Битолскиот историчар Александар Литовски смета дека рехабилитацијата на Тодор Александров е повампирување на врховизмот во Македонија.
Битолскиот историчар Александар Литовски предупредува дека во Македонија повампирува неоврховизмот. Тој вели дека македонизмот како национална идеологија е загрозен од внатре зашто се намножија домашните врховисти. За тоа посочува повеќе примери, како објавување на книги во кои се рехабилитира Тодор Александров, за кој вели дека бил нарачател на убиството на Ѓорче Петров, поставување на неговиот споменик во Скопје, низ Битола осамнуваат пароли во кои се величи Александров, а бугарска делегација придружена од Македонци со бугарски пасоши пред две недели го славеа Илинден во Смилево.
„Во време кога имаме инфлација од патриотизам, во време кога на сите страни сите се прават патриоти, а во стварност продаваат лажен патриотизам, македонизмот како национална појава е загрозен од внатре. Не само од надвор, надворешните непријатели ги знаеме, проблемот е што сега се накотија домашните врховисти. Врховизмот е македонска појава во туѓи интереси. Сметам дека некои работи како ревизионизам во историографијата одат во интерес на туѓи држави, а не во интерес на Македонија“, вели Литовски.
Тој деновиве ја објави книгата „Одбрана на Македонизмот“ во кој напиша пофални слова за истакнати македонски револуционерни дејци кои биле противници на врховизмот. Меѓу нив и Ѓорче Петров, духовниот водач на македонската револуционерна борба. Ова е и одговор, како што вели Литовски, на книга која беше објавена минатата година, чии рецензенти беа поранешен премиер на Македонија и носител на директорска функција во една од највисоките државни институции, а во која било оцрнето делото на Петров.
„Книгата кај нас што е печатена оди на линија на рехабилитација на Тодор Александров. Ако го рехабилитирате него, треба да го оцрните Ѓорче Петров зашто Александров бил нарачател на неговото убиство. Антимакедонци се претставуваат како големи македонисти, а не се, беа борци за Бугарија или други држави. Најчесто ова е препишување на бугарски ставови од бугарски книги. Дури и кога беше жив Ѓорче Петров, Бугарите на ист начин го оцрнуваа. И сега дојдовме ние во Македонија да се печатат книги со истите зборови од пред сто години против Петров. Мислам дека е апсурдно“, додава Литовски.
Во време кога имаме инфлација од патриотизам, во време кога на сите страни сите се прават патриоти, а во стварност продаваат лажен патриотизам, македонизмот како национална појава е загрозен од внатре. Не само од надвор, надворешните непријатели ги знаеме, проблемот е што сега се накотија домашните врховисти. Врховизмот е македонска појава во туѓи интереси. Сметам дека некои работи како ревизионизам во историографијата одат во интерес на туѓи држави, а не во интерес на Македонија.Александар Литовски, историчар.