Достапни линкови

Пак ќе затруби воз од Битола за Грција


Железничка станица Битола.
Железничка станица Битола.

Министерството за транспорт и врски даде уште едно ветување дека наскоро ќе започне реконструкцијата на железничката пруга од Битола кон Грција. Досега во неколку наврати беше најавувано осовременување на оваа делница, но работите на терен се одложуваа за подоцна.

Министерството за транспорт и врски даде уште едно ветување дека наскоро ќе започне реконструкцијата на железничката пруга од Битола кон Грција. Овој пат прогнозите се дека реконструкцијата ќе се изведува идната година, со пари од европските фондови. Досега во неколку наврати беше најавувано осовременување на оваа делница, но работите на терен се одложуваа за подоцна.
Очекуваме до крајот на оваа година да биде распишан повик за избор на градежна компанија, а во првата половина од идната година да се склучи договор со компанијата за реконструкцијата.
Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.

„Во првата половина од следната година, согласно проекциите, треба да започне реконструкцијата. Тоа се средства од ИПА фондовите. Очекуваме до крајот на оваа година да биде распишан повик за избор на градежна компанија, а во првата половина од идната година да се склучи договор со компанијата за реконструкцијата. Во зависност од тоа колку ќе понудат градежните компании од тоа ќе зависи финалната сума за проектот“, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Железничка станица Битола.
Железничка станица Битола.

Во проектот за обнова на оваа железничка делница предвиден е и крак за индустриската зона Жабени, со што превозот на стоките до Солунското пристаниште ќе поевтини за 30 отсто.

„Во средината на 2012 година се завршува проектната документација за реконструкција на пругата која ќе биде поврзана со Жабени. Уште пред неколку години кажувавме дека ние сметаме на соработка со соседна Грција, со Солунското пристаниште и дека ќе направиме се да ги подобриме условите за инвестиции. Знаеме дека железничкиот превоз е поевтин од камионскиот, а тоа ќе биде реалност“, вели битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Железничката пруга е надвор од употреба 26 години, а некогаш беше составен дел од меѓународната линија Велес - Битола - Лерин - Солун. Во изминатите две и пол децении делницата беше нафункционална поради заладените односи со Грција. Кракот кој сега ќе се реконструира е долг 20 километри, а пругата од грчка страна е модернизирана.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG