Грчките државјани се снабдуваат дури и со грав од пограничните битолски села. Според пресметските на земјоделците, од таму за Грција годишно се извезуваат по шест тони македонски грав.
Освен што грчките државјани купуваат зеленчук и овошје на битолскиот пазар, тие се снабдуваат дури и со грав од пограничните битолски села Велушина, Острец и Кишава. Според пресметските на земјоделците, од таму за Грција годишно се извезуваат по шест тони македонски грав.
Пример за тоа е и земјоделецот Фикри Кулафи од село Велушина, еден од најголемите произведувачи во битолско, кој на купувачите од Грција годишно им продава по два тона грав. Тоа е над 30 проценти од количините грав што на годишно ниво се пласира за Грција од битолскиот пограничен регион.
„Муштерии имаме и од Грција и на големо го давам, муштерии имам од дома што земаат. Грците ги бендисува гравот се враќаат повторно да купат, ќе ми се јават на телефон и доаѓаат купуваат директно од кај мене дома одденаш по 50, 60 килограми. Половина од моето производство заминува за Грција. Ако не се тие нема потрошувачка и 100 денари да го дадам нема да се продаде“, вели Кулафи.
Од другата страна на границата успева друга сорта на грав, двојно поголем од нашиот. Но, очигледно не повкусен, велат земјоделците зашто купувачите од соседството барааат килограм повеќе македонски грав.
„Имаме пробано и семе од Грција кое ни го нудеа за да го садите. Но, не успеава. Тој е покрупен од нашиот, но не и повкусен“, додава Кулафи.
Освен грав грчките државјани од пограничните села купуваат и домати, пиперки, краставици, кромид, јајца, мед, мисирски, гаски. Со економската криза кај јужниот сосед во последно време порасна и бројот на угостители од Северна Грција кои поради поевтините цени прехрамбените продукти за рестораните ги набавуваат во битолско. Оденанш купуваат по 20 и повеќе килограми храна поради што не ретко имаат проблеми со царинските служби на грчката граница.
Муштерии имаме и од Грција и на големо го давам, муштерии имам од дома што земаат. Грците ги бендисува гравот се враќаат повторно да купат, ќе ми се јават на телефон и доаѓаат купуваат директно од кај мене дома одденаш по 50, 60 килограми. Половина од моето производство заминува за Грција.Фикри Кулафи, земјоделец од село Велушина, битолско.