газда, ако ти се свиѓа работи, ако не ти се свиѓа, здравје, ќе дојде друг, таков дојде системот.
Анкетиран граѓанин.

И покрај сите законски промени во економската сфера и казните кои се воведени во системот против оваа појава, сивата економија никако да исчезне или драстично да се намали во просек со што би престанала да влијае негативно врз легалниот бизнис.

Од една страна се непријавените „диви“ дејности и ситни услуги кои никаде не се евидентираат а од друга страна се нелегалните бизниси во легалните компании, односно фирми каде што вработените се пријавени на најниска плата, а остатокот го добиваат во плик на рака, потоа ситуации во кои дел од продажбата се фактурира, а останатиот се плаќа во кеш.
Според мене, излезот би бил во намалување на придонесите и другите јавни давачки со што и оние кои работат на тој начин би биле сосема демотивирани да не го пријават својот работен ангажман што го имаат на тој начин. Помалите давачки, помалите придонеси се она што би значело и намалување на сивата економија.
Зоран Ивановски, универзитетски професор.

Лошата економска состојба на работниците и желбата за брза моментална заработувачка ги тера луѓето да прифаќаат услови за работа на „сиво“.

„Велат, јас сум газда, ако ти се свиѓа работи, ако не ти се свиѓа, здравје, ќе дојде друг, таков дојде системот.“

„Платите се толку мали што секој гледа што повеќе да има. За понатаму не размислува, дали треба или не треба, дали ќе дочека пензија или не дочекува пензија.“

„Се нафаќаш да работиш за помалку пари, даваш да те експлоатираат, тоа е тоа“, велат анкетираните граѓани.

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристoвски вели дека во изминатиов период е задоволен од зголемувањето на пријавите на работниците за неплаќање на придoнесите, но, од друга страна, тој е незадоволен од односот на работодавците.

„Не сум задоволен од односот на работодавците, иако најавивме дека сериозно ќе ги санкционираме, тие сè уште ангажираат работници на „црно“, помал е процентот да, тоа го покажуваат бројките според инспекторските надзори, но мислам дека треба посериозно да го сфатат тој проблем, затоа што тоа е цел систем врз кој влијаат.“

Според податоците на синдикатите, околу 150 илјади луѓе работат надвор од законот. Неодамна Си-Ен-Ен објави дека Македонија е една од петте најлоши економии во светот поради континуитетот на големата стапка на невработеност од 30 проценти, но напоменува дека во официјалната статистика не влегува таканаречениот „сив пазар“ кој опфаќа значителен дел од економската активност во земјата.

Професор Зоран Ивановски вели дека кога има слаба понуда на работни места, кога јавните давачки и административните давачки се високи, а дополнително и ризикот за успех на бизнисот е голем, лесно е граѓаните да прифатат работа или да стартуваат бизнис надвор од законот.

„Според мене, излезот би бил во намалување на придонесите и другите јавни давачки со што и оние кои работат на тој начин би биле сосема демотивирани да не го пријават својот работен ангажман што го имаат на тој начин. Помалите давачки, помалите придонеси се она што би значело и намалување на сивата економија“, вели Ивановски.

Аналитичарите велат дека во услови кога една третина од работоспособното население е без работа, друга третина живее во сиромаштија, системот толерира работа на „црно“ за социјален мир и не е ни чудо што сивата економија има висок процент во целокупното економско живеење во земјава.