Поскапата струја носи нови навики

И варењето кафе ќе стане луксуз.

По поскапувањето на струјата, граѓаните велат дека отсега ќе јадат ручек зготвен претходната вечер или помалку ќе готват и ќе перат ноќе.
Струјата поскапе за 10 отсто, а денската евтина тарифа е укината. Извесен период новите тарифи нема да важат за сите граѓани затоа што дел од граѓаните што живеат во куќи и се уште имаат стари броила кои треба рачно да се подесат, извесен период ќе поминат полесно, односно за нив новата цена ќе важи откако ќе добијат нови дигитални саати.
Во зима ќе си земеш шишиња со топла вода, или ќе се свиткаш со две, три кебиња или повеќе џемпери.
Анкетиран граѓанин.

Доколку се направи пресметка ќе излезе дека со укинувањето на евтината тарифа во тие три часа струјата ќе поскапи за 130 отсто или земено во просек во текот на целиот ден, наместо 10 отсто поскапа, граѓаните ќе треба да плаќаат околу 25 отсто поскапа струја. Граѓаните веќе се подготвуваат за промена на нивните животни навики со цел да заштедат на сметките кои следниот месец треба да стигнат. Дел од нив велат дека отсега ќе јадат ручек зготвен претходната вечер, или пак помалку ќе готват, помалку ќе перат алишта.
Па и досега не штедев што да правам, не можам да штедам од фрижидерот или од телевизорот, нели или од климата или од печката за греење, што ќе седиме во ладно или темно?
Анкетиран граѓанин.

„Во зима ќе си земеш шишиња со топла вода, или ќе се свиткаш со две, три кебиња или повеќе џемпери.“

„Многу да не уклучуваме машина за перење, помалку ќе го користам еркондишнот, мора да заштедам, може помалку да готвиме но не може помалку да се бањаме на оваа вруќина.“

„Јас во село живеам, со дрва, со гранки со такви работи, никако струја не користиме не можеме да платиме.“

„Ќе се грееме на дрва и ќе користиме повеќе плин, друг начин нема.“

Дел од граѓаните велат дека не можат да штедат и дека и понатаму ќе продолжат да се водат според старите навики, а кога ќе дојде сметката тогаш ќе му ја мислат.

„Ние не можеме да ги платиме, а камо па да штедиме.“

„Па и досега не штедев што да правам, не можам да штедам од фрижидерот или од телевизорот, нели или од климата или од печката за греење, што ќе седиме во ладно или темно?“

„ Не знам, јас сум со две мали деца и не знам како ќе излезам на крај.“

Од друга страна, пак, преку социјалните мрежи се формира иницијатива за организирање на протест против новите поскапување. Се очекува првиот протест да биде организиран следната недела. На првиот состанок се собрале 50-тина луѓе кои започнале да формираат стратегија кога и колку денови ќе протестираат против новонастаната ситуација. Но надвор од социјалните мрежи, граѓаните кои ги прашавме дали ќе искочат на протест за да го изразат своето незадоволство велат дека не се убедени оти тоа ќе ги смени работите.

„Па не знам колку може со тоа да постигнеме нешто.“

„Ќе излеземе, зашто да не.“

„Што ќе искочам на протест, се е џабе.“

„Како да дојдам од Струмица за протест, тоа се плус 500 денари за трошоци.“

На социјалните мрежи може да се прочитаат многу шеги за тоа како граѓаните треба да се справат со поскапувањето, некои од нив се и креативни како на пример „Кој рано рани, нека не пушта светло дома“ или „од сега ќе го полнам мобиниот телефон кај комшијата“ „Ќе го качам Понито на некој статив и баба ќе врти цел ден. И онака нема работа. Па нека поскапуваат струја колку сакаат“.

Но покрај овие шеги, граѓаните велат дека тешко ќе се справат со поскапувањето кое не е само 10 проценти како што беше најавено.